Кај нас е пекол, синко се бања и во море веќе и навечер бебка ја облакам на тенко боди со долги и хеланки тенки, без чорапи. Она е цело време без чорапи и по дома. Спие непокриена до мене, некогаш ја покривам, некогаш не. Кај и да е и на кратки ќе почне да спие. Инаку за обувки, ми избега постот на @ladystardust , ви кажа одлични препораки. За дома може и боси да се, лето е, за синко користев дека во ноември е роден. Баш деновиве гледав од нет да порачам, ама ќе идам до бејби центар и ќе и земам од таму за надвор. Инаку мојава косава си ја кубе
Ааиии и мојата ја откорна и ем плаче ем тегне ама и излегоа горните единици и престана со корнењето исто и ушите ги откости тогаш
Скоро десет месеци има бебуш, но денското спиење неколку дена е ужас. Трае 25 минути само спиењето, може да е 40 минути и тоа едвај со презаспивање. Има ли скок сега? Што е проблемот не знам.
Скоро 10 месеци сме. Ќерка ми уште нема точно 8кг. Околу 7900. Јаде три оброци, и цица многу. Не знам каде и оди ова јадење. Активна е и уште на хранилка се празни хехе ама што знам на олку јадење чудно ми доаѓа килажава. Не дека сакам да биде којзнае колку голема. И матичната вика добра е битно здрава е. Се согласувам со се тоа. Само ме буни што јаде солидно а некако слабо качува. Некој во слична ситуација?
Ако е ок крвна слика нема што да се замараш, од друга страна подобро за тебе, еве мене раце ми паднаа
Еве сме, секој месец пишувам во темава за истово, 9++ е, а околу 7 ипол кг. Цица често, плус три оброка, кака редовно, полни пелени редовно, а килажата кнап стално. Педијатрите уверуваат дека си е такво детето и дека си е супер. Крвна слика пред две недели за систематски испитувавме исто супер. Активна, лази, цел ден не застанува. Па изгледа конечно почнав да се помирувам.
И моето спие во слична исто облечено само кога вака врне како денес и малку е падната температурата облекувам плус долни пижамки ама ептен се тенки
Истоо Скоро 9 м не верувам да е повеќе од 7500, пред месеципол беше 7кг и стално прашувам дали е во ред ама докторот воопошто не е загрижен, последната кс беше добра и ми вика генетиката најмн игра улога. И се тешам со тоа дека и јас, а и маж ми така сме растеле, ситни сме биле како мали деца. А си цица и јаде, освен заби кога ваде не јаде.
Majka eve i nie 8meseci sme i bukvalno ne mrdnavme od 7900... Posle sekoj obrok kakanje, pocnuva da lazi, ne zastanuva.. Isto cica, redovni obroci ama zaludno, na tie 7900 sme uste pred mesec
Ова веќе не се трпи. Таман заврши со антибиотик за увото, еве сега со растечен нос и му се слева и поткашлува. Големата му носи од градинка. Не знам што да правам веќе. Утепана сум. Немаат крај овие болести. Совет за малово? Ќе го носам да го слушнат, но за носов што го мачи.
Инхалации со физиолошки само. И со пумпа да влечеш друго не знам. Ама ќе си го има неколку дена секретот ако не и повеќе. Зависи од имунитетот. Ќерка ми скоро една недела ја држеше.
Не знам колкава ти е големата ама ако фаќа бактерии често консултирај се со лекар дали може да дадеш Бронховаксом, тој е на некој начин како "вакцина" да не фаќа бактерии. Е сега за вирусите не знам што да ти кажам, обично така е со две деца, поголемото му носи на помалото нешто цело време. Позитивната страна на ова е што малото побрзо ќе изгради имунитет.
Ако ти е за утеха на моево никој не му “носи” од градинка бактерии и настинки, па се борам со докторите дека вистина детево не оди во градинка и не знам од кај толку вируси и бактерии. За носот инхалации правам со синомарин утро вечер и чистам со шприц и физиолошки (само ова не спасува)
И моето е исто 7 месеци е а нон стоп сме по болници се е затмат нос кашлање пред неполн месец лежевме во козле сега пак кашла пак растрчен нос, ако може да ми кажеш како го сѕаваш физиолошкио јас веке не можам да му влечам со аспиратор никако не дава па барам начин како сами да течат а јас да бришам друго чаре нема
Не ми спомнувајте секрет. Еве го пак е полн со секрет, крчи целиот, му се кука носето, го мачи навечер се буди. Башка што секретот му трае подолго време секогаш кога ке се појави. Од што толку често му се јавува стварно не ми е јасно. Посебен момент е што веќе ми е мака од чистење на носето, вришти плаче и кога му прскам спреј, а башка кога влечам со носко. Ми е жал многу. Почнувам да размислувам алергиски да не му е. Можно е?