Мојов е 9 месеци и навечер заспива со доење/ нишкање. Повеќе од 3 сати немам сврзано сон од кога е роден. Сношти ми се чини на пола сат се бидеше, веќе прекинав и да бројам по колку пати станувам. До 6:30 најкасно е буден наутро, ми се плачи од што сум уморна, а и со детево сум нервозна ради тоа неспиење. Пробував да го оставам на почетокот во креветче, ама многу плачеше и го кревав. Сега веќе е невозможна мисија затоа што ако го легнам во кревече си се исправа и ќе излезе ( дрвено е креветчето). Освен ова не фати цуцла ниту пие од шише. Сега летово едвај по неколку голтки од шише со клунче. Како да го научам да пие од шише? Да можам адаптирано да му дам?
Мене ми кажаа до година гол минимум за млеко е 500мл, до година давав 3 пати по 210 после година скратив едно шише и заменив со ужинка.
Мојот не ги ни допива тие 3 шишиња од 180мл затоа мислев да не му е многу. Пробав едно да заменам со ужина ама си бара млеко, ако му ја измешам ужината со млеко тогаш е мирен. Значи да не намалувам барем до година. А еве па поголемиот млеко воопшто не пиеше откако се одби од цицање, внесуваше млечни ама 500мл сигурно не. А како ти напредува со 3х210мл? Буце е? Јас стално нешто пребројувам, многу ми е страв од гојазност затоа и прашањава чудни
Претпоставувам дека веќе си консултирала доктор, но сакав само да ти пишам да ти кажам да не се плашиш, дека резултатите на бебето не отстапуваат многу од нормалата, иако на прв поглед така се чини, но овде е дадена за споредба табела на референтни вредности на возрасен, не на бебе. Лиммфоцитите му се малку над горна граница (кај бебиња и мали деца таа е 69-70), гранулоцитите се малку под долна граница (кај бебиња и мали деца е 19). Останатите параметри иако се обоени во црвено и отстапуваат од референтните вредности во табелата, сепак се во рамките на референтни вредности за бебиња и деца. Можно е да се работи за вирус, ама може и да не е ништо такво. Кај син ми пред некоја недела беа слични резултатите (лимфоцити 69 и гранулоцити 19), педијатарот (стара, многу искусна и ценета докторка) ми кажа дека ваквите вредности се нормални за дете, особено во првата година од животот и дека крвната слика му е супер. Син ми немаше никакви симптоми на вироза, единствено што во моментот на правење на крвната слика истовремено му излегуваа три нови запчиња, па јас тоа би го поврзала со таквата кс. Пред три месеци имаше скоро идентична крвна слика на оваа последнава, тогаш анализите ги правеа на педијатрија, на клиника за хематологија, исто на резултатите стои дека е сѐ во ред, прими тогаш без проблем и бсж вакцина.
Ма од 10 месеци па до сега 13 имаат се врткаат околу 11 кила, дури паднаа на килажа откако станаа поактивни, се исушија, ама височки се, 82, 83цм се, буциња не биле никогаш освен во обравчиња ама и тие им се стопија сега. А имаа 3 оброци и 3 млека на 10м плус грицкаа и измеѓу. На педијатар ми рекоа да намалам млеко иначе уште ќе им давав, за да не им падне железо иако супер им хгб. Прочитав дека почнал да лази, тек сега ќе троши, нема да стане буце, плус млеко треба до година да им е основна храна така да не му е многу, не се секирај
Ќе следиш дали ќе почне да повраќа, тоа обично е репетирано повраќање во млаз, едно по друго… Првите 12 саати се најчести симптоми а ќе следиш 24. 2 часа да не спие, да јаде полесна храна. На фонтанелата се приметува одма ако има нешто сериозно мада не верувам, одма би приметила. Не мачкај ништо, ќе помине само од себе. Едит: извини сега видов дека е од вчера.
Да поминаа веќе 13 часа, нема повраќање ниту дефокусираност. На модринката намачкав 2 пати маргарин и денес нема ништо боја само малку како отечено. Ќе следам до утре ама мислам поминавме без последици за среќа. Мене уште не ми излегува сликата од глава и не можам да си простам што станав
Трета доза најдоцна до 32 недела. Јас месо пет пати неделно давам, три пати телешко, еднаш пилешко, еднаш мисиркино (некогаш два пати мисиркино, ако немам домашно пилешко). Сега планирам и риба да воведам. 8+++ е моето.
За колку дена се научи да спие самата? Мојов преку ден има три дремки, спие вкупно три до четири часа, а пред ноќното е буден два и пол часа. Рутина е следна одмивање, една иста песничка му ја пеам две рачички десет прсти ставам пелена и цица прекинува ставам цуцла и на скутот го држам легнат, со занишување заспива. Кога полесно кога потешко. Околу 21 заспива И кога ќе го легнам првата ноќ во креветче, што му правам? Ќе почне да плаче кога ќе види дека нема помош. Мојот има 6 месеци. Ова твоето е предобро! За мене ова е сон хаха, сонувам за тој ден кога ќе го спуштам и сам ќе заспие, а уште повеќе за кога ќе спои повеќе часа.
Ај тука кај големиве да прашам,мислам дека направив беља. Немаме уште дозвола од ортопед за седење, ама мали покажуваше знаци и се тегнеше со мои раце за да се дига, така си вежбаме некое време, ама денес баш си седнуваше, се држеше за мене, го потпрев во ќош и седи сам. Е, ама штом го спуштам да легне, сега ми плаче, нејќе никако, вика по мене луто. Дали го исфорсирав многу? Ќе прашам матична, ама и овде сакав некое искуство. Другата мака ми е деновиве многу плаче во сон, цврсто успан, а липта. И после тоа се буди со страшно плачење, едвај го смирувам, се гушка, ми зарива нокти во врат, се тресе, не знам како да му помогнам. Недај боже да е оставен сам, нема смирување. И мора да спие исклучиво на страна цел искривен и да гушка ќебенце играчка, мојата перница, моите раце, се собира под него за да заспие. Ако го свртам или му тргнам нешто, се буди. А ми е страв со тоа ќебенцето да не се загуши и дежурам. Не знам што да правам.
Не знам колкаво е бебето ама штом успеало во ќош да седне сам сигурно е над 6м затоа ќе ти речам да го оставаш да седи само во хранилка, количка, релаксатор било што под 45 степени и ќе се исправа сам, така и треба да вежба. За ова другото, сигурно е во скок или separation anxiety период, ќе помине, а до тогаш биди до него колку можеш, за спиење може некоја плишана играчка или ако спиете заедно (така сфатив) држи го за раче. Не го врти, остави го да спие како што сака. Во позадина white noise, пригушено светло, свеж воздух пред спиење обавезно.
Мајки, тие што давате Молерс омега како ја дозирате.Матичната ми рече 1.5ml, а на упатството пишува 2.5мл.Инаку бебе е 9++
Ако се исправа со своја сила, тогаш не може да се повреди или да се исфорсира. А плачењето во сон може да е ако му растат запчиња.
Вчера наполни 6 месеци, ама ортопед дека прематурче ни го рачуна како петмесечно. Ни кажа во хранилка веќе да почнеме да го ставаме на 60, 70 степени, ама и така се дига, ги влече каишите, сака за послужавник да се држи, ко стомачни да прави е цело време. Ќе го оставам, нека вежба, се надевам нема да направиме проблем. За спиењето пробавме секако, едно креветче, друго креветче, соби менувавме, не, мора да има човек до него залепен, а во моментов само јас и плус тоа плишаното ќебе играчка, ќе ме испогребе по лице, ќе не гушне и заспива. Веќе не го вртам, за 2 месеци ќе идеме пак на ортопед, па нека каже ако му е нерамна главата или друго.
Само се држи за мене, или што ќе најде околу него за да се дигне. А можно е и тоа што викаш за липтањето да се запчиња. Нема вака нешто набабрено, ама кога ќе види дека ја мачкам сестра му со гелче за непца, сака и он и се радува. Кај неа има набабрено веќе еден месец и никако да искочи, па само лупа во спиење со нозе, раце, се трие по лице. А он само плаче.