Дали некој има искуство со овој спреј за бебе , имам на мустела моментално ама при крај ми е , а и ми треба поголемо пакување за на одмор , инаку уријаж козметика користиме од раѓање но со ова немам искуство...
Јас дежурна денес изгледа сум на темава Инаку и јас прашував пред извесно време и тоа на 2 пати мислам ама никој не сподели искуство па ни јас не го земав
Не сум видела не знам зошто не ми искачаат нотификации , а кога отварам одредена тема пишувано , не можам да дочитам
Ние моментално сме на одмор и бебе е 8 месеци. Има 3 пара купачи, на секое бањање облекувам нови. Реално јас мислам дека требат иако е за неколку минути, ама бебе голо во вода кога видам не ми се допаѓа ич. Не мораш најскапите, доволно е да имаш некакви, и горен и долен дел па да менуваш. Такви со спф не ти требат зашто сигурно нема да го бањаш во најжешкото
Не знам јас некако познавам повеќе луѓе што како што рече @fana со помала разлика. 2,2 и пол години мислам не е мала разлика. Има и со многу помала разлика пример година или година и пол.(толку не би се осудила). Велат дека им било подобро заедно си ги пораснале ,заедно си играле. А колку е поголема разликата да можеби ќе те слуша ама сигурно нема да му биде интересно со бебето да игра. Ќе сака да го носиш да игра со топка или на лулашки или на друг нсчин ќе сака да му посветиш внимание а ти треба да го гледаш бебево во тој момент. Еве едниот внук е поголем и ќерка ми воопшто не го интересира да си поигра со неа. А помслиот внук нон стоп се врти околу неа и си играат заедно. И во двата случаи има и предности и недостатоци. Пример годините, не е исто да раѓаш на 40 и 30. Во поглед на нервите и енергијата. Затоа останало да се раѓа додека си помлад а не на стари години.
И на 2 ипол години разлика си сакаат лулашки, деца, трчање надвор. Блиска исто има две деца разлика 16 месеци и пак поголемото си бара надвор. Разликата е што помали ќе мораш да ги пазиш и двете, а ако едното е поголемо нема да бара толку внимание доволни му се децата. Пак ова од мое искуство.
Здраво мајки, Колку вода пијат вашите бебуши на 11 месеци? Моето едвааај 10тина голтки. 3-4 после секој оброк и толку. Нудам нон стоп, џабе. Сега времево стана потопло и страв ми е да не дехидрира. Инаку цица.... Проблем имавме никакво шише со цуцла не сакаше, и на крај со клунче едно го прифати, ама за 10 голтки Чај не сака да помириса...... Чаре некое како да засакаме вода?
И моето исто ни шише, ни чаша, ни клунче, ни лажиче од ништо не пие вода. Се дави ко во море да сум ја фрлила. Скоро 11м е исто. Си се држи до цице
Го чеша увото (ама незнае нели сеуште како и со цела рака нагоре усправена- триј триј) Нарочито ноќе... А трае еве некој период, само што не е континуирано. Некогаш да, некогаш не. Кога се трие, ноќе дури и се разбудува Што може да е? Не верувам да е воспаление скраја да е, тоа нели боли ... Да не е чисто, чисто е. Му ги чистам со чепкалче секое капење. Косата мислев го кокотка, ја скратив зад увото... Ништо .. Стварно незнам
Јас секој ден давам у различно за да им биде забавно, шише со цуцла, чаша со клунче, шише со цевче, чаша за ракија, обично шише за вода од нас, мало шише за вода роса оние детските, обична чаша, лажица. Некогаш имам поише среќа, некогаш помалце
Јас живеам на море, купачи не менувам на секое бањање, а не сум видела некој да менува. Имам пелени за во вода, тоа ставам и облакам купачи. Ја вадам од вода, си игра, после пак во вода. Пред одење ја соблакам. Родив на 25 и 34 и искрено сега сум посмирена, поопуштена и позрела. Но ако сакаш второ, не треба никој од овде да ти влијае. Твоја одлука е, ние еве само може да споделиме искуство. Исто, се чеша, ама мислам дека не ја боли. Се мислев да ја прашам и матичната зошто толку се чеша.
Мене ми е попрактично вака зашто купачи облекувам само додека е во вода без памперс, кога го вадам веднаш ги соблекувам и ставам памперс. За второ облекување облекувам други доколку тие не се исушени. Памперс за во вода не зедов, лоши коментари добив и овој начин ми е супер
Бебето ми е доста бело, а и дебело. Пред да излеземе од дома, го мачкам цело со 50ка фактор. Имам читано дека пола саат пред изложување на сонце дека треба да се нанесе фактор. Целта е кожата да го упие. Купив пелени за во вода, а горе си носи маичка, демек со заштита. Го оставам и голо горе под сенка. Купив базенче и гума со стреа. Со оглед дека сонце не го гледа не се потресувам. Под сенка седиме, базенчето е под сенка, гумата е со кров.
Читав и за тоа. Баш правеа споредба зошто да користиш пелени за вода наспроти обични. Наводно обичните се полнеле со вода и тежат, затоа подобро да се носат за таа намена. Еве мали користи, супер се. Лесни како пердув.
Мене пак неколку мајки ми рекоа дека тие за во вода се полнеле, а не за обичните, или јас нешто грешка сум разбрала. Супер шом така фала на инфо
Земај не се мисли. Како ги ставив така ги извадив. Не знам како функционираат, ама не се осеќа дека се вршело нужда или пак во вода биле натопени.
Дали Аптамил кај нас и Алмирон во Грција се истите млека? Амбалажа, производител и состав се исти само името е различно. Во Грција сме и при крај ни е млекото. Ќе ја означам @koritsaki ако знае да помогне ама и од другите секое инфо е добредојдено
Не се полнат, јас некни и ставив, сува си беше пелената. Се полнат обичните пелени, тие за во вода не.