11 месеци, заспива 20:30 до 8 сабајле, не се буди само и давам да цица во спиење пред да одам на работа кон 6 и 30. За преспивање еднаш кон 11 часот прва дремка, околу пола саат до 40 минути. Втора дремка во 14:30 со мене, околу саат и пол. Трета дремка немаме одамна.
Само мојов ли се погоди најголем неспијач на светов, јас ќе се пореметам уште малку. Пратам прозорци на буднотст преку ден и спие како бајче, дремките му се на 3 саати некаде, некоаш по саат, саат ипол, некогаш 45 мин ама си спие мирно. Ама навечер луѓеееее, спие мирно првите саат два, после се врти нон стоп на меше се буди и плаче, па го заспивам пак и после пола саат саат пак истото и така до сабајле у круг. Што правам погрешно за детево да не може да спие ко шо треба, очајни стануваме со мм...
Ама ти многу се замараш со што рекле како рекле, нема проблем, нека зборат ако немаат попаметна работа. Еве сеа бев 5 дена со свекрва на викенд, си збореше, тоа и е работа, ама не се замарам јас.
Скоро 12 месеци, ама уште од 9 месеци ни е оваа рутина: заспива во 19:30, различно се буди насабајле, од 5 ипол до 6 ипол најчесто. Прва дремка легнува во 9:30-10, спие до 11. Втора дремка од 14:30-16. Многу се три дремки за возраста, пробај да го легнуваш порано, можеби му е доцна 20:30 па затоа е пораздразлив. Инаку јас пробував да и го поместам легнувањето подоцна, барем кај 20:00, ама пак ми стануваше рано насабајле, и се вративме на 19:30, најдобро спие кога ја легнувам тоа време.
Премногу дневни дремки. Не знам колку точно има бебето ама после 6м веќе се сведува на 3 дремки до кај 8м. Главен проблем за нарушен ноќен сон е многу дневни дремки, ако исклучиш амбиентална температура, светло, проветреност, соодветна гардероба и подлога за спиење. Тоа сум го сфатила од што читам по нет.
3 дремки има, некогаш ептен ретко 4 ако станал порано или ако реши само да "дремне" у 7ипол 8 вечерта па да седи до 11. Од денеска почнувам некој ред станување, легнување и дремки у исто време секој ден, па ќе видам дали ќе има ефект... За другово, секогаш проветрувам пред спиење, спие на боди само и пелена озгоре, во спалната ни е темно со уклучено светло од ходник спиеме. Иначе сме 7 ипол месеци. Си го поврзувам ова и со тоа што почна да ползи, па сега сака да се крева да ги витка колената па да лази на нив и мислам дека вежба у сон од тоа што читам ама којзнае..
Значи тука сме, ни моето е 7ипол месеци скоро, спие наутро после појадок и евентуална прошетка по 40тина мин, после ручек или пред ручек, зависи како ќе се погоди и исто пред или после вечера, ама на ноќното спиење не му смета. Заспива кај 9, 9ипол и до сабајле со 1 или 2 будења. Исто лази, движи, се исправа на нозе, на 4, станува сам се обидува да седне... таа возбуда ја искажува дење, со викање, со трескање од земја...
Само што влегов во темава да го пишувам истово и налетав на твоето искуство. 5ти скок не беше вака страшен како ова дерење и целодневно кенкање после скокот. Навечер уште салта нема направено кога спие. Сите можни страни и пози ги има фатено, пренемирно спие и се заглавува во креветчето па се буди со вриштење. Преку ден и најаден и наспиен и сменето пелена он си кенка и си кенка. Не дај Боже да го оставам сам на подлога...урлање на најјако. Има само 10мин без кенкање кога ќе стане од спиење и после си почнува. Не знам што е ова и дали ќе има крај, ама нервите ми се конец
Такво си е детето. Не прозорци не врати, се живо следам. И што да правам се помирив веќе. Мојава од старт е терсене со спиењето, а сега веќе година наполнивме.
Мајки дај кажете начин како бебе да пие млеко кога сум отсутна? Бебе само сака да цица, цуцла не сака никаква веќе 3 месеци. Со лажичка не отвара уста, 5 лажички и толку, со обична чаша исто споро оди само малце и плаче пак за цицка. Бебе е 6 месеци, а треба да сум отсутна од дома 8 саати. Како се снаоѓате во вакви ситуации?
Исто се само што навечер спие. Спие и преку ден ама кратко. Е мирно спие за разлика од вашиве. Грдо звучи, ама се тешам.
И јас да се пријавам исто е, кенкање, не знам како да го занимавам, сака да се исправа и од нас се гурка, па сака со кабли да си игра и сегде да се пикне и ако му кажам не, ауу како да сум го истепала.. викаше бабаба мамама сега ништо од тоа само дерење.. во раце кога го држам мислам ќе ме затепа. И така, интересно
Офффф не знам како да се помирам дека такво е детето од раѓање неспијач, ме фаќа страв за тргање на работа, не знам како ќе се функционира Да ве утешам другиве малце дека после петиов скок малце спласнуваат кенкањето и плачките кога ќе го остаам сам на подлога се надевам и кај вас ќе е така..
Мојот да, периодот количките му се омилени. Има такви големи со големи тркала, ги врти и сака да изваде упорно ги влече. И сите играчки ги треска од земја и после пробува да ги фати лазејќи
Кој знае на моиве комшии под нас како им е И јас не можев да се помирам ама додека се помириме ќе пораснат изгледа
Тешко многу, првата недела беше со мм и одев по 4 саати само на работа па ме чекаше за заспивање, ама од втората недела ја чува мајка ми и повеќе проблеми прави. Насабајле обавезно поплакува малце за цице, така се будеше до пред да почнам, па после за спиење едвај со нежно нишкање се научи. Во септември ќе треба со свекрва ми една недела да е и тогаш ќе е интересно, нема седено со неа воопшто. Инаку ко ќе си дојдам дома дури да си легне е во мене, значи секунда не ме остава од страв да не заминам, сегде заедно сме.
Точно 11 месеци сме. Легнува во 21часот некогаш и 22 го наваѓа. Станува во 8сабајле со 2 3 будења со одма презаспивање. Прва дремка во 12 до 13.30 втора во 17часот полаа саат, ако е повеќе го будам. 5 запчиња, фаза на проодување.