Знам читав за д3 капки на пливит се користат еден месец од отварање, така беше? Во упатството не пишува ништо, не знам од кај беше информацијата
Ти благодарам Помирен е сега Ќе пробам утре. Секретот од нос се намали. Кашлицата и таа. Сега уште ова со увово
Мајки, како ги облекувате за спиење бебињата? Во спалната ни е 19-20 степени (ако не се лажам) Не затоплуваме ама цел ден пече сонце. Го облеков по боди на долги и надоле гол, вреќата е слична како на сликава. Да не претерав со голотија малку?
Majki sovet. Skoro 1 godina sme a nemam vovedeno uste kravjo mleko tuku uste pie ad. Kako vovedovte postepeno? Kako na napravam?
Според мене малце е претерано Кај нас 25 степени е во спална, не грееме ама претопол е станот. Спие по шпихозни и тенко ќебенце. И ние уште спиеме со пижами со долги ама со тенки ќебенца. Некако во спиење застудува.
Според мене уште не е за голо. И нас спалната ни е топла ја пече сонце цел ден, ама уште не е за разголување. Спие по боди на кратки, шпилхозни и подебело кебе.
Со температура е деновиве и ми се будеше испотен, помислив дека му е жешко. Ајде ќе го преоблечам кога ќе стане за млеко, да не го будам бидеќи е топ. До вчера го облекував во боди на кратки, и пижамчиња на долги без чорапи. Знаев дека погрешив, ајде ќе го средам за некој саат, ако не де успие како за инает едит: немам купено потенка вреќа сеуште а ќебето веднаш го турка од него.
Еве некоја слика како за водич. Кај нас во соба е 21-22 степени, спие по боди на кратки, пижами целосни на долги и летна вреќа. Кога е во оваа комбинација имам и едно памучно ќебенце за во случај да залади во текот на ноќта. Ако ни е вреќата за перење, тогаш ставам малку подебело ќебенце од памучното. Не сум забележала да е испотена и да и е претопло.
Можеш со тенки шпикозни без боди и чорапи и во врекичката. Моето спие така ама со потенка вреќа. Некогаш кога мене ќе ми застуди знам одозгоре и тенко памучно кебенце да му ставам, не се испотил до сега претпоставувам таман му е
Штом се поти веројатно му е жешко. Ако вреќата е зимска јас не би го облекувала повеќе. Моево е склетџија ептен. Спие по боди на долги и долни пижамџиња, бос, покриен со тетра пелена или тенко памучно ќебенце. Стапалцата обавезно ги вади на луфтирање. Не знам колку ни точно во спална, мислам 22-23.
Ако имаш воведено кравји млечни производи нема потреба да воведуваш посебно млеко, барем така мислам. Освен што може да не го сака.
Овој го имам јас. Има повеќе додатоци за чистење. Освен за под го користам и за чистење на креветот и тепихот и еднаш месечно ги поминувам играчките со пареа.
И мојот се потеше деновиве, и го расоблеков по препорака на педијатар. Сега спие боди на кратки/прерамки и долни пижами на долги памучни тенки , без чорапи.Покриен со тенко кебенце до половина. Вака и поубаво спие, не се буди често. Следи си го бебето, не секое сака исто
Дали се користи за паркет? Некако сумливо ми е, да не се оштети паркетот од пареата. За плочки би го користеле секако.
Ламинат чистам за паркет незнам Ама не е оштетен зошто има крпа доле и не дозволува да остава вода на подот. Имаш и јачина на притисок на пареа.
Кога сме кај лазачи и паркети. Дома немаме теписи. Од искуство, дали да ставаме или ќе лази и паѓа секаде освен на тепих Моментално подлогата за украс служи, само што ќе го ставам лета накај паркет. За теписите муабетот ми е заради колената и главата. Сега кога му се брза потскокнува ко зајче и ја треска главата.
Јас имам тепих скоро низ цела соба позитивна страна е што е потопло зошто цел ден е на земја, лоша страна е што тешко го чистам храна на сите страни од каши, од што фрла од хранилка и собира прашина . Секоја недела сум со четка во раце.