И мене вечерата ми 3 најкомплицирана. Гриз ама не ми оди со друго освен со банана, овес чат пат со грчки јогурт малку и пак малку банана, хељда со слива кога не ми кака, ама не ми иде никако да дадам зеленчук за вечера а матичната рече зеленчук или млечна за вечера. Се сеќавам иста мака имав и со големото не знаев што да дадам за вечера додека не почна да јаде баш се. Лесно е за големо, палачинка со путер јаткаст, јуфки, тарана, а ова што да му дадам...
Палента со банана, Палента со грчки јогурт, Грчки јогурт со измиксано овошје, Просо со некоја овошка, јас давам со тиква, банана, авокадо, јаболко… Банана, тиква и авокадо, Гриз со овошје, Палачинки со грчки јогурт или овошје… Тие кашите од кутија, брзо се подготвуваат, јас пробав и не ги сака и не давам ама можеш да пробаш…
Како насади блитва? Имам голема жардинерија да засадам и јас. Немам од каде домашна, а од пазар не ми се купува незнам од каде ја берат, како што лесно никнува секаде Мојов и да сакам голема да му дадам, среќна сум мала кога ќе изеде. Јас уште со доручекот се мачам, а кај се ручек и вечера . Ако ти јаде голема давај. Ич не се сеќавам за големиот колку количини давав, само знам дека поубав ред и до 8 три оброци си имаше. Со ова до 8 среќна ќе сум и два ако има.
А чекајте малку.. нели прво се даваше месо па после се вовдедуваше глутен? Така се сеќавам дека беше пред 3-4г или сега е сменето нешто? Ма да јас со ова некако мн брзо ми иде бре.. нема полни 7 а веќе ручек јаде.. почнав на 5м и 2 недели.. ма да не ги воведувам по 3 дена туку по 2… трето а каша попара ми е со јадењево А и нашиот “ред” е така слично.. цица во 6-7 па доручек кај 8:30-9 па после за дремка цицање, па после некогаш ручек некогаш пак цице за спиење.. значи ручек некогаш во 2 некогаш во 4 давам. Додека не воведам вечерам гледам по него како ми е гладен и тогаш спремам ручек
Семе купив од пазар во ќесичка и во саксија го истурив, голема саксија од лимон еден голем. Полевам со шише со дупчиња како туш да е и ајт. Па да, месо воведов па глутен, ама не нешто да чекам. Иначе воведов мисиркино и телешко, пилешко не најдов асално. Иначе моево дете убива за леб. Дај му корка леб ќе џвака, ќе шматка, цела ќе ја мавне. Прееска после појадок месев лепче и брат му од тестото направи минијатурни кифлички, нема значи нит јајце нит ништо, само тесто за леб, изеде кифличе ипол, големи колку палче, смука, јаде, шматка... ми е страв да му дадам сам да јаде ќе лапне некој голем залак, ама ќе дадам кога си одиме дома од планинава.
Јас пилешко сум воведувала од кашичка и сега така планирам да дадам.. има на holle само од пилешко па таква ќе земам па ќе ја смешам со нешто
Јас исто имам недоумици околу количината на храната. Прашав неколку педијатри, и сите беа со ист став. Не форсирај да изеде се. Во моментов е 11 месеци, јаде мал тегличка.. На 9 месеци јадеше голема, колку му се јаде толку, не форсирам
Да видов и јас, ќе земам да мешам со таа со грашок на Холе, ја обожава. Таман јаде малку помалку од голема каша, и ќе му дојде 1 мала месо со 1 зеленчук за 2 дена.
5ти скок ни донесе бебе што заспива во раце и никако поинаку. И нормално "кавги" зошто така се учи, ќе порасни, кој ќе ја држи бла,бла,бла... Еве баш денес маж реши да испроба со методот Cry it out ли беше. Треба ли да кажам што освен што завршивме со бебе кое премре од плачење, уште пола час не се смири после тоа и во сон си потплакува, ние со вистинска кавга овој пат. Така да се надевам за брзо ќе и помине оваа желба за заспивање во раце.
И да се решиш да тренираш бебе на спиење со оставање да се исплаче тоа не се прави во скок. Од мое искуство сите скокови сакаа во раце да спијат, или ќе заспијат па се разбудат брзо и сакаат во раце да доспиваат. Па ќе помине скокот па ќе се средеше. Некаде на 11 месеци почнаа сами да си заспиваат, ќе се вртат, ќе лудувааат, ќе се пентетат по кревет и на крај само легнуваат и си заспиваат.
Искрено мене не ми пречи и да заспива во раце. Знам дека е фаза и ќе и помине. Во овие месеци си заспиваше сама, па еден период преферираше во количка, па исклучиво со шише млеко и никако поинаку. Сега е делот со раце. Ќе го надмине и тоа.
Методот не се применува за денски дремки,туку за ноќе...Денски мора стрикно да имате рутина па сама ќе си се заспива,плус ако сте во скок тоа никако не е препорачливо никаков метод да применувате... Ако и после скокот имате мака со заспивање тогаш можете да правите тренинг,а до тогаш нерви и многу сила за нишкање
Мајки незнам што да правам. Бебето ми е 9+ месеци, веќе 2 дена како несака да пие млеко т.е пие дневно вкупно 30-40 мл , а ноќе пие вкупно 100-120 мл т.е 5-6 пати по 20 мл. Меѓутоа имам воведено 3 оброка. Исто така и пред 2 дена почна и вода да пие по 100-120 мл на ден, порано не пиеше.
Моето има осум месеци и еде голема тегличка 190гр. Веќе месец ипол како јаде по толку. Дај му слободно и докторката ни кажа минимум по 120гр треба да изеде. Е повеќе од 190 не му давам.
Грчки давам на имлек е со 10% масленост. Баш гледам дека кашите за 8+ се по 220гр, за 6+ се 190, веројатно има зошто. И да не изеде 190, јаде најмалку 150, па сум мирна.