@mkd а шише со цевче сте пробале? Моето исто е на доење, ни цуцла сака ни шише со цуцла ама ете со цевче му се погоди. Некогаш и 2 шишенца вода пие. До душа дел и на него завршува ама си пие, интересно му е. @Anturium нека прекрши 9 па ново бебе ќе имаш. Има скок 9ти месец? До пред 3 дена немаше помирно бебе од моето. Наеднаш се смени, не си го препознавам бебето. Во ист ден почна да лази, да се исправува од лежечка положба и возможно е на 9 месеци да го каже првиот збор со значење? Ајде вика. По цел ден вика и уста не затвора, не застанува ни секунда. Обожава да се тркала на спална. И почна со кенкање. Многу е напорен, ама и никогаш не бил посладок.
Пробајте шише со цевче или мала чаша за ракија. Ќерка ми од мала чаша почна, инаку одбиваше секако. Нас тој не тресна од земја. Месец и пол имав друго дете. Не спиеше воопшто, не јадеше ништо, ни млеко не сакаше. Вриштеше 24/7. Арно не се фрлив од некаде доволно само да се повредам за да одморам во болница, мајке ми Ама, имам попаметно дете од тогаш. Порасна многу наеднаш
Ние сме 9м. На секој 2.5-3ч од будењето почнува да кенка за спиење. Некогаш ќе заспие, некогаш само ќе се тркала, ќе плаче и пак нема да заспие додека не се измори. Нз што му е, најаден, избањат, прошетан. Мн кенкав. Забите мислам дека се , ама нз нема помош. Изгледа мора да издржиме зар не е мн мал тој период за спиење на 9м бебе...
Ама не се мисли на такво станување Се вртат на меше, па ја наседнува ногата и седнува. Од грб директно да стане е малку покасно.
Мојата ја скокна таа фаза , ништо од тоа не правеше , па и сега освен што седнува сама друго не , не лази , не се ни исправа, ниту има желба , а 10+ е, секое во свое време , ортопедот нас ни рече не постои здраво право дете што не проодело, тоа ми беше доволно
11+ е син ми па уште не може од грб да стане, освен јас ако не го завлечкам за раце Се врти на стомак како куче и така станува. А додуша јас сум 26 години па исто не можам да станам дирек од грб, морам да се свртам на страна па да се исправам
Ма јас како баба станувам на 32 Се вртам на страна, па ги исправам двете нозе, па со раце се гурам нагоре нешто налик јога А тек од спиење кога станувам, прво кривам пола саат, ужас, где ми је младост
Да не ве плашам, ама штом јас го осетив 7 ми скок, значи верувајте не се трпат Мојава заспива од 9 до 10 часот, ама се буди едно 5-6 пати. Цица како новороденче, сила немам веќе, па и главата ќе ми пукне, пред добивање сум, абе вртоглавици имам. Она е во елемент битно. Се исправа кај ќе стигне, оди по маса, кревето, лази кај ќе стигне. Дезинфекција? Ахам Денеска отидов да си купам купачи и она реши да плаче, па ја ставив на подот, па ми избега од гардеробата и на прслок и долен дел купачи врз гаќи ја трчкав Среќа Х&М имаат посебен дел за женски После отидовме на плажа па си играше во песокот, цела беше песок. На плажа ќе најде некој пикавец, омилени и се. Душа немам од нејзе, не знам што се нема пробано. Вчера чистев, денес што имаше ронка во кујна, се изеде. Како робот правосмукалка е По цел ден ја бркам во устата. Капнав чистејќи. И да не помислите дека дома на под јадеме, да ви кажам дека за тоа е задолжен син ми и татко и кои кога јадат трошки прават насекаде и она после збира по нив. И да, ја учам парчиња да јаде, денес диња и дадов и фрла насекаде. Нормално чистев ама мало парче диња заскитало некаде и моментално имам инвазија од мравки. Ај упм BLW метод, што е следно да ми дојде дома. И така, секој ден е нова авантура. Зборувате за плажа, јас живеам на море и синко секој ден бара на плажа да оди. Багажникот во кола ми е полн со гуми за пливање, играчки за плажа, душек, лопатки. Маж свечено се откажа од колата и си купи друга.
Ние сме на аптемил 2, ама сега дадов млеко и отворив нова кутија и забележав дека погрешка сум купила аптемил 1, а веќе млеко му дадов. Дали има проблем што згрешив? Секако утре ќе купам нова кутија.
Аууу значи сега да се спремам психички ако имате нешто што ви помогнало да се справите полесно со истиот споделете