Бекутан воглавно има лош состав, не сум сигурна за кремите за сончање, но шампончињата се жив отров. Влажните се најлошата опција за влажни марамици. Нафта! Она за заштита од комарци лак од нокти вади, катастрофа. Башка мало е, 6м, не ми се става јаки хемии.
И јас ја имам оваа ко на Фана ама мн тешко се размачкува и е како дух бела А таа на сан денс не е со минерални филтри ама мн лесно се мачка и не остава бело ич
Не можам да го сфатам син ми, во спална му правам идеални услови, ладничко, темничко, мирничко и спие по едвај пола саат, во дневна на земја врз јорган и перница за трудници спие по 2 саата нит галама му смета нит ништо. Е ај де.
Јас користам Валеда, ама за сончање зедов на ДМ. Мене ми е ок, со години ја користам за синко. Другово е прескапо реално.
Моиве изгореа со неа И тоа јуни не беше јако сонце Па купив од Лидл, 50 ка, на cien, со пумпица е супер се размачкува
Фала @JuLleE баш таа ја имам за мене, супер се размачкува, да знам дека може и бебо да го мачкам. А заштитната на Мустела со какви филтри е? Прв пат пеочитав тука за тоа, искрено ич не се разбирам.
Мене малата од ова за комарци цела ми се нафрла и незнам зашто ,а само тоа го даваат за помали. Сега земав на Бекутан и е скроз океј.
Значи послаба е. Мене ми рече в аптека на пола саат да нанесувам, ама ја немам толку изложено на сонце искрено. На одмор оваа година не одиме, само на ден или викенд и така ми нема изгорено. Ќе знам да пазам.
И јас од Фризидерм сум задоволна. Бидеќи не ми се седи дома излегувам со количка во најжешкото од 12ч до 16ч (сите ќе ме помислат нездрава) и секако не можам да го сокријам од сонце во количка целосно, нозете му се на сонце, ни еднаш не ми изгорел, плус го бањам во базен дома на сонце. Не сум била на одмор и јас и нема ни да одиме, за вакви ситуации ми се покажа супер. Плус во Зегин ми кажаа за бебе 50ка фактор било штетно. Колку е вистина не знам. Него јас имам проблем со Веледа кремата за лице за дерматит. Во мојот и во најблискиот град до нас ја нема во ни една аптека. Во аптеката кај што сме редовни рекоа ќе пробаат да ја набават колку ќе стигне не знам. Една недела немаме крема и веќе малиот на лице е со лишаи. Таман погодив крема што се среди дерматитот ја снема Не ми се ризикува да земам други креми за експерименти да фрлам по 1000 и кусур денари, не знам дали ќе се погоди.