Да прашам,сакам да земам седиште за во кола бебе веќе 12 месеци не го собира гледам веќе во транспортерот ептен е кнап,би сакала да ми препорачате седиште за во кола некое добро кој има искуство и на што да гледам кога ќе купувам, има од 0+ па од 9 кг + незнам какво да изберам.
Кај секој индивидуално првите запчиња немавме проблем одма никнаа а еве горниве два месеци од кога ни кажа педијатар дека никнат и плус уште две долу значи 4 запчиња оддеднаш веќе еве 2 месеци само како бело се познава никако да пробијат и мене ме интересира некој поупатен ако има да каже.
@Alexandrite знам дека не ти е смешно ама пресмешно опишуваш Ако ти е за утеха велат тешки бебиња дека се мирни и послушни деца, а мирни бебиња покасно наплаќаат кај мене со првото испадна точно, еве го 7 и пол години уште ми наплаќа што беше прилично лесно бебе и со второво ќе е исто изгледа. За запчиња е индивидуално, сите различно вадат, мојата наеднаш многу изваде без поголеми проблеми. Немам ни гелче купено. И првото дете исто немаше мака, ама па одма му се расипаа сите, а и со сталните има проблем сега. Ко ќе ги извади ќе се смири, па пак со тројките може да има мака, тие се најтешки од сите за вадење.
Исто и кај нас е вака. Го оставив на пола саат за да ја однесам големата на шишање се враќам и ми вика алал да ти е како издржуваш цел ден Епа моја е, во дел ми е што да речам. Него кај мојава крофна од два месеци се набабрени и горни и долни. На 6м почна долните заби да ги вади. Освен мн што се лигави, ама мноооогу и покрај лигавчиња е жива вода, не видов некоја мака. АМА затоа горниве уфффф. Излезе едната единица, се надевам дека деновиве и другата зошто бардовци ќе фатам. Не смееш да и се појавиш пред очи не па да ја фатиш за непце да ја намачкаш. Јас одам директ со вино, геловите не фаќаат кај неа. Вака може нешто и ќе шмркне па ќе се успие инаку 10++ е
Како така стојат, а не лазат? Не ми е јасно затоа прашувам. Како стигаат до точката/местото да се исправат. Читам многу бебиња вака, ама не можам да сфатам ни замислам Мојата ги пројде фазите, ама за да се фати за нешто да стане, треба да стигне до него. Ништо лично, само сум љубопитна
Мојата само се спушта полека пд двосед/тросед и стои или се врти и се фаќа за масичка. За движење користи тркалање по земја и влечење се што може да повлече накај неа за да стигне до саканото. Понекогаш мислам дека се замислува дека има моќ да привлекува предмети и чека да дојдат кај неа сами
Се напишав а тоа што ме интересира мене никако на ред да дојде Кажете некој добар пробиотик. Малава ми кака на 2-3 дена и тоа брбушки како зајче. Го користевме џејмисон ама поодамна го немаат. Тој ни беше ептен погоден. Од исхрана се е пробано ама не помага, па викам со пробиотик може полесно ќе и биде штознам
Пример кога седи на подлогата за играње на земја, си игра и до него е веднаш комодата кај што ни стое тв, се фаќа со рачињата за да се исправи и на пола ќе заглави и почнува да плаче, нормално мама е тука и одма го исправам и сака да стое и да оде . Го држам под пазувите и тој си оде Исто слично се случува и во игралната кога е, имам постара како кош, од сестра ми кога беше бебе, се фаќа за горниот дел и оттурнува да стане. Нема зашо да сфаќам грешка и јас мислев дека прво ќе лазе ама машала тешкичок е и не сака мн да се потруди.
Јаа имав прилично мирно бебе, спиеше ноќе, преку ден кај ја ставеш таму седе, си јаде, значи по книга и се така до пред недела две кога се повампири. Не знам јас дали сум заборавила, ама луѓе мои при крај сум со нервите. Бебка е special edition . Не можам јадење да направам, она вреска. Ако е на подот се исправа и не е безбедна. Па ќе ме фати за ногата и ќе се влече. Ако идам да мочам, се дере како да ја колат. Социјално ќе ми викнат овде. Денес гледам попуст и појдовме даиу купам облека. Ко зеде да рика, зајде. Сите ме гледаат. Во маркетот на каса од ташната нашла фисклна и ја јаде па касиерката ме опомени дека детето ми јаде фисклна. Жими се ќе скренам. Внука ми не сакаше да си оди од кај нас, сега звонеше на баба и да ја земе. Го утепа девојчето. И скока врз глава, ја губе, мава. Дали е до 7 ми скок, не знам, ама не се радувајте на мирни бебиња. Кратко траеше радоста или јас остарев.
Мислам дека @Freckles. го бараше, ако не се лажам. Нека пише каде го најде. Знам дека беше дефицитарен и многу луѓе го земаа од Бугарија. Околу 2000 денари се 30 ќесички, доста скап е.
Женскии абе се тепаат ли вашите бебиња? Во смисла кога цица со едното раче се мава на нозе, си го корни увцето, кога го преоблекувам обавезно се фаќа по интимните делови ама не нежно туку се притиска. Исто и мене кога цица знае да ме удира, гребе ииии нешто што ужасно ме скокотка пробува со прстињата во нос внатре да ми чепка Само моето е вака или нормално е кај сите? Ииииии вчера првпат кажа мама, па тоа беше Т О П Е Њ Е