Кортаир и пулмикорт на големиот за ларингит со напади му препишуваа. Сега без него и инхалатор никаде не тргам зошто есента 3 пати ми развиваше страшен ларингит за 2 месеци. Од тогаш е стабилен и не се повтори, ама од пусти страв секаде ги влечкам.
Бебе од сабајле има неколку вакви брунки, на раце и на нозе има уште 2-3. Комарец е или можно е да е од мрп, 7 ден денес како ја прими
Не е за овде прашањево ама ќе го поставам дали цвекло варено може еден ден да поседи во обичен фрижидер денес го сварив и за утре да го искористам.
Можно е и реакција од вакцини, види дали ќе се појавуваат нови. Нашите се разлика неколку дена, во Швајцарија на колку месеци е мрп?
Мајки, која апликација ја користите како камера на два телефони? Ја имам симнато таа babycam мора да има блиц за да го гледам навечер. Нема некоја со ноќен режим?
На 9 прва доза, од 12 до 15 месеци втора. Ама јас се мислам втора да ја одложам по 2 год негде, многу ми е рано тоа
Alfred camera јас ја имам симнато и е одлична. Со најт вижн е и да не ти е уклучена апп те известува со нотификација дека има мрдање и плус можеш да збориш на бебе од тој тел што го гледаш
На почеток ја користев таа не знам зошто јаа сменив Сега ни е позатемнета просторијата ќе пробам дали ќе се гледа Едит: неуспешно, не се гледа ништо
Мене ми изгледа на комарец. И на моево кога ќе го каснат е вака, дури знае и цело да биде како пликче околу црвено.. Пред поминување станува ситна точка. Не знам кај другите, ама многу споро поминуваат кај нас убодиве од комарци.
Прв пат забележувам вакви кај нас. Нема излезено повеќе сеуште само тие се па веројатно е комарец. Кога ќе го допрам не реагира претпоставувам не го чеша или боли, ќе видам деновиве како ќе поминува. За сега не мачкам ништо, а имам синопен не знам да ставам ли?
Ќе пукнам! Не сака да јаде, ни цице не го занима многу, не сака ништо. Може евентуално попладне водата од овошјето што се варело да помине. Евентуално! Се да е ладно од фрижидер и пак не сака. Не знам ни што да му дадам, се сеќавам со брат му вакви проблеми немав. Ни тој не беше нешто врв јадач, ама си јадеше. Се мора да е мазно, течно и ладно, ама течно таман, ни премногу ни премалку. Терсене па наопаку, е тоа е кај моево. И сакам да лежам, не сакам да лежам, седни го 3сек и ајде менувај позиција, на кревет да лази да дојде до работ да го враќаш, е тоа сака. И еве ме седам до него на подлога он си игра, сам не седи. Ами ако не па ручек не мора за нас, за него имам пола купечка кашичка и мевце сварено, па ќе помине, ама имам јас и уште едно дете, маж па и јас, треба ли и ние да јадеме... Исчистив што исчистив, сега е хаос пак. Ми иде да си поплачам. Џампер, играчки, гумена подлога, се понудено ама ништо не сака, само урла. Забавно еве...
Читам и буквално како да го имаме истото дете, и гледам на крај џампер. Ја ставам во столче, во креветче ама место не ја држи. Читав за дубак и гледам поделени сте. Џампер или дубак? Морам да земам нешто затоа што лустер немам да ја закачам и таму Ако може совет плис.
Значи не знаев веќе што да направам и едниот релаксатор ( имаме два, случајно) го ставив на тераса дур пружам да имам бекап... го оставив 3мин да одам да земам нови алишта и го најдов превртен од релаксатор нанапред пробувал да излезе, заглавен со нозете внатре а со рацете на земја нурка. Тоа само на рилчиња на инста и на најсмешни видео инсерти го имав видено...
Нас и ортопедот и педијатарот ни рекоа џампер може, дубак никако. И така се обезбедивме со џампер ама нас нешто нејасно ни е. Нели се прилагодува висина. Ортопедот не даде насоки, педијатарот вика да не гази долу со нозе. И така си стои џамперот, додека ние се мислиме која е правилна висина. На најниско ниво достигнува до под со цело стапало, на другото само со прсти, а на трето си седи како во столче и си игра, што би се рекло, нозе не користи. 6++ е бебе.
Ставам лепенки за температура на грбче, ама ги оставам околу 5-6 саата. Е сега се мислам да не треба да го тргам кога ќе намали темп и па да ставам после кога ќе качува или може да си стои постојано залепено?