Мојава од септември трга во градинка. Страв ме фаќа како ќе се адаптира. Премногу е поврзана со мене. Буквално ако станам вода да пијам или до вц само чекор штом направам плаче мисли ќе ја оставам. Не знам како ќе успеат да ја заспијат таму. Исто знам дека тешко ќе биде и со вирусите се можно ќе префати. А ако не смени со спиењето тешко мене како ќе почнам на работа, со ова темпо нема шанси да издржам. Доцна заспива и немирно спие а и често се буди за цицање иако година наполни.
Дали давате семе од коприва, како да го воведам, од кога, бебе е 11 м, треба ли да се вари на пример или доволно е во каша да го ставам? Колку количински и колку често? Дали е подобро во овошни или во зеленчукови каши? Давам аронија по 3 зрна во овошните каши, колку аронија се дава на бебе, можам ли повеќе да давам,бебе цело време има некоја гранична анемија ниту со капки ниту со храна има промени, еве 11 месеци е, ке го носиме на хематолог. Какао може ли на 11 сега да дадам и кое? Чиа семе и ленено семе дали давате на бебињата? Јаде 4 оброка плус цица и цело време му фали килажа, 81 цм е висок а има 8400, мн е активен, не застанува, цело време лази, станува оди покрај мебел , доктроката вели бидејки е премногу активен повеќе троши одколку што внесува,да му дадам б комплекс да се смири глупости живи, велам он не е нервозен па уште со б комплекс да го смирувам, ми вика дај му и за апетит е.
Собирај нерви зашто по она што те читам те чека тоа што и мене. Секој скок се потежок ни е. 4ти беше мачкина кашлица у споредба со следните. Тој пред роденденот чинам не ни заврши, еве влеговме во 9ти, или се споија или едноставно карактер им е па да си се помирам Душата ми испадна, ко на стероиди се Барем линијата пред пораѓај си ја вратив, а 30 кила се поправив у бременост па ти види Мажи...
Па б комплекс не е за смирување, бедоксин е, различни витамини се. А Б комплекс да, за апетит помага. Да а, ај некој ќар бар, ќе ослабам. Денес појадував во 12. Е едино лошо што јас под стрес јадам, и не знам колку му е доста.
Сте испитале фолна, б12, трансферин и феритин за да видите дали во нив лежи проблемот за железото? И да, б комплекс е за апетит и општо за имунитет, а Б6 т.е бедоксин е за смирување.
Верувај дека таму и ќе јаде и ќе спие и сè ќе прави и преморена ќе се враќа и ќе си ја спие ноќта. Почетокот е тежок, но ќе се навикне.
Не, сега бара матичната термин на детска клиника, докторкава ни препорача во Систина ама мислам дека многу скапо ке не фати таму па ке почекаме термин.
Ова како јас да сум го пишувала, иста е. Почнавме на адаптација, плачки сега за сега, па ќе видиме, ако се навикне она секој може
Зошто во Систина? Изгор им е лабораторијата. Подобро во Авицена да ги направиш ама не гледам зошто воопшто на приватно да правиш па на детска ќе ве примат и со приоритетен упат. За да испитаат железо, крв земаат венски ама многу се внимателни и фини. Резултати јмавме за половина час. После тоа може со резултатите да одите во Систина за консултација со лекар ако не сакате на клиника.
Се што може да се врти го вртиме а треска се од земја дури и шишето со цуцла, најинтересна занимација!
Зависи кога почнало со дохрана. На 6м ни воведоа уште еден оброк, поточно после 6м му доаѓа, скоро 6ипол кога почнавме, ама моето не напредуваше баш добро и затоа. Со полни 7 ни рече да воведеме и вечера. Дали млекото не му стигало, многу ме нервира овој муабет ама тоа е, или не знам што е, ама откако почнав 3 оброци не бара веќе на 5мин да цица. Едно време цицаше малку, ама и не сакаше баш да јаде, сега и цица и јаде баш убаво.
Има на инстаграм профил напиши “aktivnosti_za_deca”. Често прават онлине работилници мн се интересни сега од 1ви септември им почнува есенската. Има за секоја возраст почнувајќи од 4 месеци. Разгледај ги