Те разбрав Повеќе од месец има како скрати дремка. Ама еве си продолжи ем со станување рано, ем со често будење во текот на ноќта (на саат-два). Не се оправи. Сум пробувала и порано и покасно да го заспивам и џабе. Пак пред 6 е станат. Во креветче спие, па пробав и со нас на спална да не смени нешто. Иста приказна. Читав кај Гуднајт демек да не реагирам кога ќе стане така рано до времето кога би требало да почне денот, и нема гајле, си пее си игра во креветче или ако е на спална си игра со перниците, со чаршафите, нас не чепка, а ние глумиме дека спиеме. Пробав и скроз затемнето да е, ни ѕирка ни проѕирка, пак си се разбудува. Мислиш кој знае каква работа го чека, па да го фати денот со изгрејсонцето. Инаку преку ноќ кога се разбудува плаче рика, ама во 5 е насмеан до уши.
Тогаш период е освен ако не станува од роџење така. Еден период истото го правеше и моево и ние не реагиравме го остававме да си поигра во креветче 1 саат додека се рассониме ние Еве го и сега толку немирно спие што ме буди секое негово тропање во креветче со ногата, околу глава имам се заградено да не ја тропа и само пика нозе измеѓу решетки, среќа широки се не може да ги заглави, и оградици трга со рацете во спиењето се прави пепел. Едни оградици искина веќе од што ги тегнеше Овој ако спиеше со нас ќе мислеа мм ме тепа, ќе шетав со модринки.
Умен беше до 4-5 месеци. Стануваше во 7.30, со едно максимум 2 будења во текот на ноќта. После се повампири Ај се надевам ќе му помине. Не е ни овој за на спалнa со нас да спие
Собата ти е затемнета или? Спушти скроз ролетни обично по светлото гледаат и низ мало дупче да влегува гледаат. Барем со мојава беше таков случај.
Леле иста сум! Синоќа се напив б6 и конечно прв пат да заспијам пред 12 и да спијам до сабајле, секако со сто пати будење ама ми помогна колку толку бар да заспијам.
Истово и мене ми се случува. И се нервирам ради тоа. Еве веќе 10 месеци. Многу почнав и да заборавам најверојатно поради тоа.
Ако не е за тука прашањето, преместете го. Дали доите сеуште? (9 месец) Дали Сакате да престанете (да одбиете) наскоро? Дали ви велат дека преку лето не се прекинувало доењето? И најважното, дали добивте менструација ? (9 месец денеска после пораѓај, забележав некои симптоми дека ќе ми доаѓа па малку и се исплашив). Дали е тоа од што сега поретко цицаат или како е ? Некој да сподели нешто?
Да, уште се доиме, скоро 9 месеци е. Не сум размислувала за да престанеме, а како што гледам и бебо не размислува. Не ни се брза... Имам некоја замисла до 1 година обавезно, за понатаму ќе видиме што ќе биди. Зошто не се прекинувало доењето во лето? Добив менструација вториот месец после пораѓај. Зошто си се исплашила ако ти дојде?
11 месеци е сеуште дои и не планирам во скоро да ја одбивам. После еден месец од породувањето ми дојде и си цица и тогаш нормално нема зошто да се плашиш ако ти дојде, бебе пак ќе си цица.
Леле исто со заборавеноста Ако ми веруваш на каса во маркет пинот на картичката не ми текнуваше кој ми е Па ми куцаше одново касиерката за да подели сметката да помине без пин.
10++, цица бебе, сега е во 7 скок, вади заби па дури и ми зголеми подои. Лето не би ја одбила мојава зашто уште не пие вода. Уствари и за да не дехидрираат не се одбива лето. Циклус ми доаѓа на 4 месеци
Јас си го заборавив пинот од влезна врата па му звонев на мм да ми го каже за да можам да си влезам у зграда... Многу сум рассеана..
Јас памтам ама поради тоа не спиење се чувствувам отупавено и оглупено како сајла. Просто ми е срам. Ми треба некогаш да прочитам нешто неколку пати за да сфатам. Или пак се губам кога нешто треба да кажам.
Леле и мене истото ми се случи, со години секој ден го куцам пинот, тогаш ме ми текнува и не, ни од прилика ни една бројка ко мутава стоев пред врата. Исто и зборови некои на моменти не ми текнуваат, дури за загрижување ми е работава со првото не бев толку заборавена
Мајки од што може да се појави вакво црвенило? Од понеделникот е на терапија со сируп трицеф,досега сме немале ваков проблем прв пат му се појавува вакво нешто.. Дали ви личи на алергија?