Неповикана ќе се вмешан. Да, најобичен алкохол е. Се меша во сооднос 1:1, пример 100мл алкохол со 100мл вода и ја мачкаш по телото. Само немој да триеш затоа што така ја загреваш, а кога ќе ја измачкаш тоа ќе почне да испарува и со тоа и тт ќе почне да паѓа. Однеси си ја Детска клиника ако качува, ние пред некое време имавме одлично искуство со темелен преглед и супер совети.
Може да ми пратиш слика лп од осипот. Денес ја видоа сабајле ми рекоа од тт,ама многу и се прошири. Точки црвени.
Bravo za mazeto, se pogodil jadac. Ova mleko sto mu go davas megu obroci, 180ml e? Moevo ako ispie tolku posle 4-5 sati usta ne otvara.
Сум ги избришала сликите. Почна постепено да се осипуваат, прво стомаче и грбче, па нозе и раце и на крај лицето. Не се секирај не е страшно и опасно, црвени мали точки беа, кога ќе поминеш со прст се губат (значи не е подкожно).
Мајки кажете како да го маскирам овошјето за доручек? Значи за ѓив аглава не сака овошје.. место да си има убав доручек од 100гр он ни пола кашичка нема да ја изеде, ама затоа со ручекот нема гајле цело тегличе го мава без проблем.. палента само има пробано, денес завршивме со проба и со било кое овошје нејќе и нејќе.. сите ми биле по зеленчукот повеќе ама ова нема шанси да го излажам И ќе ја повикам @AngelOfArh да ми каже што следува после брокула, батат, палента, карфиол и блитва фала однапред
Ајде помош се изгубив малку. Бебе проба Морков, тиквичка, јаболко, круша, слива, праска, кајсија, тиква, компир, диња, слива, авокадо, банана, брокула, пченка (од хип од кутија), ориз, овес, јогурт. Дајте идеа што наредно да давам. Денес планирам да дадам да проба телешко, додуша со готова кашичка од хип, па за утре ќе спремам домашно планирам со брокула и компирче. Дали сега има блитва и од каде купувате? 7+ е
Палента, гриз и другите житарки јас сите ги воведов на 7. Патлиџан, пиперка, мешунки исто воведов на 7. Карфиол и домат на 8+ дадов
Мене списоков ми беше за ориентација, давав тоа што е сезонско моментално… Сега сезонски се краставица, патлиџан, модар патлиџан, кромид, цвекло, морков… Што знам многу зеленчук и овошје.. Можеш и алергените да ги воведеш полека сега е така според новите препораки. Јас само кикирики уште не дадов и мед после година. Јајце исто воведов на 7.
А јогурт (грчки), урда кога воведувате и со што? Немам идеја, нешто не е љубител на киселкасти вкусови.
Круша, јаболко, слива, кајсија, тиква. Најмногу ја сака со урда и спанаќ. А со јогурт/кисело млеко ни да ја помириса.
Просо и гриз ќе ги ставам наредни. Домат се помислив дека секаде е подоцна, ама не ми се испушта сезоната така да ќе дадам, а и пиперка печена планирам таман за со мевце. Од мешунки се мислев боранија, грашок, евентуално црвена леќа. Многу бавно ми иде и се нервирам. Сега 10 дена дека не бев дома без план и компас и речиси ништо не проба, а кај и да е за две недели на одмор ќе одиме и таму тешко дека ќе дадам нешто ново. Морам овие две недели еден план убав да направам, зошто после уште еден месец и се враќам на работа, а сакам што повеќе јас да воведам да не оставам на мајка. Ја имам оваа листа, ама некако се изгубив од нетрпеливост и што ми се измести редот. Ништо мора да направам план по денови и да фатам ред. Фала женски, ќе биде. Со големиот повеќе се замарав, ама и поубав ред имав фатено. Со ова ем борба водам со оброци, ем некако како да тапкам во место.
Можеш да му дадеш и гриз, палента, кисело млеко, пиперка, цвекло, кромид, лук, компир. Сега кога има пробано повеќе намирници почни да му ги комбинираш. За доручек на пример му давам овес со овошје. За ручек мешан зеленчук со ориз, јаде и со телешко готови каши сега ке почнам и домашни да му правам. За вечера му давам гриз со адаптирано. Кажете некоја идеја за вечера ич немам идеја што да му спремам освен гриз.
Овес, просо, рж, спелта(гриз), телешко, пилешко, мисиркино, грчки јогурт, урда... Леле ја да не форсирам многу што го терам цела голема да јаде, мислам во толкава тегличка мерам, голема, па што знам, полни 7м во 8ми е, мала тегличка малку ми е. Форсирам а? Блитва купив од жена од кај мајка ми домашна, ама ја изеде, па сега си насадив во саксија да никне таман додека се вратиме од одмор, до тогаш имам смрзнат спанаќ домашен и друго ќе јаде. Дај ги останатите житарки, глутенски, дај урда, месо, да ти кажам планирам се да дадам кога ќе се вратиме од одмор, таман ќе наполни 8м, патлиџан, пиперка, модар, бобичасти тогаш ќе стигнат планинските сите сосе домашните јагоди, се ќе дадам. Твоево колкави теглички јаде? Сте пишувале за редот. Моево цица па колку ќе ви помогне тој ред, вака иде, цица околу 6-7 па стануваме и спремаме појадок, додека се олади кај 8ипол-9 појадува, после цица ја еднаш ја 3-4 пати, зависи денот каков му е, па руча кај 1ипол-2, ако денот ни е утнат знае и ручекот да се пролонгира малку, па пак цица и вечера гледам да е максимум до 7ипол, мада најчесто е 6ипол-7 и додека заспие цица уште најмалку еднаш. Инаку моево почнуваше со јадење ептен усилено, ќе фати мљац мљац мм мм, ам ам, нам нам... едно задоволно фацуле и така 5-6 лажички и кочница, понатака со сила. Приметив дека не сака форсирање, ќе касне 2 лажички па пауза малку, пак 2 лажички па музиче, па браво, па муабет па пак 2 лажички и вчера изеде цела каша така и за доручек и за ручек и за вечера. И да, по трет пат, голема тегличка да не е многу?