Луди бебиња бе 5:05 и денес. Аларм ко да има навиено. На одмор идеме деновиве, таму еден час се назад према нас. Се тешам дека нема во 4 да станува
Има ли мајка како мене? Значи нема болест што не ме префати од децата. Ова особено откако се породив. Аман веќе.
Охх, јасс.. Втор пат веќе. Два пати префативме од други луѓе, прво бебо, па јас од него. Добро е што него му помина брзо за 2-3 дена, ама јас вториот пат неможев од кревет да станам и еве 2 недели поминаа, уште ме држи. Среќа мм беше слободен од на работа неколку дена. Некако слаб ми е имунитетот и одма префаќам, а баш добро се хранам и редовно пијам витамини.
Не разбирам каков преден дел и заден ако мислиш на долна усна и на јазик исто се работат таму, има и на горна усна
За мене прашувам. Имам температура 37,3 или 4. Ладно ми е, ме боли се, може да се напијам антипиретик?
Јаа решив до годинката да цица, ама сега ме предомислувате. Ама многу ме исцрпува плус две години сум само на терапија за железо. Не знам што да правам. После тоа е потешко одбивањето. Или да и давам само кога ќе се гледаме. Си јаде, пие вода. Инаку дали е до фазите, ама прв пат осеќам скок. Или е нормално, не знам.
Ако си пие водичка, цицањето и е само за галење, а тебе ти е терет тогаш до годинка и не му ја мисли. И јас сакам мојава толку,т.е. до 13 месеци таман септември ама незнам, со ова дете дека второ се ми оди потешко одколку со првото
Она заспива без цицање. Ќе се нацица и се трга, па се гали и гушка и така заспива. Не знам, синко го доев до две години, ама он не јадеше ништо. Ќе видам, можеби, а може и до септември ќе тераме.
Мајки со поголеми дечиња, се работи за внука ми. Прашањето можеби не е за тука ама сте поактивни. Имате искуство со зголемено AST и ALT кај 5 ипол годишно дете? Дали е можно да се покачени ензимите при употреба на Nogrippin сируп?
@JuLleE и јас планирам до годинка, т.е. 13 месеци ќе не фати можда да не ја прекинувам во лето. Не заспива со цицање, вода не пие многу ама веројатно ќе и текне кога веќе нема млекце. Си јаде нормално. Јас воопшто не уживам во доењето, решив да ја дојам зошто тоа беше најдобрата храна за неа и стварно се изнамачив, ама доста е, веќе си јаде се', голема ќе е до септември. Таа и сега да ја одбијам мислам дека нема да и се срони бисерот, ама ајде секаде пишува до една годинка им е основна храна, па ајде уште некој месец ќе се тинтраме Исто има и еден момент што не го сакам, тоа е тегнење за маица, а го прават кога малку ќе потпораснат ако уште цицаат. Баш преска на онлајн состанок на работа детенцето од колешката (2 години) ја раздрпа за маица и тоа е, изваде жената цицката и си го доеше. Ок, женски тим сме, ништо страшно нели, ама мене лично би ми било многу непријатно. Посебно да фати да ме дрпа надвор или пред татко, свекор, ватевр, хел ноу.
Туку кажете ми како смирувате престимулираност (не е скок, не се заби). Како за бебе спијач, ова беше невидено искуство до сега
Можеби темава е поактивна па ке пишам и тука? Ми треба совет и препорака за седиште за во кола? На што да внимавам кога купувам? Што е битно уствари… Секој совет и преп се добредојдени
Генералните препораки се што подолго да се вози во обратен правец. Таквите се обично од 0 до 18 кг што значи до 4 години или помалце ако е поголемо бебе. Исто така доколку буџетот ви дозволува да гледате седиште со висока оценка за тестирањето за безбедност. Изборот тука во мк е мизерен. Јас гледав грција и бугарија ама седишта што ги исполнуваат овие услови се од 400 евра нагоре. Исто е битно дали автомобилот што го имате е компатибилен со седиштата, односно дали има isofix, top tether, дали седиштата се закосени или не.
Мајки денес правев крвна слика за бебе, на контрола сме следна недела. Му испитав и железо, по моја иницијатива.Хемоглобин 120, ама железото ниско 4ка...секако сме на контрола ама чисто да сподели некој што да давам од намирници за железото.Инаку овој месец многу слабо јаде. Едвај по 60,70 грама а веќе сме 8 месеци, би требало количински и повеќе да јаде.Навистина незнам што да правам веќе..
Доколку не ти е проблем посочи ми конкретен пример. Автомобилите се над 2018 год и мислам дека нема да се проблем, изофикс и сега имаме за транспортер макси кози, другото што е стварно не знам. До 500 евра макс буџет планирам.
Ќе се умешам, другарката @le.soleil нема да се лути. Ако ви е буџетот до 500€, земете го Joie i-spin 360° (ADAC оцена 1. 8 или Cybex Sirona SX2 (ADAC оцена 2.1). Тоа се одлични оцени за седишта од таа категорија (0 - 18 кг, односно до 4 год). Cybex Sirona го имаме ние и го користиме за малиот веќе 2 месеца и е топ, веќе пишував за него во некоја друга тема, ама со Cybex нема утка). Јас го начекав на попуст кога Joie беше на редовна понуда и тоа беше клучниот момент што се одлучив за него. Инаку да, изборот во МК е очаен и се многу поскапи во однос на ЕУ, а ретко има акции, така што ако имаш опција од друга земја да земеш, не ги давај парите во мк (за споредба јас ваму кај што живеам Cybex на акција го земав за 360€, кај нас во мк во Babycenter е скоро 500€). И двете одат со изофикс база во комплет, не ти треба тоа дополнително.
Мајки ај хелп. И правам пире на малава т.е варен компир и блендиран. Ама пошто така не го сакаше никогаш и ставов малку сол ( сите викаат не ,може грешам незнам еве кажете ми). Јадеше и после некое време почна да праи фаци онака како да се мршти од кисело. Не беше премногу солено беше таман . Сега заспа и во сон истата фаца ми ја напраи. Нешто мења ,или од солта можда е?