За дома не му ставај чевлички затоа што не се препорачува и тоа дали биле високи или ниски немало врска од ортопед совет ми е, а за надвор ќе си му ставиш секако босо не може да е, но немам искуство со кои сакав само со совет околу тоа да се вмешам.
Иде лето боси ќе бидат секако, едино навечер ако залади чорапчиња. За проодување прво да се измери стапалото зашто тешко се наоѓаат бројчиња, а најубава обувка е патика која лесно се витка. Чевлички, папучи и чизми не се препорачуваат додека не прооди убаво и стабилно.
И ние имавме температура. Исто така лади се си вода, со ракија растворена натопено чорапче, компир сечи-реди... на крај дадов и чепче Другиот ден се растекоа мрсулите, температурата падна За од вчера ете да искашлува шлајм. Дали беше некоја вирусна инфекција? Дали настинка е? Дали од забите? Стварно незнам НО ГО ЧЕШКА УВОТО! Е тука веќе се исплашив. Читам еве чешање на уво кај бебе во 4ч од сабалје на гугл од мака и открив дека можно е воспаление на уво. Ама па не се чеша константно. Навечер само. Потоа читав дека е можно од зАбите Незнам што да мислам А дојдовме на село на поседок два дена, и шти дека дојдовме неможам мирно да седам. А овде нема никакви медицински помагања, освен да посегнам на природна база некој работи читав исто
Еве и ова вчера го пишав,но немав одговор. А сега се јави и тоа со ушите. Се чешаше до сега со ракавот со раката цела. Сега му помина мирно спие. Му го измачкав со тупфер надворешно ушната школка сега со ракија
Иванка овие ми ги одобри, само со мека подлога да биделе како и што пиша. Не занемарувајте на измаченоста на патичињата, најомилени ни се за глодање
Се гледа дека се премеки, само провери позади кај петата дали е задниот дел цврст. Никако не дозволувај да шета петата лево десно, јас така приметив од едни патики кај син ми почна со петата навнатре да гази и одма ги фрлив, а едно детенце што го знам почна со двете нозе, чекаат термин за ортопед.
Кај нас е се во едно собрано, горни заби вади, едниот кец веќе е излезен остануваат две двојки и другуот кец. На крвта кажува вирус, црп мирно и крајници со наслаги. Проблемот со нозе и раце е што се константно ладни па не можам додатно да ладам со оцет на чорапчињата. Пробувам со алкохол да го ладам на тело.. Сменив сируп сега наизменично давам блокмакс со парацетамол и делува.. за еден час му спаѓа температурата. Вчера и денес слабо јаде, носот му е полн со секрет и никако не се чисти. Течности пие со плачки, електролити со молење. Нова научна фантастика е од чашка пие јогурт па некогаш знае цела да ја испие со нешто пропратно на лигавката истечено. И син ми знае да се фаќа за уше од забите, само не толку насилно.. допри го кога ќе е мирен ако почни да плачи значи го болат.
@Bebetoo можеш облоги со борна киселина за ладење на телото, алкохолот многу ја суши кожата. Плус испарува и тоа го дише.
Мајки кои имате лижачи на подови дома, со што џогирате? Бебе почна од вчера квалитетно да си лиже плочки, а џогирам со ајах некако шубе ми е. Да почнам само со топла вода во ред ќе е?
Бебиња што проодуваат и мали деца најубаво е да носат barefoot (босоноги) чевличиња. Брендови има разни: Froddo, Tikke, Mukishoes, Koel (тоа се обувки со тенок, мек ѓон, чувството е како стапалото директно да ја допира земјата). На моето му купив Froddo prewalkers, брендот го има во Babycenter. По дома и во градинка ќе носи Snugi патичиња. Spoiler: Froddo
Ееј чистач на пареа арно ме потсети. Го имам оддамна на топ шоп, ќе го активирам па, си стои во шпајз година две
Кога ке е мирен пипни го по ушињата отпозади и надворешниот преден дел. Ако заплаче значи го боли увцето и има некое воспаление. Во тој случај правец на лекар, многу е болно и сигурно ке е за некој лек.