Мене ова на алергија од сонце ми личи. Некоја крема со фактор да не ја имаш мачкано и да била на сонце? Со млака вода туширај, немој со многу топла.
Ова забите како почнаа одлично, никаква мака, мераци, еве го сега второто да доизлезе душа негова многу се мачи. Само сака да цица, не сака да јаде, уствари сака само лубеница и диња во цуцла, она за смукање. За 15 дена нема ни 1 грам качено, за месеципол 400 грама. Докторката вика не е идеално, не е ниту лошо, може и повеќе. Ни воведоа доручек, ручек, месо, житарки, млечни, се да дадеме додека одиме на одмор за да не даваме таму, имаме 1 месец. Мислев да брзам малку, да дадам се набрзина ама решителноста од сабајле ми ја снема. Нон стоп е на цице, пие течности, мака му е, ама што да правам. Докторката вика лади ја храната, да биде ладна, така може ќе ја сака. Ќе пробам и тоа. Доручекот некако и ќе го изеде, ама ручекот... 7200 на скоро 7м, малку ми е некако, понапреден е од брат му ама тој помал се роди, помал беше, и не стагнираше ич, овој ми стагнира поштено. Вака е здрав освен што е многу светол и се му се познава затоа, ко проѕирен е.
Мама за запчињата... во шмукалце му ставав и му ставам сеуште кога вади запчиња овошје ама замрзнато. На пример вишни му ставам две во шмукалцето и ем се засладува ем си ги лади непцињата и не го болат толку. Тоа многу му помага да му олесни на непцињата. Исто и банана ставив да замрзне и му дадов во тоа. А за килажата сега е и лето малку потешко јадат сите. Мојот јаде со сласт ама кога му е топло не јаде иако е гладен. Не се секирај секое си е приказна за себе.
Добри идеи ми даваш, рече и докторката, напрај ја кашата и во фрижидер одма, дај ја ладна. Ќе ставам сега и праска и банана и кајсија да се смрзнат парченца да имам на лагер за непце. Шмукалцето ни е спас и на нас.
На ова жешково зар тебе ти се јаде. Јас незнам како издржуваат и они на пеколов.Еве јас се мачам уште и со доручекот, а за ручек не ни помислувам уште. Кај нас двата заба се до пола пат така да не препишувам на нив, освен ако не се брза и некое друго да излезе. Ама еве го се затна во носот и се наполни со секрет и сега ми е жал да му давам, форсирам цицање да пројде побрзо. Ќе залади уште малку па подруго ќе е. И анку и мојов за два месеца едвај 650 грама качил, ама матичната не се притресе, па и јас по неа не се замарам.
Син ми не јаде топло никогаш, директно од фрижидер јаде или купечките каши незагреани, и кога беше ладно зимото и сега. Сите ми викаат од тоа го настинуваш, ахам важи, тогаш да го оставам гладен
Значи не е до моето само. Секрет има и моето, на 2 дена чистам носе а секој ден ако не и 2 пати на ден прскам физиолошки. И големиот ми е со секрет. Кај големиот кс одлична, брисеви чисти, а секрет ужасен огромни топки во носот. Ми се темни искрено. Така беше големиот, ладно млеко од фрижидер, ладни каши, ладна вода, сладолед уште во мај... грло не фати никогаш во негов живот.
Мајки и моево е исто слабо јаде бара да цица само, вода малку пие, нервозно е и од жешково и од заби.. ама поаѓам на работа за некој ден, дајте ми совет дали да и нудат млеко почесто (воведов ад заради тоа) или да форсираат оброци и вода макар со лажичка. Страв ми е да не дехидрира на температуриве.
Може е долгичко. Моето е 68 сантими, конечно убаво го измерија, вака не е слабичко, ок е. Мене ми е да си почне да јаде убаво зошто баба му ќе го рани од септември и ќе биде малце трудно тоа. Еве го сега за ручек точно 1 час јадеше. Проба маж од кашата, вика супер е, многу е вкусна, морков, ориз, карфиол, крушка и малку маслиново. Вкусна стварно. Ај беше грубо блендирана изблендирав поубаво, јок бре, плачење... на крај го земав во раце, го тинтарев малку и си легна на брашното изеде цела голема тегличка.
Да долгичко е, на 6 месеци беше 68 и на онаа апликацијата бебо ми пишуваше блага неухранетост дека има, а матичната и на вакцина Др не рекоа ништо.. ама јаде многу, од големите теглички речиси цела за доручек и ручек и цица убаво.. кога не сакаше едно време да јаде го преместував со хранилката на пример кај маса трпезариска не јадеше и ќе го однесам во кујна и дали интересно му е таму да гледа што има и јадеше така
Малиот вчера попладне почна обилно да повраќа, се исплашив многу и трк кај матичната..ми рече ништо не му е сигурно од храна а може и вирус.Ми рече да давам полесна храна,компир,ориз,к.млеко и АД..Ама денес само к.млеко јаде и лепче и млеко пие.Ориз и компир не сака да види.Дали може само к.млеко да јаде денес, памет немам..првпат вака ми се случува..давам вода и електролити.
Според апликацијата син ми е џин и да разговарам со педијатар требало. И ја избришав. Не може сите бебиња исти да се. Нормално е некое да е послабичко, некое покрупно, повисоко и пониско. Штом бебе си јаде, весело е, има добра кс, не гледам причина за грижа. И гените си имаат улога. Маж ми е висок (2м) и крупен, детето какво да ни биде .Кога ќе кажам дека има 8 месеци, одма чудно ме гледаат, ама кога ќе го видат маж ми јасно им станува. Ист е како него во градбата.
Не не, на жешково сите се терсене, па наопачки. Штом и мене ми падна апетитот . Мојов ај секрет некој глупав густ, па и блага температура имаше вчера. Раат да не е човек, па денес спакува и го однесов кај матичната да го чуе вика добар е нема ништо терајте за Охрид освен ако нормално нешто не почне да се влошува. КС скоро па идеална, вика блага вироза го има закачено. И така два дена ми пропаднаа од пробување, а богами и не нудев воопшто јадење, само на цивање и вода е. Сега има да седнам да направам еден план и да тргне работава. И уште да пројаде, да не е поинтересно лигавчето, лажицата, нозе да се креваат . Пред некој ден го соблеков по пелена за да нема дистракција и пак ќе смисли нешто друго да прави. Ај може промена на клима ќе му прија, па ќе видиме.
Како ги занимававте во 7ми скок? По цел ден кенка ништо не му е интересно, а шоубаво си се заигруваше
Бебуш го отвори осмиот месец. Четири забчиња никнаа, отечени се и две двојки. Поим немам ниту крвна слика, никогаш не му направиле, ниту тежина, вака арен делува. Деновиве и стомачениот вирус од дадите го префати, денес без течна столица. Два оброци јаде, таман му делува за сега.