Совети, искуства од мајки за бебиња од 6-12 месеци

Дискусија во 'Бебе' започната од francais, 16 јануари 2013.

  1. Skyler

    Skyler Истакнат член

    Се зачлени на:
    18 октомври 2022
    Пораки:
    4.050
    Допаѓања:
    13.317
    Пол:
    Женски
    Да, има голем избор за алтернатива, јас те сфатив дека не сакаш со хемиски филтри.
     
    На Doktor F му/ѝ се допаѓа ова.
  2. Leanne

    Leanne Истакнат член

    Се зачлени на:
    13 август 2022
    Пораки:
    284
    Допаѓања:
    1.165
    Пол:
    Женски
    Здраво од мене,
    Ви се приклучувам и јас во темата, бебуш е 6+, откако почнавме со цврста храна почна многу често да кака. Се случува и по 6-7 пати на ден, минатава недела скоро секоја ноќ во 3 саат се искакуваше. А вака се е нормално, петиот скок и е негде при крај, инаку не ми личи како нешто да и е тешко. Правевме и крвна слика, се е супер.
    А и ако може некој да ме утеши дека ќе почне бебето пак да преспива ноќ и да не се буди по сто пати навечер и дека ќе се продолжат овие дневни дремки од по пола саат. Не знам јас дали правам нешто погрешно ...:wasntme:
     
  3. perlaa1

    perlaa1 Популарен член

    Се зачлени на:
    29 јануари 2018
    Пораки:
    881
    Допаѓања:
    2.760
    Пол:
    Женски
    Најверојатно ко ќе порасне :D
    Не си сама има многу како тебе и јас сум една од тие.
     
    На Secret-Angel7, V.N. и Leanne им се допаѓа ова.
  4. Eli23

    Eli23 Форумски идол

    Се зачлени на:
    4 март 2012
    Пораки:
    4.608
    Допаѓања:
    48.968
    Пол:
    Женски
    Распоред на спиење на 11месечни-годинка?
     
  5. shz

    shz Форумски идол

    Се зачлени на:
    1 септември 2012
    Пораки:
    6.276
    Допаѓања:
    50.904
    Пол:
    Женски
    Вечерно време заспива накај 22-23ч најкасно станува околу 08ч.
    После заспива околу 11-12ч па околу 17ч.
     
    На fana и Eli23 им се допаѓа ова.
  6. velesanka

    velesanka Популарен член

    Се зачлени на:
    26 ноември 2009
    Пораки:
    2.649
    Допаѓања:
    2.476
    Мајки, за некој ден почнувам на работа, искористив се што можеше да се користи. 10 месеци ми е бебето, како се организирате со храна? Појадокот најмногу ме мачи, рано тргнувам на работа
     
  7. shz

    shz Форумски идол

    Се зачлени на:
    1 септември 2012
    Пораки:
    6.276
    Допаѓања:
    50.904
    Пол:
    Женски
    Исто си јаде како што јадеше и дома кога бев јас.
    Моментално ја чува татко и дедо и кој е слободен.
    Ако ја чува некој дома нека јаде како што си јадела досега во тој термин.
     
  8. Jana7

    Jana7 Истакнат член

    Се зачлени на:
    18 декември 2013
    Пораки:
    206
    Допаѓања:
    177
    Јас само да се пожалам.
    Ова мое бебе мрази да спие, јас немам друго објаснување. Станата од 5 сабајле со три дремки, сега ја легнав и пак за пола саат се разбуди. И се спие не е ни за шетање а нејќе ни да презаспие се нишкаме сто саати, жива вода и двете.
    И тоа мора јас да ја успивам кога ќе се занаети вака, плаче со татко и. А на море сме, демек убаво спиеле децата тука, аха сигурно. Ќе полудам.
    Ви завидувам на вас што ви заспиваат/спијат во количка бебињата на шетање.
     
    На Rtulka, Erika.greeneyes, Panovic и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  9. januari19

    januari19 Популарен член

    Се зачлени на:
    30 јануари 2019
    Пораки:
    777
    Допаѓања:
    1.762
    Пол:
    Женски
    Навечер 20h е кома до 6:30.
    Прва дремка 10 саат ( пола саат до саат спиење) втора дремка од 14- 16h.
     
  10. Ano

    Ano Форумски идол

    Се зачлени на:
    4 октомври 2016
    Пораки:
    9.165
    Допаѓања:
    40.526
    Пол:
    Женски
    :hai: се пријавував и јас во темава од денес полни 6м и официјално од денес во 5 скок. Заб втор никнува, за среќа спиењето е стабилно, нормално се буди меѓу 5:30-6:30 како и до сега:drunk:
    Јас мислев големиот дека е ранобуден, ама имало и полошо.

    Не е за пубертет, баш како растат секоја фаза си носи свои предизвици. Еве со големиот веќе почнуваат проблемите и тоа во градинка најголема група. А допрва од есен во училиште кој знае што ќе не чека. Особено за наивковци како мојов:worried:. Не зборувам за учење и слично, туку во предизвици во интеракција со други деца, влијанија .
    Гледам за вода и шишива сте правеле муабет. Јас допрва почнувам да нудам зошто пред една недела почнав да воведувам вкусови, и пивнува од сите по некоја голтка (скоро сите се меки клунчиња), ама откако ја извадив и понудив чашката со пластично клунче од икеа, дете не сопира. Така да ако не сте пробале таква опција пробајте може ќе е решение. Единствена мана на оваа е што нема капаче па за надвор не е практична, ама сега ќе сум во потрага по таква. Таа на твист енд шејк со тврдо клунче не е практична зошто има монтирано мини цевче, па пак мора многу да влече. Освен да пробам да го извадам цевчето, ама па мислам многу ќе тече без него.
     
  11. kalinaka

    kalinaka Популарен член

    Се зачлени на:
    25 ноември 2009
    Пораки:
    625
    Допаѓања:
    2.075
    Пол:
    Женски
    Моево само од ова пропи вода 6то шише по ред ни беше и последна надеж. Само цевката ја извадивме и си шмука како од цуцла. И млеко пие од него преку ден.
     
    На velesanka му/ѝ се допаѓа ова.
  12. Doktor F

    Doktor F Популарен член

    Се зачлени на:
    9 мај 2017
    Пораки:
    2.527
    Допаѓања:
    8.134
    Пол:
    Женски
    Можеш да пробаш да смениш пробиотик.
    Јас сум задоволна од диастоп.
     
    На Leanne му/ѝ се допаѓа ова.
  13. Iris-1234

    Iris-1234 Популарен член

    Се зачлени на:
    6 август 2021
    Пораки:
    5.930
    Допаѓања:
    12.263
    Пол:
    Женски
    Биодерма педиатрикс, презадоволна сум а и составот има добра оцена:)
     
    На Doktor F му/ѝ се допаѓа ова.
  14. velesanka

    velesanka Популарен член

    Се зачлени на:
    26 ноември 2009
    Пораки:
    2.649
    Допаѓања:
    2.476
    Од тоа со цевче пропи? И мене ми е последна надеж :D
     
  15. kalinaka

    kalinaka Популарен член

    Се зачлени на:
    25 ноември 2009
    Пораки:
    625
    Допаѓања:
    2.075
    Пол:
    Женски
    Да, тоа од ДМ. Навојот и цуцлите фаќаат на сите шишиња од babylove, а има и само цуцла да се земе.
    20230602_182834.jpg
     
    На Eli23, Doktor F и velesanka им се допаѓа ова.
  16. Telenovela00

    Telenovela00 Истакнат член

    Се зачлени на:
    9 јуни 2021
    Пораки:
    163
    Допаѓања:
    421
    Пол:
    Женски
    Пред некој ден му ја снимаа со ЦТ главата на син ми , бидејки од едната страна му е сплескана. Целта на снимањето беше да се исклучи можноста за краниосиностоза(прерано сраснување на шевовите).Фала му на Бога не е тоа. Ни дијагностицира позициона плагиоцефалија т.е. синдром на сплескана глава , а причината за тоа е спиење во една положба. Уште од 1 ипол сам си ја враќа главата на лева страна го вртам , сум ставала тетра пелени но џабе. Приметувам дека и правецот на увото му е закосен. Докторот вели дека главата се оформува до 2 години и дека со тек на време ќе се среди(кога ќе почне да седи ќе се намали притисокот врз главата). Навистина незнам што да правам дали да правам .Овде кај што живем има опција за шлем за да се среди формата на главата но сеуште доктор не ми го препорачал. Вие мајки , родители дали сте имале ваков проблем со доста забелржлива сплесканост и дали имаме шанси да се среди?5 месеци и 1 недела сме
     
  17. Jana7

    Jana7 Истакнат член

    Се зачлени на:
    18 декември 2013
    Пораки:
    206
    Допаѓања:
    177
    Им се случува нешто после 6ти скок, или само моето е вакво? Според апликација е завршен ама секое успивање ни е со борби и плачки, а едвај издржува 3 саати будна, кенка и и се спие нонстоп. За време на скокот не беше вака, стварно не ми е јасно. 8ипол месеци сме
     
  18. Ano

    Ano Форумски идол

    Се зачлени на:
    4 октомври 2016
    Пораки:
    9.165
    Допаѓања:
    40.526
    Пол:
    Женски
    5 ти скок не дрма јако. Ниеден скок немав проблем со цицање, овие неколку дена денски е неиздржлив. Таман фатил да цица и каналите се активираат и струите, млеко тече на сите страни, а тој се трга и ме гледа во очи и се смее. Ќе фати уште неколку пати по 2-3голтки и толку се откажува :drunk: , а јас лом од што тече на сите страни. Само навечер пред заспивање и еден ноќен подој се без борби. Побудалев скроз. Добро е што бар е заинтересиран за јадење и веќе воведоб 6-7 намирници па денес веќе му дадов поголема количина, малтене цела мала кашичка. Тој мислам дека уште ќе јадеше, ама мене ми беше страв. Ама ако вака продолжи ќе морам фул оброк колку сака да давам. Се надевам само нема да направиме некоја беља и да се одбие од цицање или да ми секне млекото:worried:.
    Не сум паметна што да правам. Дал да молзам кога ќе цицнува вака срамежливо, ама па шубе ми е да не побара за брзо па да нема доволно. Давајте совет што да оравам:drunk:
     
  19. Miss_S

    Miss_S Популарен член

    Се зачлени на:
    11 февруари 2022
    Пораки:
    3.749
    Допаѓања:
    7.785
    Пол:
    Женски
    До која возраст една мала кашичка е оброк?

    Максимум што сум дала на моево е толку. Макар што некогаш мислам од одреден тип дека може и повеќе ама ми е страв за повеќе.

    И кога се воведува втор оброк исто се даваат по неколку лажички на почеток? Или се нуди поголема количина од веќе пробани работи? Некаде пред 7 полни месеци би воведиле и втор оброк. На пример давам млеко наутро, па цела овошна кашичка следно јадење. И после тоа неколку лажички зеленчук/месо или со нудам колку сака да јаде?
     
  20. Iris-1234

    Iris-1234 Популарен член

    Се зачлени на:
    6 август 2021
    Пораки:
    5.930
    Допаѓања:
    12.263
    Пол:
    Женски
    Мојот од старт е голем јадач. Јас давам колку сака да јаде. Јаде околу 190-200гр, тоа е колку големите кашички. Само вечера му немам воведено уште бидејќи ми заспива и некако се немаме погодено :)
     
    На oblace1, Rtulka и Miss_S им се допаѓа ова.