Бато нема паднато ниеднаш како бебе, ама затоа бебе трет пат го фаќам у лет кога паѓа од кревет. Два пати главечки, еднаш со нозе надоле се спушти. Ќе биде трудно со овој ѕверко.
Јас сум неколку дена жива ненаспана. Бебе, 11 месеци е, лази, се превртува во спиење, приплакува и слично. Што може да го мачи?
И нас ни е истото и баш како што ти кажаа мислам дека е жешко. Затоа што вчера не беше толку топло и не плачеше.
Исто е и мојов. На 2,2 ипол саати. Не знам ни јас дали е многу, но си бара.. Не знам како ќе биде понатаму измеѓу оброците кога ќе се вратам на работа.
Мојава беше 76cm. Во последно време и не јаде баш. Не знам што и стана,а баш убаво си јадеше. И дали има некој како мојава што уште не сака парчиња освен лепче. Помислев дека почна да јаде парчиња ама кратко ми траеше среќата,пак сака само мазно инаку има нагони а 11 месеци сме. Се нервирам, голема е веќе. Чим лепчето го жвака значи знае,ама не знам зошто освен лепчето другото сака мазно.
Уште нешто да прашам кога останаа само на една дремка? Мојава има две дремки 11 месеци сме. Ама во последно време многу тешко заспива за втората дремка,некогаш и не заспива. Се си мислам дека сака да ја скрати веќе,ама не е мала само за една дремка? Од друга страна па многу напорно ми стана додека ја заспијам, заспивањето трае ли трае...
Мојава јаде парчиња ама само ти ако и даваш , не она да прља раце и правам мафини , палачинки и и давам она си гриза
Ако температурата е од заби колку дена обично трае? Бебе од вчера е со температура други симптоми нема. Јавено на педијатар да следаме.
Заби, жешко, скок...или па си учи нешто во сон. Тој период и моиве имаа слични епизоди. Едниот кога учи нешто е бог да чува, како месечар. Се крева наеднаш како во хорор филм, спие ама во движење е. Или лази, или се исправа, или става рака во уста како да јаде нешто. Во сон вежбаше чао, покажување со прсте сега последно имаше цел перформанс заспан ама не укапирав што праи, личеше како да пегла алишта седнат и на крај ќе си легне и продолжи со спиење. Језиво жими све.
Нема срц температура од заби, паѓа имунитетот и закачуваат инфекции. Ако е вирус за 3 дена ќе помине.
На колкаво растојание се дремките? Не е мала за една дремка? Син ми уште има 3 дремки Првата не ја прескокнува, најдолга му е, 1.5-2 часа. Знае да ја прескокни или втората или третата, ама ретко. А уствари на таа возраст колку дремки треба да имаат? Не ми личи мојот дека ќе крати дремка. Јас кога не можам да го заспијам се откажувам, ќе си чека наредно заспивање, и така полесно ми е, не се мачам ни јас а ни тој.
@Erika.greeneyes И јас мислам дека е рано за една дремка, секако зависи од детето ама општо гледано рано е. Има еден период баш околу првиот роденден, скок или регресија некоја кога скратуваат спиење, мојот така беше само на една дремка ама од 13 до 16 месеци се врати на две и после веќе пак на една (тој период во градинка што спијат). Некаде на скоро 3 години прекина да преспива денски.
Нас сега не вакцинираа, правевме кс и докторот (мојот прв педијатар кој е веќе пред пензија) рече дека крвната слика му е како за вирус ама не е вирус туку од забите. Прв пат слушам да се гледа на кс тоа ама ете, објаснуваше нешто не сфатив. Вака детево е ок, нема ништо, непцата стварно го чешаат, задебелени се и отечени, па ќе видиме.
Појма неам колку треба да имаат. Три мислам дека се многу. Три дремки мислам до 9 месеци имавме или до 10 не ми текнува баш. Сега имаме две. Прозор на будност за првата дремка околу 2 и пол сата или 3. А за втората околу 3,3ипол сата.и додека се заспиееме ехее. После кога ќе заспие си спие тешкото е додека заспие.
Да, и нашата докторка кажуваше дека некои параметри се изместуваат од забите ама твоето физички здраво било штом го вакцинираат, мислам без температура.