Предложете ми некоја убава и ефикасна купка за атопичен дерматит и со што ги мачкате? Имам на мустела стелатопиа го мачкам веќе два дена ама подобрување минимално.
Ние за 10 дена 11 мес ќе полниме и исто не е заинтересирана за лазење па ни за стоење , на меше кога е се врти во круг , го крева газот ама толку , седи сама , се превртува ама нема интерес за стоење , не ја форсирам не и дошол моментот мене повеќе ме мачи што за месец дена ни 100 гр се нема поправено , додуша се издолжила 4см и крвна слика топ , ама од тие 8кг не мрдна
За два дена нема да видиш разлика. Јас со маслената на Биодерма го бањам, а и гелот го користевме. Мачкано со Атодерм и Цицабио ма Биодерма, Ла Рош, Стелатопиа... Додека не почнав со Омнибиотик не видов подобрување.
@kristina.k ништо не е загрижувачки. Само повеќе доле на подлога и ќе си почне сама. А и да не лази не е страшно. Битно до 15 месеци да почне да се исправа по мебел, а до 3 години да пеооди. Немој да ја форсираш, едино повеќе да е на под и да и' ставаш играчки со кои би ја стимулирала.
Пробиотик е, скапичок е, потешко се наоѓа по аптеки (бар јас кај што барав) ама стварно имаше разлика.
Мајки, оние кои веќе давате кашички и ви се само на доење.. Дали оброкот ви заменува подој? Кај мене се случува брзо после оброкот да ми побара да цица.. После колку време и колку подои имате дневно? На колку време ви се или не водите евиденција на тоа?
Мајки, ми треба мислење. Бебе е 11 месеци, бевме денес првпат на плажа на Охридско. Влеговме полека до половина, не сакаше повеќе ама се радуваше ја паткав во вода. Па излеговме малку, си играше на песок. Па пак во вода. Отприлика бевме 40 минути на плажа, 2-3 пати во вода, па во песок. Две жени ми кажаа дека многу време била во вода, да не сум претерувала. Водата беше малку ладничка, ама бебе беше прерадосна. Сега се прашувам дали стварно претерав и што може да се случи ако претерам? Цело време се водам по тоа дека бебе ќе се побуни ако нешто не и чини. Навикната сум да ме караат рандом жени, на пример зимата шетавме со количка на минус температури, таа си беше облечена во дебело, во скафандер, со капа, ама пак не пропуштаа да ми кажат дека и е ладно. Ама ова ме замисли, сепак е вода.
Големата на оваа возраст и мене ми стагнираше во килажа едно 2 месеци после си тераше како треба. Малава еве вчера ја меревме 140 гр има качено за еден месец, а во должина има +2см. Битно е добро да си напредува, да си јаде и спие како што треба
5 скок маме ми расплака ама полека искача мислам, последна недела е и по апп. Ме умре. За цицање се е исфрлено од млеко, прска ко новороденче кога беше, шприца, он се смее. Вчера вакцина 3та прими рота, хекса и пнеумокок, дека многу вриштеше мене флеки нааа ми се направија, мислиш има 2м не 6. Од втората доза немаше реакција, ама од оваа... изгоре синоќа тт и го болеа ноџињата. Дадов 2 пати сируп, ставам лепенки, добар е. И заби растат сосе вакцината и скокот. Не изеде живи. Мојов место да намалува цицање тој зголемува, на секој пола саат, и научил кога му се цица да отвара уста и се мава со сета сила со лицето во цице и се смее. И тегне на блузата. Леле го видов на стори, многу беше греотичка. Па со тој сјај во очите тажен, аууу срце да те здоболе. Бебе мое почна да мумла, баба, мама, дада, тата, ајде ајде ајде, сеа тоа ништо не му значи нормално, мумлање е само, ама смешен е. Кај мајка сме на одмор и само вика во количка ајде ајде ајде кога се шетаме. И овде сум најнемајка, сите деца облечени дотерани, моето по пелена само и евентуално некое маиче или макс боди. Овие овде за чорапи муабет ми прават, имаат еден збор за мало бебе, максмче бил, да сум го облакала... Гајле ми е за муабетите ко за ланскиот снег.
И кај мене е исто, брзо после оброк сака да цица. Искрено не обрнував внимание на колку време има подој, давав кога сака ама сега некако ми е страв кога ке тргнам на работа дека нема ништо да јаде.
Затоа и прашав, затоа што и мене уште сега ме фаќа страв за тоа кога ќе се вратам на работа како ќе биде. Плус дополнителен проблем што не ми фати шише воопшто. Не знам како ќе биде измеѓу оброците...
Кога воведов цел оброк на почетокот пак сакаше одма да цица, ама гледав да одолговлекувам по малку, мислам по 15 минути пола саат евентуално, сега си се навикна и прескокнуваме еден подој ако е јадена. Е сега мојава на два саати цицаше, сега со оброк испаѓа на четири саати да цица, што можеби и пак е многу ама решив да оставам на нејзе некогаш пример не сака да ја изеде цела кашичка сака да цица и ја оставам.