Бебињата што цицаат многу потешко прифаќаат чаши, шишиња и сл и не пијат толку вода. И ние сме исти, цица и во тек на ден 20 мл дали ќе испие кога јаде.
Штом цица не се плаши од дехидрирање. И моево има проблем со пиење вода, а има само 3 шишиња ад во денот. Нудам вода нонстоп, некогаш ќе испие 60-70мл ама некогаш не сака ни 20. Првото дете ми беше доенче и одма од 6тиот месец прифати чаша за ракија, само така пиеше вода, шише никако. И сега ако му дадам директно од шише си бара чаша.
@Iris-1234 немам појма од млекава дека не сум давала на децава мои, ама ќе ги тагнам јас @Yowannty @Kallias2 можеби имаат повеќе искуство од мене. Може во меѓувреме веќе си купила
Пелените за во вода пропуштаат течности, тие се за да ги задржат каките во пелена. Не тежат. Обична пелена ако ја ставиш во вода ќе се наполни и ќе тежи.
@Iris-1234 немам искуство со формули па не можам да советувам. Мислам дека Алмирон беше грчко млеко колку ме држи сеќавање. @Erika.greeneyes се гледа дека сакаш бебе. Те приметувам во другата тема, никој не праи толку грешки ако нејќе. Собери се психички пошто е многу исцрпувачки и физички и ментално и праи бебе. И да се имаат едно со друго во животот или да си играат заедно се само изговори. Ни едното ни другото не значи ништо ни кај помала ни кај поголема разлика. Праиме деца оти ние сакаме да имаме деца, тоа е реалноста. Јас лично прво, сметав дека разлика од година/година ипол е премала, оти сакав да му дадам исто шанса и на моето тело да се одмори и не сакав да го ставам повторно во таков дистрес по цена на мојата желба. И второ, сакав да поминам низ раѓања и растење деца за да си се посветам и на својот живот понатака без да треба да застанувам и поминувам пак низ истото. Да немав спонтан ќе беа 2 ипол години разлика, ама и вака ми е ок. Да почекав поише тешко и дека ќе се одлучев, на голема разлика не сакам деца. Од друга страна ако син ми беше прв немаше шанси да помислам на второ оти ме цеди до последна капка енергија. Огромен предизвик се мали деца, ама ако мислиш дека можеш да одговориш зошто да не, go for it.
Абе какво тежење на пелените. Они се полни со вода во вода. Не оти ќе го облечеш и пуштиш бебето да плива за да му сметаат. Или го држиш во раце или го седнуваш во гума. Се полнат со вода да, ама задржуваат каки, тоа им е првичната намена. Соодветна замена исто така се клот пелени без инсерт внатре. Такви користев за ќерка ми.
Тенкс, веќе му земав Видов дека и составот и сè е исто, освен името. Колку што прочитав на нет и во Шпанија Аптамилот се викал Алмирон
Да бидам искрена ти ги почитувам мислењата и речиси со сите до сега твои мислења сум се согласувала. Ми се допаѓа како размислуваш и како споделуваш твои искуства и совети. Ама овој пат погрешно ти е мислењето околу грешките дека намерно ги правам. Само два пати се случи тоа и ни најмалку не беше со намера како што може да се случи на секој брачен пар. Првиот пат беше ептен на почеток не сум луда толку рано да правам намерно грешки. Да сакав ќе работевме на случајот и ќе ме читавте во труднички. Погоди само едно нешто дека сакам второ да,ама не сега. Не во овој момент. Дури не сум ни размислувала до сега за тоа кога како да биде, ама последниов пат кога се случи ризичниот однос со пријателка зборував и ми вика а кога би сакала второ и тогаш размислував дека да бидат над 2 години разлика би ми било ок за мене. Ама сепак ние и не можеме баш секогаш да знаеме како ќе биде пошто не оди секогаш по планираното
Ајде ајде ќе видиме дали сум погодила или не. Нејсе. Некогаш кога посакуваме нешто потсвесно, и несвесно правиме некои работи кои или би саботирале или би придонеле кон истото. Ама тоа не е ни битно. Сакав само да ти кажам дека твое легитимно право е да посакуваш второ без разлика кога и не должиш никому објаснување. И немој да се држиш кон било какви изговори кои можеби би те лимитирале повеќе отколку мотивирале. Доволно е само да имаш желба, односно нели заедно со партнерот да ја делите истата желба. Оти сите ние имаме деца оти сакаме да имаме, ама ги имаме под различни околности што придонеле кон тоа. А што треба да си биде, ќе си биде во своето совршено време.
@Yowannty многу на место кажано Еве јас ќе си кажам мој пример. Кога ќерка ми наполни 3 год, а тука некаде со некој месец разлика ни беа од пријателиве децата, сите отидоа на второ. Јас некако почнав да чуствувам притисок дека мора, а искрено не бев спремна. Прво траумите од пораѓајот уште ми беа свежи, второ сакав некако да се посветам убаво на првото. Тоа си беше моја желба. Сакав да кажам никој ништо ми немаше речено у стилот ајде кога второ, ама таа преќутна разлика од 3 год кои што ја имаат повеќето браќа и сестри, па и јас со сестра ми мене ми беше товар невиден. На крај го седнав мм и му кажав јас неможам сега, иако он ништо ми немаше речено, само кажа кога сакаш тогаш, уживај и не се замарај. Е сега кога направи ќерка ми 6 год тогаш и јас сакав и она почна да си бара. Ама не е секогаш како сакаме па тогаш почнаа да се случуваат некои работи кои целосно не дефокусираа од се во животот па и бебе, кога помина тоа фати пандемија, па спонтан....и се направија 10 години Како и да е како што рече yowannty нема тука кај брат/сестра/комшија се мала или голема разлика па чини или не чини. Кој како си се осеќа така. Ништо со сила за да децата си играле или на едно пелените да ги истераме. Еве јас со едно мењам пелени, со друго улошки. Не е идеално можеби ама убаво е и тоа. Големата веќе оди сама на одмор, шета со другарки, јас со малово се подмалдувам и тоа е тоа
@V.N. Јас зборам како некој што воопшто не осеќа никаков притисок од околина. Моето искуство е такво што кога врската ни стануваше сериозна, со маж имавме разговор дека можеби деца нема воопшто да имаме. Мене ми беше битно да знае дека своевремено јас не можев да се замислам во улога на мајка. Ама евентуално се најдовме на иста линија со желба за едно. Кога добивме едно знаевме дека ќе одиме на второ, а второ уште не родено се спомна трето. 2 и 10 ипол месеци значи нецели 3 години се разлика, со пелени напраивме примопредаја. Ама дефинитивно моменталните околности си имаат најголема улога. Прво имав спонтан, потоа излезе селидба и решивме дека бебе ќе почека. Не дека не знам како се случи второто, ниту можам да кажам неочекувано беше, ама во целата фрка околу селењето за кое мораше за прилично кратко време да се организираме, маж ми само што замина за Германија по 3 дена дознав дека сум трудна. Животот пишува романи. А и сакав син да имам па ми се исполни желбата. Сега си имам по едно од двете па веќе не е ми е ни битно што понатака. Иако многу пати околностите не ни се наклонети воопшто, од срце посакувам секој да си дочека и да си наполни раце небитно ни кога ни на колкава разлика. Само нека се исполнуваат желбите.
Јас го земав по препорака од аптека дека е на природна база без додатоци и безбеден за беба, го користам за низ населба
Ви се случува ли да се разбудат бебушките со неконтролирано плачење? Половина час го смирував и едвај да се утеши. Липање буквално.