Моево ме полуде. Таман намаливме со цицање, фати ред во спиење и јадење дојде 7 скок со заби. Неколку дена од цице не е симната, кога и давам да јаде ми ја стиска устата и ми се мршти, вода ретко скоро ич и само се лути и вика. Ништо не и е погодено, ама вика баш нервозно и преоѓа во плачење и фрлање на грб. Е тогаш ако не ја задржиш ќе се залепи ко палачинка или за ѕид или за земја зависи каде е. Заспивањето е посебна приказна тоа трае и трае и трае....
Цело време откако се стопли, со усул и гасење , уште од болница пуштавме лето беше и нив им е топло @V.N. омега давам и ќе давам. Убава е за мозочето. На големиот уште малку 6 год. сеуште давам молерс. Не гледам причина зошто би престанала
@eli25 каков е во вкусот на Молерс? Големиот треба да пие омега ама не купив од што знам дека е проблематичен. Не знам ни дали да пробувам, магнезиум сируп и бедоксин што ни препишаа не ги пие, а не такво нешто Читав кај некоја на Инстаграм дека убав вкус се ама не ми се верува
Си пробала да дадеш со храна/млеко? Јас му ја давам со лажичка и одма му го буткам шишето со млеко во уста (или лажичка со каша) и нема време да се буни и да плука, голта сосе јадењето. На овој начин мислам дека можам било што да му упикам.
Има неколку вкуса: лимон, тути фрути и зелено јаболко Мојот што е најпроблематичен за вкусови пие од лимон. Се осеќа омегата, ама малку е неутрализирана . И на хелт еид ја пише , шумско е. Ама доаѓаше бааги поскапа па години го префрлив на молерс @V.N. можеш и со молерс да пробаш. Или да ја ставиш во нешто. Јас директ капсулата ја ставам во уста , дур осети , ја испила
Пробано е се и само капсулата и последното лажиче кога јаде и го полнам со каша и ставам омегата пак ми плука. Ѕверка е невидена! Ќе пробам со молерс можда ете ако вкусот не е толку јак. Колку време од прилика ви трае едно шишенце молерс?
Јас уште го трошам првото шише, пред месец ипол отприлика ми е отворено, негде до пола сме стигнати. По 2,5 мл на ден, значи има 100 дози или отприлика за три месеци во едно шише. А и препораката е да се искористи во рок од три месеци по отворањето. Не знам каков е вкусот ама многу јак мирис има, ние го имаме тути фрути. Мислам да пробаш на почеток од оброк да дадеш, кога е гладна. Тоа е, наше е да се обидуваме до бескрај, нивно е да не зезаат
Исто и кај нас е. А се нормално си јаде, пие вода, цица… Многу затопли и се потат и бебињата и плус се губат телности и преку дишење… Друго објаснување немам.
Исто... во 20:00 е заспан и спие до 6 и 20 сабајле кога станува наспан, свеж и спремен за акција ... Последниве 3 недели е така, пробав и покасно да го заспивам и пак исто сабајле станува рано
На сите кои имаат бебиња во период на лазење и проодување им посакувам челични нерви за на годишен одмор, ќе ви требаат. Пред да тргнете бидете спремни дека ќе се вратите поуморни од кога сте тргнале. Живот
Да знам дека тоа време е најидеално за бебе цела зима така заспивме затоа можеби и сеа му е навика тоа време да е кома, сабалје на работа сум ќе се шета со баба и тато