Јас да се пофалам. Бебе се исправи во седечка позиција од лежечка, а потоа седна и од позиција на лазење. Ми расте бебето. Вчера на каса една мајка гледам со едно месечно бебе, солзи ми надојдоа. Многу беше мало слатко, уште неиспилено. Ми дојде желба за уште едно бебе, ама ми текна на 4ти и 6ти скок, па се вратив во реалноста. Не си ја барај бељата Александриту, немој да те чуе маж ти, цела ноќ со синџир на гаќи ќе треба да се спиеш. Навистина брзо растат.
Ако сакаш да имаш второ би ти препорачала да е сега одма. Пекол да преживуваш наеднаш. Не едно по едно ко мене. Ах да ми е овој памет... Од породилно на работа трудна би се вратила мајке ми. Имам другарка трудна се врати од породилно. Моментално и е милина. Две години веќе ни пелени знае што се ни ништо. Јадат сами се облекуваат сами додека јас пак наново се мафтам со пелени каки мочки јооооој куку ноне...
Најубаво. Мене ми е ок поголема разлика искрено, моите се пет и пол години разлика. Со помала разлика ќе споулавев.
Веќе ти одговорила @ladystardust, по нејзина препорака ги гледав и јас истите две ама не успеав да ги начекам на акција тука. Е сега последниве неколку дена ми мати вода besafe stretch која оди во обратен правец до 36кг ама нема ротација и е прилично гломазна не знам дали ќе ми пасува во кола а ја нема во мк да ја пробам. Околу 800 евра е ама па се користи подолго. Моите близнаци се доста високи и овие до 18кг ако тераме година, година и пол а не се малце пари.
120 хемоглобин и нормални вредности на еритроцити се одлични за бебе од 8 месеци. Што јас ако имам железо 60 а хемоглобин 110, значи не врзува добро железото. Таа 4ка качете ја со црвена леќа, какао , спанаќ, блитва, боровинки, телешко месо. Млеко макс 750 мл на 24 часа , освен ако доиш.
Сепак зависи од децата најмногу, кај мене големиот е од мал самостоен многу, сам јаде, сам се капи, сега и сам надвор по цел ден ние од горе го гледаме или и ние шетаме во близина. И најмногу тоа што спијат двајцата цела ноќ мислам има улога. Ама па и со мала разлика што се има што им е многу тешко, не знаеш по кое бебе да одиш некогаш.
Сестра ми има три едно по друго. Хорор е мал збор. Ќе пораснат наеднаш да, ама треба нерви за тоа. Башка не можеш саглам да се посветиш на едно дете. Мене од таа страна ми е погодено. Со мерак ги растам, без да се љубоморни, синко ми помага дури. Недостаток е што е голема разлика и не знам дали ќе имаат близина. Од аспект на тоа дека сум одвикната од бебешки работи, да, еве ме нервира нередот, ама пак, ќе лажам ако кажам дека не уживам и дека ми го исполнува секојдневието. Ништо страшно, пострашни беа муабетите дека тешко ќе ми дојде после 9 години бебе. Дефинитивно не би раѓала со мала разлика, ама би родила порано, да се некои 4-5 години разлика. Само заради близина нивна иако и тоа не значи ништо.
Моите се разлика две ипол години. Од мое искуство, идеална разлика би била 3+ години. Среќа што за второво ни требаше една година да го направиме, леле мајко што ќе беше тоа…
Не ме сфаќај погрешно, но ова е мое мислење. Премала разлика ти е тоа, плус памтам дека ти беше тешко на почетокот со бебето. Почекај малку, моите се пет и пол години разлика и ми е ок, големата и ќе го заигра за да завршам нешто по дома. Не мора толку да чекаш, но под три години не. Сепак ова е само мое мислење и совет.
И моите се скоро 8 год разлика. Ми помага големиот многу, самостоен е, не е многу зависен од мене, ама си сака блискост, си сака мајчичка. Полесно е можеби, но навраќањето на бебешките обврски, пелени, играчки, храна, бањање и сл, некогаш ми е тешко. Плус живците се отанчени, немам енергија и сила и нерви сега како што имав пред 8 год. И годините имаат огромна разлика. Не е исто на 25 и на 33 со бебе Ама, еве го 15 месеци, порасна дури сме трепнале, трчка на сите страни, не имитира сите, зборува вика, кога се присеќаме на лани овој период со плачки, неспиења, тишина да не се разбуди, се смееме. Ние како семејство се чувствуваме исполнети и дефинирани. Нека се здрави и живи само.
Мајки полека се спремаме за одмор. Бебе ќе е 8м денес бев да купам нешто и се мислам купачи дали ќе ми требаат? Имаше едни доста скапи ,не можам да се сетам на марката, за да не носи пелени. Внатре беа како полнети и ги периш/ сушиш. Имаше и целосни комплети и блузиња (по долги и кратки ракави). Биле водоотпорни и детето ќе е заштитено да не гори. Од истава фирма гледав и капчиња околу 1.000 ден.Имате искуство? Потребни ми се воопшто? Да не фрлам пари за џабе
Секој различно ќе ти каже Ама сигурно нема да висиш во вода по најжешкото по цел ден па да ти треба таква инвестиција. Јас земав најобични купачи од ваикики, џиџани де . За во вода ко ќе ја шлапкам се мислам од пелените за бањање ги гледам во ДМ ама немам искуство воопшто со нивните пелени