Да пробаш со таа цуцлата за овошје? Мојов многу ја сака а онака не сака цуцли. Оваа кога ќе ја зграба не ја пушта. А и дека си поискусна ќе те прашам што свежо можам да дадам освен банана мали има 6 месеци?
Мене ми дадоа дубак ама му се вадат тркалата ( маж ми не дава со тркала оштетени биле ќе го изгребеле паркетот) го ставам во него и има музички играчки и му е интересно. Се подесува висински зошто уште е мал допира само со прстињата.
Не не, се менуваат само на 4 часа. Го пројдовме ние 5ти скок, официјално веќе 10 дена сме излезени, ова којзнае што е. Има додуша надувани двојки доле. Јаде од тоа, ама тоа не е за оброк, тоа е за ужинка да се разлади понекогаш, вака не можам оброк да дадам во тоа, треба житарка, треба месо за ручек... и моето не цуца цуцла само ова со диња, лубеница, праски, кајсии, маж го прави. Иначе свежи само банана се дава, е сеа во ова Цуцлето дека не одат влакната од овошјето, само сокот, можеш и праска и кајсија и лубеница, диња... Мене матичните ни кажаа до годинка овошјето да го варам.
2 недели до роденден ама не знам што е ова. Рано е за скок, а спиење крш. Дали е регресија, дали избиваат 3ки и 4ки не знам. Липа во сон, па се буди плачејќи и продолжува да плаче. Стискав кај увца, не плаче.
Готови кашички како топлите во микробранова, колку време, на колку вати? Во врела вода многу време треба за зеленчуковите убави да се стоплат, суви парчиња остануваат
Мене ме мачи нешто и ич не се сеќавам како беше.. бејби ги проба првите основни намириници сега од денес почнав со компир, е сега прашањето ми е дали исто се даваше ова како доручек, или му давам стандарт доручек па ова како учење за ручек да му дојде? Да ме утепате ако памтам како се даваше ова Некако ми нема мн намирници за цел доручек и плус пробувањето од другиве.. ма да буци толку мн сака зеленчук што едно мало компирче и едно мало морковче се излапа ко да не видел јадење, а вчера со кајсијата борби водевме Едит: и дали давате замрзната брокула и карфиол пошо домашни немам
Јас досега комбинирав овошје/зеленчук во еден оброк. Сега веќе ќе делиме, овошје за појадок, зеленчук за ручек. Ептен ако се погоди шмукалче или некоја готова каша комбинација овошје/зеленчук со нов вкус што нема пробано досега, па ќе видам како ми одговара повеќе, во кое време да дадам.
Да така се прави, ако ги нема пробано намирниците за ручек, се почнува со пробување покрај воведен доручек. Така ми кажа педијатрот така правев.
Малото има 6 месеци и денес крена температура од нигде никаде 37.2 - 37.5 (во тој ранг се движи цел ден). Омалкасан е, вчера беше ептен нервозен, пробува све да изгризе да стави во уста, претпоставувам дека е ради забчиња. Му ставив лепенче на челцето, да му ја земе температурата. Над која температура се користат тие, да не му наштети да не му направам полошо? Смеам ли нешто било што да дадам? Немаме извадено ниедно забче се уште. Претпоставувам дека од таму е температурата...
Значи не знам што е ова! Скок после скокот, нешто такво кратко, трае недела дена, трипс си, нешто така е опишано на вондер викс, со црвено е обележано, маме ми расплака.... Ржи жени, ржи, цел се потресува. Почнува да јаде, цел полн елан, една, две, три, пет лажички е максимумот, и почнува грр, грр, грр... ржи растура, се тресе, вика, урла... Плаче без солзи, ќе се смири и продолжува, така едно 2 до 3 пати праи па си се најадува после ко ништо да не било. И ус јадење дај му пола литро вода ќе ја испие, јаде и пие... Мислев се научи на овошје, не сака зеленчук, ма јок исто е и за овошје, мислев не сака топло сака од фриз, ма јок и тоа, од фриз вадам давам исто, мислев сака појадок не сака ручек, ма денес и за појадок цркви вадеше... Уште некој ден ќе се издржи.... И сето ова само дома, надвор е ангелче, бајче, никој не ми верува дена е ѕвер, нормално. За овој скок меѓу скокови појма немав, вели дека е дел од 5ти скок, пошто и за тој пред 2 недели што заврши велеше 5ти скок, или јас сум нешто грешка.
Тука имав прочитано дека лепенка на бебиња не се става лепенката на чело, туку на грбче ногичка негде, ако грешам нека ме поправи некој. Јас до 38 ставам лепенки разладувам, над 38 давам сируп ако е кенкав Тој е периодот кога учат за дистанца. Се плашат дека ќе останат сами. Гушкај, милувај повеќе сега. И нам ни беше многу тежок среќа кратко трае
Да има црвена фаза. Сите скокови се споени и имаат жолта и зелена фаза, е петтиот има и црвена после зелената и он ти е баш на сред од неа
Мајка јас на мојава и давав за појадок овошје ,зеленчукот го оставав за ручек. Незнам дали сте почнале со житарки и тие може за доручек. Карфиол брокула јас купувам замрзнати .
Па да и јас така планирам, само не ми беше јасно дали треба веќе да има цел оброк (доручек) па проби за ручек.. ај вчера ја утнав работата денес е друго, се налапа овошна од сабајле па сега спиење со цицање и после тоа ручек.. купив и јас замрзната брокула а карфиол има само карфиол замрзнат? Не сум видела освен мешавината карфиол, брокула и морков И житарки од кога беа? Исто од 6, така? значи да завршам со брокула, карфиол, батат, ориз и палента па тие просо, амарант, киноа се даваат уште? кој не оди на педијатар ќе прашува по групи
После петтиот скок се јавува сепарациска анксиозност, односно бебињата сфаќаат дека мама иако фактички, не е физички залепена за нив и дека може да си отиде и да ги остави. Тоа може да му создава нелагодност и да се однесува како да е во мини скокче. Како што напиша членката погоре учат за дистанца. Во апликацијата гледам дека трае околу две недели, и мојата е во таа фаза, некаде при крај.
Дали ова е она -кога ќе излезам од врата она се врти по мене и гледа кај одам? Во смисла "мама замина"? Мојава во последно се почесто го прави тоа
Па како што гледам на апликацијава, овој период е околу 30та недела од термин. Не знам дали се јавува порано или покасно.