Бебуш прими вакцини во понеделникот, вчера прво запче, денес второ. Гревче е, не ни плаче, само тажно гледа
Да нема температура? Мојата вчера ја прима вакцината и цел ден и цела ноќ не спиеше, два пати изгоре од температура. Ете така како шо кажуваш, само си лежеше и тажно гледаше, не мрдаше. Сабајле во 5 заспа.
Нема тт, за чудо и убаво спиеше, од 20.30 до 06.30, без будење. И сега е веќе заспан…ама не евесел како што обично е. Баш тажен.
Ова како ручек? Или и за појадок толку? Моево уште нема полни 6 месеци така да далеку е од толку јадење
Секој оброк (кога веќе е оброк а не пробување вкус) е по толку. 11 м е синчето, јаде 3 големи теглички каша за доручек една, за ручек една и за вечера една. Пие и млеко 3 пати
Мојата имаше дупка на едната страна од главчето поради позиција во матката. Цело тупаниче се гледаше, језиво. Се пополни за неколку месеци, сега е 10 и едвај малку на допир се чувствува како посплескано. Инаку за таков проблем гледам во странство на многу видеа бебиња со шлемови и мислам од тоа што имам читано, бидејќи се интересирав тогаш за мојата, дека е добра опција. Прашај си кај доктор штом имате можност таму.
Дали можеш да ми одговориш ние почнавме со прв оброк на 6 месеци и си јаде голема тегла е сеа прашањето ми е за воведување на втор оброк т.е ручек треба по малу покрај првиов оброк кој и е доручек за ручек по малу да и давам по 60 до 80 грама пример ад млеко сабајле па доручек каша па ручек малце ево на пример 60 грама и одма после ад или не се прави вака не се воведува вака ручек.
Уште 20 дена и си одам од темава. Леле мајки пораснаа. Кога? Помина годинава, спремам роденден. Фустан нарачан, го чекам да стигне. Па сега некои чевли да и земам, некоја штипка. Бебево порасна, пред преодување е. Душа моја најмила. Некни ја земала пеглата и ја става на коса. Ме гледа како се пеглам. Денес изнвазија на мравки и ставив цимет и го изеде циметот на мравките. Душа е, душа
@JuLleE и ние сме тука некаде. Спремам прв роденден и крштевка, а абер немам да и најдам ни фустан ни кондурчиња ни ништо. Исто и за мене, само големата ми е дотерана. Мм му реков сам да си брка работа неможам и него да го мислам. Закажано е само кафана и црква, одморот е пред тоа, се враќаме 2 дена пред денот Д. Незнам со кој памет вака се организирав. Инаку иако помина цела година уште секој ден се чудам дека имам бебе дома од една страна, а од друга страна ко вчера да ја донесов дома а сега женска цела годинка ќе прави. Ептен ми е крофна, галамџика е, само трча со тоа дубакот растура и става се што ќе дофати во уста. Чистка ми прави по дома, ептен домаќинка не успеала уште заштитниците од штекер да ги извади и да ги бутне прстињата Многу брзо ми порасна
И ние крштевка ќе правеме. Ама овде, не во Мк. Јас смислив аутфити Во бело ќе се облечеме, а она во розаво нормално Мајка и е заљубена во розава боја. Денес закажавме крштевка во 17 часот, а од 19 роденденот. Овде до 22 часот е ден. Измеѓу ќе имаме фотосесија. Сакав на зајдисонце, ама не бива. Касно е овде. Тортата да ја порачам деновиве и за мама да се најде за облекување. Интезивно се сончам, и мармалад купив. Деновиве минито да го средиме. Ако не се заколеме со маж добро ќе е Башка само поканува луѓе на роденденот. Будала еј.
Ќе си даваш нормална количина каша за ручек исто како за доручекот. Јас давам наутро АД, па подоцна доручек, па после е ручекот... Слободно давај нека си јаде бебето ако сака.
Фана нашите се мала разлика, има 3 оброка и 3 подоја (плус еден ноќен кој е доста пократок), ама никако да изеде цела голема тегличка. Појадок и ручек му се ~150гр, а за вечера може и скоро цела тегличка да изеде. Весел, полни пелени... Доволно му е храна м?
Предложете ми некој outfit за синко за крштевката во септември,и некои страници (може и за мама) фала ви
Ау мајки што е со овој 7ми скок???? Ми се вика ми се плаче. Вреска, нервозен е, каса што стигне.... не е цел ден таков ама тие 40-50 минути такво врескање не сум слушнала од него, ужас... Изгледа и забче бр.9 излегува, лиги без престан течат. За јадење си јаде па дури и повеќе овие неколку денови. Си се пожалив ама не знам како да го смирам.
Мајки од ко почнав на работа намали количински со храна. Наместо да зголеми дека без цицање, таа едвај по пола кашичка на оброк, со голема тегличка мерено. И ме чека за спиење, не им заспива Убав ред имавме фатено, сега ништо не се знае, не знам ни кога да ја ранам, кога да цица, заспива без врска. Дали ќе се стабилизира? Друго што сум загрижена, 10 месеци е, а не е заинтересирана за лазење. Ко ќе е на меше си се тркала или се фрла нанапред ако е седната, а не знае како да се намести за да се движи некако. Ако сака да се исправи и да патка многу ми е нестабилна, на прсти како патче скока наместо да прави нормални чекори.
Некои деца го прескокнуваат лазењето како фаза, така што немој да се грижиш. Она најдобро си знае што треба да прави