Ако сам се врти остави го да си спие како што ќе си се намести. Допрва ќе гледаш секакви позиции Само следи ги препораките за безбедно спиење на бебиња, значи во креветчето само чаршафче затегнато, ни ќебе ни перници, ништо.
Се нафрла бебе на двете раце вака и малку и на торзото. Немам сменето прашак, не е јадено алерген. Го бањам со Биодерма и мачкам со Мустела за хидратација. Единствено што различно правам е што почнав повеќе да го пуштам на земја. Подот го бришам секој ден со влажни марамици за чистење, што не верувам да се агресивни толку. Ви се случило вакво нешто и што е?
Едно можеби глупо прашање.... дали си играат со тркала/гуми од колички? Мојот многу сака да ги врти а знаете по нет сешто пишува.. дали ги вртат тркалцата на количките?
Да, интересно и е. И нормално е Дека се знаци на аутизам, мислам дека така имам прочитано на форумов. Не сум гуглала, ама не мислам дека е тоа точно
Да, така пишува на нет ама веќе се претера со тие знаци за аутизам. Само ги анализираме децата што и како прават наместо да ги оставиме да си растат најнормално. Дали нас не гледале дали вртиме тркалца или мафтаме со раце или не знам ти што
Одамна веќе ништо не читам за бебе и многу ми е помирна душата. Среќна, весела, си напредува добро - нема што да се замарам да барам дијагнози.
Во неколку наврати те читам со слични прашања. Како некој што поминал месеци во хиперанализирање на секоја работа што ми ја прават или не ми ја прават децата да ти дадам еден совет. Батали нет, се живо и диво се поврзува со аутизам и само нервози си ствараш. Вртење тркалца е забавно и скоро сите деца го прават. Загрижувачки е ако некое дете над 3 години го прави и го прави поголем дел од денот и не знае да си игра со ништо друго. Деца до 3 години и вртат тркалца и мафтаат со рачиња и прават чудни работи и се е тоа нормално. Аутизамот е состојба поради која децата имааат проблем со социјална комуникација и тоа е прв и основен критериум за дијагноза. Репетитивни игри или движења со раце и тело се нормален дел од развојот на децата и може да се симптом на аутизам само ако првиот критериум за дефицит на социјална комуникација е исполнет. Да можам да се вратам некој месец наназад да си треснам шамар сама на себе колку се опседнував со глупости Среќа па наидов на корисни материјали со кои уствари разбрав што и кога уствари е нормално а кога не па сега сум по раат.
Мене така ми правеше неколку дена по ред. Прашав на педијатар, ништо посебно, се случува. Прати само после дали ќе се мочка. Ако не мочка ни после, значи е дехидрирано. Кај мене после пола саат ја правеше пелената утоп.
Кај мене двајцата откако се родени не мочкаат ноќе. И јас се грижев, ама веднаш после будење се мочкаа.
Расте. Почнува да го регулира метаболизмот одн нема да мокри и да кака навечер. Или може само така се погодило, зависи за колкаво бебе се работи.
Не го кажувај ова на свекрва или мајка, ќе ти каже дека е спремно без пелени да е Нормално е, си го регулира биоритамот веќе, самиот организам распознава кога е ден, а кога вечер. Ако продолжи да не полни пелени и сабајле тогаш е веќе загрижувачки
Мајки можно ли е кашлање да е поврзано со излегување на заби? Нема растечен нос, нема температура, само кашлица. Викенд е па незнам што да правам
Фала ви царици мои! Значи таман де смири све и оп мочкањето почна )))) хахаххаа добар е после сат време мочаше утоп направи.
Кај мене 5+ е,и вчера утрото исто се разбуди со сува пелена. За кратко, некои 15тина минути ја наполни. Е сега овие два три дена сите пелени се полни ама помалку него претходно бар јас колку што забележувам. Ќе пробам до понеделник малку зголемување на течностите што ги внесува за секој случај.