Да, се почесто се случува тоа. И само мм може да го смири, пали ламби и го разбудува. Еве сношти се разбуди така 2 пати, мислам жешко му беше, плус и на тоа пак со вирус и кашлица сме
Вчера баба ми дојде да ја види бебе, да видите како пие вода, на секој пет минути и го даваше шишето со вода, пола го испи Јас кога и давам не сум доволно интересна...
Бебево ми одбива да цица, одбива храна, само вода пие не знам што да правам убаво си цицаше кога да понудев цице фаќаше, мислам дека заби се во прашање, но што да правам во овој случај?
Здраво мајки, мојот бебуш наполни 6 месеци па се надевам ме примате во друштво тука Денес бевме на ортопед и сѐ е супер, освен што бебето ми спие на меше (јас го ставам на грб, си се врти самиот) и сега сум загрижена да не дојде до искривување.. како да го навикнам на грб, да дежурам и цела ноќ да го вртам? Некој со слично искуство?
Периодов сме хаос со јадењево. Прво не сакаше ништо да јаде, едвај се намолувавме неколку голтки млеко и неколку лажици кашичка. Сега бебе јаде три оброци, а млекото измеѓу оброците, односно ужината никако не ја сака. Ни капка, ни една голтка. А навечер си пие две шишиња млеко, преку ден шанси нема. Не знам што да правам веќе, 9м има многу мало ми е за да не пие воопшто млеко преку ден. Дајте совет што да давам..
Update: го успав на грб за дремка некако, се боревме и после 5 мин влегувам и пак на стомаче беше.. па го вратив и за 10 мин пак.. изгледа ќе видиме кој е поупорен
Тој ќе биде поупорен Моето на стомак спие од кога научи да се врти, пред да наполни 4 месеци. Педијатар и ортопед ми рекоа да го оставам. Мене ми беше страв да не заринка во душек, па заради тоа дежурав некоја вечер. Пробував да го свртам, се лутеше и си се враќаше пак на стомак. Ортопедот ми рече како ќе си се намести, така да го оставам да спие. Ми вика тебе те врти некој кога спиеш или како ти е убаво така си се местиш. Препораката за спиење на грб е поради опасност од задушување кај мали бебиња, не е поради искривување. Кога ќе почнат да се вртат сами може да спијат на стомак, затоа што доволно се силни да ја подигнат главата и да ја свртат.
Фала ти многу, ми значи искуство, за задушување не ми е страв искрено зашто сѐ главата му е свртена на страна и никогаш го немам видено во душек да му е забиена, ама ортопедката ме исплаши дека било лошо за ноџињата(ќе се искривеле).. ама повеќе ми има смисла ова како тебе што ти кажале
Може да си спие како што сака, не ги удира нозете некаде, нема како да се искриват. Рбетот исто не може така да се искриви. Нека ужива
Кај Антоније го носам на ортопед, од него ми е ова кажано. Инаку јас цел живот на стомак спијам. Нозе пушка прави имам Нека си спие бебушот раат, не го врти.
Пуштив вчера прв пат, не се дишеше. Еве и сега врти ама ја пуштам таа у ходникот кај спалните па иде и накај дневна и накај спална и не е да кажеш грч ладно, туку баш пријатно за седење.