Мојата пропи од најевтините од зегин канпул Претходно земав некапечка нук, томи типи 2 во 1, твистшејк со клунче, нејќеше Сега пие од твистшејк беа на акција и и земав од сите три големини и различни бои. Убави се , лесни, сама си пие.Можеш и со рачка и клунче на чико или нук, син ми од тие пиеше
Неколку пати имам пишано, случајно порачав од Алиекспрес со цевка, 250мл,пластично за смешни 2.5-3€. Со рачки е, сам си го држи, без напрегање повлекува вода и од првиот ден се научи да пие. Сега си порачав пак, резерва.
И јас зедов на Твистшејк со цевка, ептен треба напор за да повлече вода. Мислам дека тие шишиња со цевка се за поголемки деца.
Twistshake со цевче си влече и сама држи, претходно со клунче и земав ама треба нагоре да го дига покомлицирано е, а ова си влече без проблем 10 м
Мојата пие од шише со цевка од Дм. Еден ден и требаше да се научи плус што не истекува вода од него и пие колку сака. 8+++
Значи блазе вас како ви пијат децата вода. Мојава 11м абер нема од ништо да пие. И она за 0м од чико што го имам кога и давам се дави Оваа цела недела па кај не пие вода па и не јаде. Незнам дали се сега 4 на ред да излагаат ама ме мрдна. Евентуално може 2-3 лажички павлака и толку. Затвара уста и врти глава. Крај! Само за цице отвара уста и да се кара ако не е нешто по нејзино. Какво ми е поголемото злато. Кога беше помала и во градинка од јасли одеше а воспитувачките ми викаа ова дете е како по книга. Им се чудев што зборат...дете ко дете. Ама сега со ова второво офффф...ги разборам од збор до збор! Дојдов, се пожалив, си отидов
Значи за вода совет што да земам? Некапечка земав едвај тече. Јас неможам да пијам, не па тоа. Од оние со полуцуцле од Дм нејќе со две рачки. Имам твистшејк со цевка ама тешко иде. Нз воопшто кој пие од такво.
Мајки, тие што имавте биосолис фактор, за тело со истиот ги мачкате или? Некако тешко се размачкува, се мислам дали да земам друг за тело а овој за лице да го користам.. Ако имате предлог некој? И пелени за вода од кои сте задоволни? Се спрема мајкава за одмор
Истово сакав да го пишам. Сите најдоа начин да им пијат. Само мојава од ништо не пие. Само цица. Косава ми падна од нервоза
И мојот не пие од ништо, со лажичка давам уште , какви не шишиња купив, чашки..не бре нејќе и нејќе..му давав шмукалче и сам ги шмука, викам ај да купам и шише со цевче може така ќе почне..не и не и се откажав...давам со лажичка..
Со лажичка не пие? Или од чаша за ракија директно. И мојата не сакаше никакво шишенце, штом и дадам бебешко само го грицка, го врти в раце, го игра, затоа вака од Роса малечко одма вода тече и се навикна, голта ко да нема видено.
А да ставиш во обична чашка вода и сламка да ја пробуваш, мојата така почна да влече па и купив twistshake со цевче.