Мајки кај нас веќе почна да станува топло преку ден гледам и бебе кога цица и кога го заспивам се поти на чело. Како ги облекувате за по дома? Јас сеуште на долги тренерчиња, чорапчиња,кусо боди и блуза на долги... 24 степени е дома, не уклучувам греење (клима) веќе подолго време.
Исто го облекувам, боди на куси, чорапи, блуза на долги и долу пантоломчиња исто долги. На под е претежно и таму не е баш топло. На спиење се поти и моево, денес два пати го покрив со подебело ќебенце бидеќи цел ден врни и некако во спална ми беше ладно но се испоти инаку го покривам со тенка пелена. И без чорапи спие последниве 2-3 недели.
Како функционирате со бебињата во однос на доењето на 8 месеци. Колку ви цицаат на ден? Кога планирате да ги откажувате? Се мачам, сакам да кратам, не плаче, туку се дави кога плаче, не сака да се успие без цице за ниедна дремка. Да не кажам дека уште спие преку ден во раце. Навечер е друга приказна. Треба во градинка да оди, ми е страв што ќе биде, срце ми се корне. Не јаде цврста храна, цица само од цице, спие во раце, плаче со давење и вриштење. Настрана што сум преплавена со коментари, ти така го научи и ме боли и притисок ми вршат.
Разни може да бидат причините/ предизвикувачите. Инхалациони предизвикувачи, контактни, нутритивни одн внесени преку храна.. Не видов дека се работи за толку мало бебенце. Може да е куќна прашина, полен, некој омекнувач, свеќи миризливи и сл, ако се исклучи бактериска и вирусна инфекција прво.
Само здраво да си е, и мојата 7 имаше на 7 месеци се до 10 месеци стагнираше, на годината имаше 8,5, сега е рамно 13кг на 3 години. Иначе родено 3.620, такаа даа, само живи и здрави да се.
Саат и нешо има како мала е заспана, а јас бдеам над неа и и го посматрам дишењето. Колку што знам рем фазата трае 15-20 минути, но ова гласно дишење попратено со некој звуци како да сум во Зоо траеше повеќе од саат, сега е мирно и проверувам дали воопшто дише, полудев.
Моево е цело време по боди на долги и долни тренерки, бос. Чорапи не носи воопшто, и да му облечам сам ќе си ги вади. На зима дома ни беше 22-23, сега држи 23-24.
Ќе заспива во градинка без тебе и ќе јаде. Таму е друга приказна. За откажување од цице на поседок кај баба.
Ако ти кажам дека година сме веќе и исти сме. За кратење подои нема шанса тоа плачење вриштење . Да се успие без цице нема шанса плачи се турка само така можам да го смирам. Со јадење сега почна да потксаснува по малце ама не доволно. Како ќе се одбиваме немам идеја. А кога ќе ми речат ти така го научи како всрце да ме боцнале. Ако најдеш начин како кажи.
За облекување сме на боди на кратки, тенка блуза и панталони без чорапи се е бос. За спиење сме на боди на долго и пизами долен дел без чорапи. Го покривам со тенко кебе. Моето беше до 7 месеци страствен цицац. Морав да го прекинам. Спиеше само на цице. Е сега давам ад. Кога ќе му дојде време за спиење пуштам музика и легнувам до него му дишам у врат и прво плачеше ама сега заспива сам, а како втора опција ни е колицата дома па го буткам и заспива. Јадење и спиеење дење е совршено, ама навечер знае да стане често не за јадење него мрде, ќе почна да кенка го зимам и на рамо заспива одма и пак го ставам во креветче. Ај се пожалив.
Јас почнувам на работа за две недели и многу ме фаќа паника со доењето како ќе биде. Без цице не заспива воопшто, до сега ниту еднаш нема заспиено кај друг. Ја оставам со мм или со мајка ми ама ме чека. Ќе ми ја носи мм на пауза ко ќе ја чува тој, ама мајка ми нема да може
Мораш да почнеш да одбиваш. Три дена е хаосот. Мојот цуцољуб прво се бунеше, ама време за спиење му е и си заспа. Третиот ден веќе му стана јасно. Не би го бунела бебето со носење на работа зошто ќе очекува па така цице, башка ќе види и да не се возбуди повеќе. Кога ќе си дојдеш ќе си цица. Упорност овие две недели. Имаш време, само треба да си решена за тоа.
@perlaa1 не пие ни ад, ни вода, ни сок, ниту па шише или цуцла фаќа. @Kolache na mama сега е мм неколку дена дома и така ќе правиме, ќе мора да се научи некако.