Иначе бебево мое не дека не сака да јаде, туку се прејадувало со млеко. Дојде мајка ми да воведе војска, ред и диктатура, и парчиња пројаде и млеко не пие и бара репете. И не ни плаче. И на дубак се качи. Заспа со нишкање, цели два саати поспа. А фала богу и не ме регистрира дека постојам. Не ме ни погледнува. Баш само како, ах ти беше таа со цицките што течат ко чешми, ок, продужи даље. Официјално, бебево си најде нова мајка.
Денес почнав Такви измешани чуства сум немала до сега. Супер поминала со татко и само послабо јадела и малку спиењето се скратило али све у свему добро било. Прв пат ја оставам во цели 9 м мислам дел се откорна од мене. Среќа у цела работа е што се успива и без цице па тоа толку не го мислев. Иако тркнав на пауза зошто сум блиску па цицна и прво ми се пожали со плачење па после неможеше да ми се надогледа. Ако имаш можност користи излагање за доење те следува законски до година, мене ми го дадоа на крај на ден да го користам саатот
@Cloverrrr да денес се слушнав со HR баш, можам на крај на ден и јас да го користам. Душички, ќе се навикнат се надевам брзо
Ти реков баба е спас. Слушај ме ти мене. Истово го мислев кога растеше ќерка ми - дека има нова мајка ама нема врска, си знае тоа кој е кој иако е тоцкаво мало.
Мислам дека го држам рекордот за најниска килажа на малата, 7900 на 1 годинка, сега на 2 години и 7 месеци рамно 12кг со се алишта Родена 3050. Никој досега ништо не ми рекол за килажата, сите викаат супер си е.
Јас од 5 месеци мислам, на 8 веќе го надрасна и му ги искриви шипките поради што е елегантно пополнет. На втората контрола на ортопед ми даде зелено светло. Битно е да може главата да ја држи стабилно.
Здраво, искуство со бактерија Staphylococcus aureus кај женско бебе од 6 месеци. Дадена е крема Гарамицин по направен антибиограм, мачкам скоро 10 дена сабајле и вечер, ама уште не е целосно повлечено црвенилото, само е некако побледо црвенилото. Некој совет?
Каде можам да следам развојни достигнувања на бебе? Некоја табела со стандарди кога и што да прави на одредена возраст. Нормално не слепо ќе се фатам за точно, секое бебе има своја динамика,него чисто ме занима.
Имам јас една книга дома и во неа има табела. Е сега не сум дома, понеделник се враќам така да потсети ме и ќе ти сликам ако сакаш
И моево никакво шише и цуцла не сакаше да фати, последно купив вакво шише од ДМ и за некое чудо пие од него. Со цевче е уствари ама јас го тргнав зошто не му текнуваше да повлече, па го надигаме и си пие од него А за заспивање кога е со мм или мајка ми им заспива во количка. Јас во вторник почнувам на работа, па да видиме како ќе издржиме и јас и он