Мајки ние стигнавме до инхалации со вентолин и кортаир и физиолошки, бебе кашла и има секрет. Некој совет плус што да превземам за да не ми спушти на плуќа?
Штом инхалира со вентолин и кортаир веќе има спуштено. Друго што можеш да правиш е после инхалација да тапкаш по грбче.
И јас мислам дека веќе има спуштено штом дале вентолин. Тапкај по грбче, давај слатка леплива храна, банана, пудинг, смудиња за да ги лепи и да ги кака шлајмовите. Не знам колку точно има бебе де, може и не е можно таа храна да ја јаде, али да тапкаш по грбче можеш.
Како го спремате гризот? Ад млеко како и кога додавате? И зошто ми кажаа за авокадото после 10 месеци? Не е алерген колку што знам.
Педијатарот ни кажа авокадо, манго, киноа и амарант после 10 затоа што не виреат на ова поднебје. Ама јас искрено се мислам авокадо и сега да дадам на седум.
И нас исто ни кажаа за истите намирници. Сепак ке почекам и верувам на докторката и штом ми кажала така ке почекам.
Утре полниме 7 месеци, ќе давам доручек нешто полепливо, па и со какањето не сме нешто сјајни, 2-3 пати неделно... @oblace1 јас воведов авокадо на 6 месеци, меѓу првите намирници, така да не гледам причина да се чека до 10 месец, ама како си напраиш така.. Нарачав и лој од гуска смеам да мачкам на бебе ако не помине ова за брзо?
Девојки ,прашање и совет. Со бебе од 8 месеци ќе летаме со авион. Е сега ,овде пие Новалак. Таму каде што ке идеме Новалак нема. Секако ќе се консултирам јас со педијатар ама да слушнам и од вас совет. Незнам таму што да давам и страв ми е дали ке прифати. Мислам дека има Аптамил И Хип. Во авион мислам дека нема да ми дозволат толку прашок да носам за еден месец.
@strelec231992 Како што ви кажале терајте си инхалации, сигурно ќе има ефект. И тапкање по грбче обавезно, јас би ви предложила да го изгледате видеово што ќе го прикачам, како точно се тапка по грб, за да има ефект. На ист ваков начин ми објаснија мене и во Козле болницата. @Grateful Има многу добри, мене лично Frezyderm (само во Зегин ги има) ми се одлични, и со двете деца тоа сум го користела
Ако може и знаете подетално да пишете за кортаир? За вентолинот ок, но кортаирот кога се препишува? За воспаление на бели дробови, кашлица или пред да спушти на плуќа кога има воспаление на горни респ.патишта?
На нас втор пат ни препишува докторката кортаир, првиот пат се среди само со него и физиолошки, ама сега се влоши па ни додаде и вентолин. Иначе за кортаирот кога ни го даде и двата пати беше за некој минимален наод на слушалка со ептен блага кашлица неколку пати на ден. Толку би знаела јас да кажам
Сега гледам дека не сум ти одговорила Мојава и без тоа е кенкало големо. Ама сега по цел ден ништо не и е погодено. Само плачки, досаѓа ја земаш во раце се фрла наназад вилицата ќе ми ја искрши еден ден. Лази и се пентари кај стигне, фаќа секаде каде што не и е место. Една секунда не можеш сама да ја оставиш. За јадење, менување пелена и заспивање водиме борба. Неподнослива е И ќе заборавев, магнет е за мене, не ме остава да мрднам нон стоп плаче по мене.
Јас земам од виталија, таа ми е најубава досега. Обично само ја варам. Ама чиста не ми ја сака, па ја мешам со нешто друго, пример просо. Некогаш правам проја и додавам ако ми останала варена од претходно јадење.
Кортаирот го даваат за воспаление на дишните патишта, кога има спуштено и кога има ларингит. Еве нешто повеќе за инхалациите.
https://zegin.com.mk/mk/probios-organska-lupena-khelda-400-g 1:3 сооднос со вода, се вари додека не набубри и пукнат зрната. Обично со зеленчук ја комбинирам
@oblace1 vo vrska so amarantot, go ima pod nase podnebje I toa mnogu ama modern ime mu e amarant, kaj nas vo zapadna Makedonija go vikaat stir I raste kako treva .
Точно е ова. Ама никој семето не го користи. За големото амарант воведов како пуканки ги пукав на слаб оган и ги мешав, најмногу сакаше со јаболче рендано, праска и малку грчки јогурт. Варам гриз погуст и додавам млеко, мајчино додуша. Ти можеш да свариш поредок гриз и да додадеш прав само. Тоа лој од гуска не знам, не би ставила на толку мало бебе никогаш.