Мајка, деца не се споредуваат ама ќерка ми 7 месеци нема мрднато од килажа. Година и 7мес е, девојчето стои на 10кг. Не мора да се поправи по секоја цена, што му е на педијатарот. Каков совет е тоа да пие кравјо млеко? Ужасен. Продолжи си со здрава исхрана, млечни производи. Кравјо може ама во каши. Нема да крева килажа од млеко едногодишно дете, треба да крева од храна веќе. Дете е, не е бебе. А ако оди во висина, ако е здраво детето, јас не гледам стварно никаков проблем. Затоа што ќерка ми е таква, таа не ни јаде додуша. Твоето барем убаво си јаде.
Роденден/крштевка у едно. Од се, најмногу се намачив за торта зошто се е по одмори. Славје со најблиските. МРП ќе чекам да пркне уште малце и вајда да прозбори некој збор па ќе боцкаме
На бебе под година не се даваат сирупи за имунитет, превентивно па ич. Ако сакаш можеш бејбивит тие се од раѓање мислам ама стварно немаш потреба, види прво како ќе помине прво разболување.
тогаш нема поента А и имунитет се гради со сите тие разболувања и вирусчиња. Ако почне да фаќа, па тешко ги проаѓа тогаш да побараш нешто од педијатар. Ама вака не гледам потреба. Разновидна храна, прошетки, гушкање па ќе се ќе пројде како што дошло.
Ние направивме роденден и крштевка во едно а мрп ќе примаме во август на 13,5 месеци зошто од септември тргнува во градинка
Моето е 12м и од 9м нема мрднато од 8,400гр, крвна слика е топ, си јаде се само навечер сме на АД, крвна слика топ па веќе не се ни замарам важно бебе да е добро не напредуваат сите во килажа исто а и генетика е во прашање
Вчера прославивме дома, блузичка со крагничка и 3/4 панталонки со трегери, ни пораснаа бебуши, и јас ќе идлагам малку ама ќе ја примиме одиме во градинка
Ќе правиме со најблиските дома роденден. Испланирано е уште да се оствари Јас прво да успеам да му ја ставам таа на 6м вакцината, ќе му ја мислам за мрп, ама искрено би ја каснела секако. Сакам утре да го однесам без крвни слики и прегледи нека го вакцинираат и да ми се тргне од глава. Се плашам пак да не испадне да е настинат пак а да не знам јас (како и секогаш кога ќе решам да го вакцинирам) Детево година ќе ми направи, ептен е закаснето.
Мајки готови кашичи со месо кои ви ги прифаќаат? Ниту една до сега не ми одобри домашна јаде со месо, купечка не сака. Планираме патување па барем 2-3 да имам резерва
Ниедна купечка ми нема прифатено со месо или зеленчук. Само овошните можат да поминат и тоа не сите. На одмор кога бевме готвев секој ден.
Хелоу, некој искуство со близнаци и синхронизирање на дневни дремки дали им успеало? Немам проблем со ноќно спиење ама дневните дремки ни се хорор, едвај легнуваат, а им се спие и без шише не заспиваат па после цел ден се кенкави и недоспани. Совет за да ги одвикнам да заспиваат само со шише?
На Bebivita со мисирка и брокула ја сака и на hipp , Holle имаат со кус кус и пилешко и таа ја сака ...
Мојата па обратно домашна не јаде. Ги сака од бебивита брокула и мисирка(омилена и е),бебивита мисирка морков и ориз,хип телешко ориз и морков,холе тиква и пилешко,.