Бебе многу се поти..и постелнината е жива вода..сакав да прашам дали има некаква постелнина или чаршавче што не потат да му земам..
Последни подготвки. Фустан купен ама мора да се крати оти бебе е манекенка Венче порачано, чевли порачани За мама, бато и тато порачано Леле ми стига на маил дека нарчката е пратена, а врска немам која оти се е нарачано Торта нарачана, замок со тобогани фенес да нарачам. Ресторан резервиран. Гости полека пристигнуваат Фризура закажана, нокти исто. Сега уште на синко еспадрили да купам оти во Крокс влечки ќе одел И на мама сандали или од Зара да порачувам И крштевка ќе правиме. Иако не сме во Мк, пак околу 50 луѓе со деца се собираат. Ова најблиските Биг фемили сме. Точно за една недела си одам од темава. Ќе плачам Ми порасна бебето
Јас дечки ќе славам со жива музика кога ќе си одам од темава уште втората година да ја преживеам и после си мислам животот ќе ни се смени на сите Вака си зборам цело време, може и ќе ги барам овие денови, ќе видиме.
Мамитас колку ви спијат бебушиве на топлово денски? Мојот дали излезе од скок па спие повеќе. На пример вчера стана кај 7 и 30 сабајле, кај 10 и 30 преспа околу 40 минути па кај 14 и 20 пак се успа и стана околу 16 часот. Легнува навечер кај 20 и 30. Некако денски повеќе ми спие овие два дена. 10++ е.
Официјално до вчера во скок, он 2 дена цело време спие. Среќа, ко што сме растурени дома лом со генералка, нека спие да не го мислам и него. Додуша спие оти има мака, искача второ запче. Многу се мачи сирото.
Да дојде некој на син ми да му објасни дека цицката не е од слајм направена. Да го видите како цица моментално... И љут е, цица со раката покриен да не го гледам, а цело време работи со газот, со нозете, на сите 4 застанат и се клати, вежба лазење практично додека цица. Спие од сабајле сеа е расонет до макс. Јаде, пие вода, се намирен ама мора и да цицне за зар тоа, да се фати јадачката. Го оставив 2мин во столче да им ги направам јуфките на големиве и збесна, ми се налути и татко му го зема, јас го викам тој не ме регистрира, си гледа во на татко му работата на компјутер не се замара. Понекогаш се замислувам, да не сум заборавила, ама големиов ништо од ова не правеше на 6м, да се врти на име, до годинаипол не се вртеше, да праи контакт со очи волку, дури претерува ова малово. Лудо дете. Заврши со цицање и моментално се бори да се префрли преку перницата лазејќи, на сите 4. Ме изазива да го закачам зошто не му обрнувам внимание.
Ова од жешкото ли е исфрлена? Не успеав убаво да сликам мрда многу. Откако се стопли многу стана ваква.