Едно прашање за мајките што спиете заедно со бебињата. На одмор кога ќе одите, како имате план за спиење? Моментално цел кревет ми е со метро високи огради поради тоа што ми падна. Немам идеја како ќе се спие.
Да ги земеш оградите Ние купивме транспортно креветче/игрална. Шанса нема на спална пошто како струја е, чим стане одма ќе почне да бега.
Уфф уживај дур трае, супер е тоа што си заигрува сама, си развива моторика. И мојава си играше сама јас дур потсредував нешто низ кујна, ама од ко пролазе почна сегде да се исправа, имаме 3 скалила во дневнава како меѓуспрат, цееел Божји ден е таму, усоврши да ги искачува сама и повеќе ни играчка ја интересира, ни ништо. Скаличињата и надвор на тераса. @Bizbiz @Erika.greeneyes Еве сме со цицањето исти. 4-5 пати денски и плус 3-4 ноќно, башка три оброка и не гледам дека нешто ќе се промени во блиска иднина. А цица само од една града (читај тродупло поголема од другата) и брадавицата ми ја измолкна ко смока напред, мека небаре ќе се скини во секој момент.
Срам ми е да кажам ама со телевизор. Или е тоа или ќе ги бркам со голи какани газиња низ цела соба. Значи нема шанса. Поминува ли некогаш ова
Ве читам за родендени. Јас први роденден на синко ќе правам во Мк. Така се договоривме со мм после веќе ќе почне на градинка. Бебка ми е 9 месеци и несака, а мислам и нема да лазе. Сака да стои се да е исправен и скока Сам си игра по скоро цел ден. Ај се изнакажав
Да или ако идете апартмани хотели што имаат пишете да ви го обезбедат да не купувате или да позјамите од некој ама само тоа е спас дефинитивно
Исто срц. Не сака да лази, во сон нешто пробува хахах мн е смешен а јас ненаспана, го пучи газето и мрда. За стоење исто само сака да го држиме и да оди
Моево јаде само со Бушава азбука и тоа ќе се окези ко ќе ја види Синоличка ко заљубено да е, баш се прашувавме си мм како го хранат во градинка гарант шмека некоја воспитувачка пошто денес ко го земав цел мирисаше на парфем кој знае во кој врат се има мушнато мазата а една излезе да си го испрати ,,нејзиниот убавец,,. Шмекер од мало човече!!!
Ќе го турнеш креветот до ѕид и ќе наредиш перници и пешкири ролани долж ѕидот. Или земете го во средина ако е голем кревет.
Со каков прашок ги перете флеки од кашички? Со бекутан не се перат, остануваат флеки. Се мислам Ариел бејби да земам го користи ли некој?
Јас со вениш третирам и после со thе pink stuff киснам. Ставам во машина со Персил за бебе. Ако е стара флека, ни Господ не ти помага. Ова функционира на нови флеки. Извадив цвекло така.
Малово конечно почна да пие вода и тоа од Роса малите шишенца со цуцла горе тие се за една употреба така?
Колку трае процесот на вадење заби, сите комшии слушнаа. Ептен се набабрени непцата и горе и доле. Не ми дава ни да го намачкам со дентинокс, како да го боли кога допирам. Навечер не спие, преку ден не се поднесува. Веќе неколку недели е вака. Башка заборави и да лази. Ти очекуваш нанапред да оди, он се лизга наназад и плаче. И за све плаче. Абе очи отвара, ти викаш наспано, оно плаче. Се тепаме со маж ми кој да не го земе. Лудница е овде, хаос. Оно плаче, ја урлам, демек дистракција-види,види, види, пафтам со тоалетна, трчам низ стан ја веам како змеј. Од очај почнав и жена од султана да му ја пуштам да се смири. И ќути. Од ова дете господин не бидува, ја да ви кажам, туку сеЛак со меко ,,л". И после се прашувам зошто овој до нас веќе ни здраво не ни вика. Повеќе бучава создаваме, него трло со овци. Нека никнат веќе, пошо отидов со паметот.