Затоа ние решивме да паузираме од одмор годинава Мм не е тип за плажи а уште помалку со бебе во фаза на лазење, ќе треба разведени да се вратиме
Затоа ни не планирам да одиме никаде, ќе се вратам утепана од умор а не одморена. Можеби еден викенд до Охрид ќе отидеме ама и за таму ми е на мислам дали да одиме.
Ама тоа се добри бактерии што им требаат за јачање на имунитет Среќна сум барем мојава што не лази значи, ама затоа со дубак ќе одам
Не спие премногу , мојава легнува околу 21 и 30 , веќе не ни станува за цицање , спие до 8 и 30 сабајле, ама затоа преку ден е борба , по пола саат до саат максимум , исто само ако некој има до неа
Ти се има паднато џек пот ултра оној американскиот. Тоа имам да кажам. Нема место за грижа, уствари така треба сите да спијат
Ме интересира ако се работи по смени прва и втора. Малата кога ќе ми почне во градинка ќе оди сабајле а јас ако сум втора на работа тоа значи дека цел ден нема да ја видам ќерка ми. Сабајле јас ќе бидам дома пример таа во градинка таа кога ќе заврши јас ќе бидам на работа. Вечерта кога ќе се вратам таа може и ќе спие. Цел ден без да ја види мајката. Ме интересира дали има закон и втора смена да не се иде?
Кај нас во фирма стои мајка до три години не оди во смени и не работи прекувремено освен ако не потпише самата дека сака да работи во смени и да останува прекувремено
Кога се во регресија може ли да плачат во сон? Не знам што му стана ама во првите сат време од како ке заспие на неколку пати вреска. Не би кажала дека го боли нешто, добро си е, весел е, се смее, си игра. Е единствена промена му е што не го пое секогаш цело млекото и што почна пак да се буди околу еден за млеко. Сето ова почна крај на шести месец.
Истиот период имавме и ние такви вечери. Врескаше често со затворени очи и не се смируваше додека не се расони. Траеше 4 недели, претпоставувам регресија беше
Бебево е 10 месеци. Некоја недела по раѓањето забележивме хемангиом на глава кој не растеше и си стои, а пред три месеци и на врат, а ми делува како малку да е потпораснат. Искуства? Некој дерматолог да ми препорачате? Ме замисли ептен денес кога видов дека малку е зголемен
Нас на хематолог не пратија за хемангиомите, не на дерматолог. Во државна болница кај др. Гордица Бежовска. Тоа беше лани
Тимолол гел од Бугарија ( имам уште на залиха доколку на некој му треба ), Пропранолол таблети дозирани според килажа ама откако почнаа да се намалуваат хемангиомите ништо веќе не ставам. Како расте, и се растега кожата се повлекуваат, се познаваат ама 90% помали од тоа што и беа. Инаку, и правеа ехо на мозоче, на внатрешни органи и на срце. Бидејќи има 3 хемангиоми, 2 накнадно и се појавија а со еден е родена и кажаа дека можно е да има внатрешно крварење штом се појавуваат нови, и има повеќе од 2.
Леле многу ми е страв мене Мојава имаше една точка од раѓање на грбчето и таа и се повлече или се растегна кожата, ама на 3 месеци и се појави од другата страна поголемко и еве има скоро 11м уште стои. Исто и на носето и челото има побледи и тие кога се поизразени кога се побледи. На мое инсистирање кај матичната почнав да ја мачкам со тимолол ама нема никаква промена
А да, ги заборавив и точките помеѓу веѓи. Има неколку. Некогаш се поизразени, ама педијатар вика не е страшно. И тие ќе исчезнат само последни најверојатно. Спомна докај 5 години мислам Па ќерка ми е година и пол, после годината почна да и избледуваат нагло. Престанав и тогаш да ја мачкам
Крвни садови кои се собрани на едно купче и се доста изразени, црвено е местото како белег. Кај мене и големата има и малово сега