Мајки здраво. Ајде помош. Со бебе сме на одмор. Денес ми качи ТТ. 38.6 . Дадов двапати Ефералган и спаѓа до 38.3 ама мерено во газе Пошто знам дека во газе покажува повеќе ако е 38.3 во газе колку би била реалната? Не сум мирна стварно не знам што и е ,а не кашла и вака весела си е.
Ако мислиш од лежечка позиција сами да се исправат и да седнат моево е 8 ипол и сега прави обиди, а поголемиот на 6-7 месеци.
Пред два дена се вративме од одмор и по пат и излегоа вакви ситни брункички на задната страна на двете раце под лактите. Прво си помислив сигурно од жешко и е или од што се поти и само и ставив од Chicco имам едно мало како ролон е за смирување на брунки да не ја чешаат, арно ама вчера вечер ми качи тт. Прво качи 38,2 и и ставив чепче и симна и и варираше од 36,8 до 37,2. Сабајлево накај 03:30 пак покажа 37,6 и пак и ставив чепче оти ми беше страв да не случајно се занесам во сон а таа дигне тт уште повеќе. И сабајлево ми кликна си викам да не е ова сипаница случајно па затоа се и брунките и температурата?? И пишав на матичната ми вика не знам следи ја ситуацијата можно е и сипаница а можно е и од забите да и е. И сега нз што да правам а во недела сме на свадба кумови сме како ќе ја оставам со баба и и дедо и ако и е сипаница и како да знам дали е сипаница воопшто??
Како спијат вашите бебиња (9месеци-10месеци) Сами се успиваат или со вас? Ние сеуште се успиваме заедно (мислам си се успива без проблем кога ќе е време за спиење навечер но не сум пробала сеуште сам) Креветчето е споено до спалната, оградата од кај страната на спалната е извадена уште од day 1 и уште не е наместена. Легина тој во креветче, јас до него на спалната, заспива и после станувам- тој си спие понатамо сам. **Ноќе сеуште цица - најмногу до два пати
Кога прв пат ги шишавте бебињата? Мојот син (6 месеци) има долга коса и многу му се поти вратчето, а имам слушнато до година не се шишало, па не знам што да направам.
Охо, точно на 10 месеци ние, остај тие стари бабски верувања. Еве здрави и прави сме. Да фатеше жешко предходно и порано би.
Многу напредни бебиња имате браво Моето е 8++ уште не знае сам да стане, а од скоро почна и стабилно да седе, претходно се маеше како пердув Од 45 степени станува до горе, ама од лежачка до пола ќе стигне и ќе си тресне со глава назад
Ајде да прашам и јас, малата има 10 месеци. Сеуште цица, но треба женами да ја одвикне од цицање ради Х причини.. Но имаме еден огромен проблем! Шише и цуцла до сега никако не фати па ни сака да фати! Небитно тоа, најголемиот проблем е што вода никако не сака да пие! На секој начин е пробано чаша, лажичка и сл, но залудно може ке голтне една голтка, другото сето го плука! Дали некоја мајка го имала овај проблем, и како ви успеало да го научите детето да ,,сака да пие вода" ви благодарам однапред.
И ние сме со сличен проблем , вода не сакаше со очи да види додека не почнаа горештиниве , моментално сме на одмор и тука пие , ние сме во бунило ама нека пие колку сака ,само почесѕо нудење , цело време... инаку јас и имам земено магична чаша на нук , од неа пие, исто шише никако не прифати , ад млеко не сака да помириса , 10+ е и мојата, исто сме во фаза на одбивање од цицање , односно веќе цица само наутро некогаш , ако не сум излезена за на раб и пред спиење , секој ден и давам кисело млеко , павлака , јогурт така некако надокнадуваме млеко..... а за водата пак ќе кажам , кај нас упрноста помогна , уште трга со раката ако не и се пие , ама ако е жедна бога ми не одбива https://www.babycentar.com.mk/nuk-nekapechka-chashka-mini-magic-cup-160ml-6-mes