Кога цица цело време прави акробации со нозете и со раката едвај чека на нешто да се зграби. Обично е некое мое влакно што штрчи, или за брада ќе ми зарие канџи, или ќе ме плеска. После цицање како од војна сум излезена. Цела црвена, со гребаници. Мене не ме скокотка, ме боли. Тоа дебело раче ич не е нежно. Инаку честито, едвај чекам и јас тие зборови да ги каже. Јас и на баба ќе се радувам, уште не сака и не сака.
Знам, цело лице ми е со гребаници.. И да и тоа заборавив со нозете ко фудбал да игра се понаша додека цица. Ќе каже мајкааа, секое си е различно, мојот до скоро баба, маба, кака и слично викаше а мама не сакаше никако да каже (ама они секако сеуште не знаат шо значат овие зборови). И ние сме малце луди, сакаме да знаат се а забораваме дека се мали бебенца
@V.N. Омнибиотик земав од Србија, на акција 2к излезе. Тука го имаше само во една аптека, 2850... Синко порано викаше мам кога ме нема, а е гладен. Сега кога е на подлога и му е досадно и сака во раце баш она мама мама мама
Многу се чеша на глава деновиве. Прават вашите вака? Гледам нема ништо. Ама толку чешање дури и агресивно прави.
Да, најмногу на увце и на глава се чеша. Не знам за вас ама многу ми е смешно што сите прават исти чудни работи во ист период.. Чуденца мали, најубави
И мојава само баба, папа, дада ко папагал, ама од некни конечно почна ма-маа. Џабе, кон татко и вика, не мене.
Фазите мора да се поминат за да се стаса до фаза исправање. Нема прескокање фаза. Иако често бебињата не пролазуваат класично на дланки и колена, има повеќе видови лазење, на пример наназад, или без воопшто свиткување на колената односно на дланки и стопала, или дланки и едно колено едно ноже исправено и уште неколку други. Син ми на пример седнат на под со едно свиткано ноже и едно пружено потскокнуваше нанапред на г’зе и раце во вис и така му беше лесно да се излизга насекаде низ дома по ламинат. Но, секое движење на бебето од една точка до друга без разлика што не е класично лазење, значи било какво влечење и истегнување ја заокружува фазата на лазење и со тоа станува спремно да почне да се исправа.
Се слагам, преслатки фази. Сега ми е многу интересна почнува да разбира. Па има чао, браво, дај, две рачички перформанс со раце горе-доле, брм брм за кола. Прееска ми ги зима наочарите и пробува да ги стави баш на очи. Растат мн брзо
Welcome to the club Уште малце 2 месеци ќе бидат како станува пред 6. Денес на пример во 5:05 стана. Плус и често ми станува навечер, со плачење. Утепана сум! И во 19ч заспивал и во 20ч, 21ч, 21:30ч и пак е пред 6 ококорен и спремен за акција. Следно заспивање после 2 саати.
Оваа недела цело време во 6 и 30, како аларм да има а што убаво знаеше да си поспие и до 8 и 3о па и до 9.
Леле истоооо И кај нас следно заспивање после 2 саати. И претходно рано стануваше, околу 6:30 ама сега ова станување пред 6 ми е веќе too much! Уште повеќе ме нервираат коментарите да спијам додека бебе спие
Допрва циркус почнува. Растат пребрзо. Откако го имам второво, првово како преку ноќ да порасна. Си крадам моменти да си ја погледам секој ден додека е внесена во некоја игра и си велам кога ми порасна девојчето. После ќе ја ѕирнам низ прозор кога маж ми ја враќа од градинка како си трчка накај дома и пак ми е моето малечко девојче. Пренапорно е стварно, ама реалноста е дека и стварно си растат дур да трепнеш.
Не можам ни да спијам. Ни кога бебе спие, ни кога не спие. Пола ноќ воопшто не заспивам, не можам. А кога ќе успеам, ете го станал. Сум идела и во друга соба ама џабе, пак не спијам. Зомби не ми е рамно. Не ми е јасно како сеуште функционирам.
И моето се буди тоа време ама со цице заспива, односно ја држи градата фатена од 05:30 до 06:30. Ако мрднам се буди веднаш. Ако имаш живци пробај вака, доколку е на доење, ако не е пробај со цуцла, ако даваш.
Јас ќе се јавам за мене. Пробано. Ќе си се нацица и ќе си стане пак. Апла си се буди, денот му почнува.
Моево така стануваше кога кратеше дремка. Го легнував во 20:30 и поместив околу 21:30 притоа да не биде спиен 4 часа пред легнување. 11 месеци ќе сме наредна недела. Спие до 07:10 поретко 06:30 станува. Ама знае да згреши и до 08 да поспие како денес пример Едит: каша попара направив се надевам ме разбра