Цица на од прилика 3 саати, некогаш и почесто. 6-7 пати дневно, навечер ретко. После оброк пак е гладна и цица, гледам да не давам ама саат ипол максимум издржува. За од жед нудам вода ама жедта само цице ја згаснува
Мајки здраво. Моето бебе е машко и е 9 и пол месеци. Има околу 10кг. Знае да се врти на страните, од на меше знае да се врати пак на грб. Ама кога е на меше главчето го пика во перници, а со газето се крева и со нозете турка. Можеби се обидува за лазење ама никако да му текни дека треба и рачињата да ги употреби. Еве сега видов 2 дечиња, едното поголемо 2 дена, другото помало еден ден од него, стојат сами самостално. Значи детето само станало и само стои. Ме загрижува моето што сеуште не знае ни главата убаво да ја крени. Во дубаче се вози, знае да го управува, знае каде сака да оди. Почнува да иди кога ќе му речам дојди, знае да отвори уста кога ќе му речам на. Ме интересира кога вашите деца почнаа со тој процес лазење, дали треба да побарам помош? Како да му помогнам?
Имавме температура, ни течеше носот, сега искашлуваме шлајм... Кренавме 38.8 (употребивме две чепчиња ) Дали да давам некое сирупче сега за кашлицата? Не е константна ...туку така, кога ќе собере за искашлување
Тргни го дубакот. Повеќе време да поминува на под за да вежба. Стимулирај го со омилените играчки/предмети да се обиде да ги дофати.
И јас истото ќе те посоветувам. На под стави го. Најди нешто што го интересира, а му е забрането. Да го стимулираш да дојде до него. Играчки кога редев, не го занимаше, кутијата со шишиња, пелени, марамици, душа дава да ја фати. Јас прво на кревет почнав, затоа што кога се обидуваше да лази, главата ја фрлаше лево десно и ја трескаше, после почнав кратко на под, го слушав како туп со главата прави, па сега го оставам скоро цел саат, не си ја чука веќе. Се му расфрлам на земја, на секаде има играчки, и си лази, фаќа една играчка, па друга, итн. Купив и ограда, со меки коцки доле, ама не е тоа тоа. Таму само си играме со играчки седнати. Самиот под ќе го натера да прави нешто. А ќе се лути и ќе плаче, ама ќе изиграваш кловн, ќе наоѓаш нешто да се занимава.
Мамички што чајче им давате на децата? Не сака да пие вода, веќе не цица и не сака никакво млеко и пие само сок од јаболко на вива што се демек без концентрат. Природно цедени не сака воопшто. Сакам да пробам со чајче да не пие само сок.
И мојава никако не ја засака водата. На секој начин пробав и јас. Искрено се чудам како понатаму би пиела млеко. Кога ќе треба да се одбиеме. Ништо не пие друго. Ни сокчиња не сака. Ништо освен цицање.
Јас пак. Бебево скроз ми се одби од цврста храна. Не ми е јасно што се случи. Си цицаше и си јадеше по 2 оброка. Сега само цица, како новороденче. Пробав со блендирано и течно, не сака. Пасирано, не сака. На парчиња, не сака. Само да се храни со раце, не сака. Наместо во хранилка, седнавме на под, не сака. Бананата што му беше највкусна и таа не ја сака веќе. Зошто вака прави, смачено ми е да готвам и само да гледам како ми одбива. Вришти, вика, се врти, ја држи цврсто устата, нема шанси лажиче да се протне.
Заби или вирус . Мојот јадач со три оброка и две ужинки на 9 месеци престана да јаде. Наеднаш му излегоа две запчиња. Па пак се врати на нормала за два три дена. Еве го сега со сипаница, на уста на јазик секаде има и јаде. Докторката ми вели да не се грижам ако не јаде, дека не му е ништо и да е само на доење. Важно било течности да прима . А да пробаш нешто ладно да му ставиш во тие силиконските да шмука?
Моево е помало, 6+++, од прв ден супер ни тргна, сам ми ја земаше лажицата да јаде, плачеше за храната ако му ја тргнев, се тегнеше од нашата да јаде, за две недели воведовме оброк, вода си пиеше од чаша без проблем и наеднаш престана. Цела недела не отвара уста, лажица не приближува, ја фрла, ни чашата за вода не ја сака. Ништо не става во уста, ни глодалките, ни играчките, ни далинското, само прстот и чорапите ги јаде. Цица бетер од новороденче, на секој саат е обесен на цицка. Не му правам јадење веќе. Му давам во раце банана (исто многу ја сакаше). Кога ќе ја пикне во уста сам, ќе почнам пак. И јас мислам дека се заби кај моево. Пробав со силиконските за да шмука ладна банана, ни тоа не сака. Претходно (додека сакаше да јаде) кога ручавме му ставав во тоа за да се занимава додека јадеме ние, леташе од радост пак дека јаде.
се Исто и моето, ако јадеме ние мора и тој да проба, од истото да е, многу е лакомче. Дури и чаша со кока кола ја тегне да проба
Заби, вирус, скок. Тие се причините најчесто мислам Еци, пеци, пец. Види непца, апликација, и дали се понаша ко вирусче да има фатено.
Кога повраќа проѕирен слуз значи желудникот е празен и пази да не ти дехидрира, моето 2 пати така на инфузија заврши у п.м....животот ми се скрати со повраќањава
Секое бебе не мора да лази мила, моето е 10,5м па лази само наназад а може и да не лазат зависи од детето и не се оптеретувај
Инаку и ние сме во скок како ве читам си го препознав бебо, ништо не сака да јаде дури ни млеко не сака ако изеде со сила ќе.го поврати само на чај сме 2 дена претежно и гледам денес 2 горни единичиња излегле