Колку пати ви цицаат бебињата на 8 месеци од прилика? Ако кратите подои, што давате наместо цицање, пример од жед? Изгледа некаде грешам. Бебе почна многу да ми избегнува храна. Ги става рачињата пред него и се врти со главата, лажичка не дава во уста да ставиш. Едвај нешто го занимавам па ќе пикнам нешто колку да воведам. Вечера не ни помислувам да давам, кога почна и ручекот што го јадеше веќе да не го јаде. Кој што прави, само фрлам. А цица некаде 7-8 пати во денот. Денес пак ми поврати, само некако не поврати храна, туку проѕирен слуз. И така 3-4 пати. Не знам што правам веќе искрено.
Нудам се, и вода и чај и сок и ад, прифаќа само цице За јадење, иста приказна, по оброк ако изеде половина мала тегличка супер е
Мојов е 7м и вака ни изгледа денот одрликика: Станување околу 6:30 и цицање. Прва дремка во 9. Кога ќе се разбуди доручек (некогаш и плус доење) Втора дремка околу 12:30. Кога ќе се разбуди доење. Ручек околу 15 часот. Трета дремка 16 часот. Кога ќе се разбуди доење. Си легнува околу 19:30. Некогаш знам и пред легнување уште една тура доење да го ‘почастам’. Ова со цел да е најаден и помалку да се буди навечер ( околу 2-3 пати навечер ми станува и со цице го смирувам). Ние вака си фативме некој ред, не знам колку е правилно.
И мојава исто 3 пати јаде убаво количински, плус кифличка или бисквитче ко ќе јаде некој од нас (одма џвака ако не види) и пак само бара цице. Мислам дека е од што не пијат доволно вода, од жед цицаат. Мојава секако пробав и неколку шишиња сменав и од чаша и со лажичка, никако не сака вода. Интересно ќе е сега на работа ко ќе почнам.
@Alexandrite пробај парченца дали ќе прифати. Првото дете така на иста возраст почна кашички да одбива, само цицаше и од педијатар тој совет го добив. Испадна дека не сака блендирано/пласирано, сакаше сам да си јаде сецкано на ситно. Меко овошје, варен зеленчук му давав, месо ептен ситно, лепче, мафини, палента во калапи, итн.
Исто и мојот дечко... си јаде машала ама и си цица цел тањир и за појадок и за ручек и пак цице сака не мерам количински колку грама е ама реално секој пат му е полн тањирот и си го јаде до крај а потоа за брзо сака цице
Еве мојот пие вода и пак бара цице дневно околу 120 мл вода пие. Не знам дали е многу или малку? 3 оброци има и успат некоја смокичка Лино а кога гледа лепче нема шанси да не кенка за да добие малку
На поминување сум Малиот гори од температура цел ден, а од 17:30ч има 38.8 и ништо подолу. Се пробав и туширање и далерон и алкохол, не бива и не бива. Седев на балкон еве сега пред спиење и успеав да го изладам до 37.5 и заспа. Кога заспа видов дека поминаа 4 часа за да дадам блокмакс и тука имаше ред плачки ред мрсули оти нели не смеам да пикнам во уста сируп па среќа продолжи да спие. Ова ќе е долга сабота
Пробав, му дадов во уста мевце. Фаци правеше и како да сакаше да поврати. Чинијата ја оставив, со испасирана храна, со рацете измачка и не пикна ништо во уста. Од друга страна, минатиот викенд бевме излезени, јадев сендвич, не очекував, ми го зграба за да проба. Да пробам ако не утре на коцки да исечам варено овошје, ама од друга страна па киноата како ќе ми ја јаде?