Добро ви ржат ли децава? Ржи мајки, ржи, се потресува дури. И коа му е арно и коа се љути, чудесен е. Ама од од друга страна стана поинтересен, почна да разбира, да не закача, да игра... Сепаративната анксиозност уште не дрма ама добро, ќе помине за некој ден, се тешам. Како се вративме од планина сака да јаде, подобро јаде од пред тоа де, уште не најсјајно ама подобро е каде каде. Ми изреагира мислам на пашканат, му се вцрви газето, мислев до пелените е ама не, се смири па ќе пробам пак со пашканат, ако пак изреагира не го давам. Така брат му изреагира на пиперка зелена, ама после некое време продолжи да јаде без проблем. Ќе видиме, здравје после одмор тоа, сега нема шанси да ризикувам. Иначе малку ме плаши вирусот што тресе моментално, стомачен, само да не не стрефи пред одмор се плашам. Или недајбоже за одмор.
Нас не подкачи стомачен вирус. Од петокот е со пролив и температура. До вчера имаше температура 38со3 најмногу качи и со ништо не ја симмуваше освен блок макс, и многу беше омалаксана и кенкава. Денес веќе нема температура од сабајле еднаш се искака убаво а вториот пат течно. Ама е многу кенкава и омалаксана плус она мини скокче после 5ти скок лудило. Вчера еден час така страшко врескаше, плачеше зајдуваше и се умори и заспа. Каши јаде само благи да бидат, млеко шише едвај фаќа, прво чај давам па одма го пикам шишето, ќе вика на цел глас ама ќе го испие. Давам пробиотик,и само денеска давам електролити по препорака на матичен. Едвај чекам да помиме и кркорат цревата се слушаат, и често сака да спие. Многу ми е страв да не падне на килажа, овие денови ќе ја мерам за 5 дена полки 7м.
Ржеше мајка и мојот тој период особено кога му давав да јаде.. па тоа беше ржење мислиш некој ќе му го земе јадењето од уста
Исто, џабе подлоги, џабе играчки, џабе се, во два три потези бега на тепих и грицка, а заб никако да излезе. Бејби шарк ја викам нагалено. Досега упорно секој ден го чистев и тепихот и таркетот со тој чистачот на пареа, ама полека се откажувам. Надвор ако седнеме одма докачува некој стол да гризе, нема смисла веќе и шишиња да стерилизирам.
Што фаза/скок им е ова со врескањево, ако е "глобално", или мојов сака онака само да се кара? Легнал на бејбиџим, го тегне, го превртува и се дере по играчките што не може да ги откачи. Гости имавме, го закачкаат, досега се смеел на луѓе, а сега подмукло се смее и им вика, вреска, писка, срам да те фати. Ако гледа нешто песнички на јутјуб, штом почнат реклами им писка и нив. Таман ќе ја заспијам дада му, дали сфаќа дека го има цело внимание и писка на сиот глас, па она одма се буди. Уши ни пукна, смешен е за смешен, ама на моменти и страшен, комшии ќе помислат го тепаме, а он се радува уствари. И до кога користите бејбиџим? Нешто во глава ми се увртело до 6 месеци, а баш сега му е најинтересен.
Ни јас не чистам толку често, џабе е. Собирам само влакна секој ден од мојата коса И дома посегнува по стол, по маса по било што за да гризе, сега почн и креветчето да го гризе. Ние имаме две запчиња, излегоа без мака па се надевам и со другите ќе биде така. Исто имавме фаза со врескање, не можев да го изнесам на тераса, срам ми беше од комшиите. На мм му велев, дека секој момент очекувам некој да ни заѕвони да се пожали од врескањето ама тоа не се случи а и фазата си помина. Не се грижи, ќе му помине Иначе бејби џимот кај мене уште му е поставен а има 8м и понекогаш буквално ги корне играчките за да ги извади, а знае и цел да го крене и да го преврти Колку е поголем, посмешен станува
Само да се пофалам дека научивме да си седнуваме и веќе промашивме една дремка, значи вечер исто ќе биде многу интересно Со врескањето најјако беше во количка, детето си вежба а мене ме гледаат во парк чудно
Уште 3 дена и ке излезе бебуш од фамозниот 7ми скок, како да порасна преку ноќ овој период, почна интензивно да комуницира, разбира ако му побараш одредена играчка да ја земе, чука раце, почна да фаќа трошки како пинцета, кажува како брчи кола, како лае куче како мјаука маче, на прашање како кашла мама се накашлува, или како кивам, кима со двете очи ако му кажам ајде кимни на мама,и ако му речам ајде гали ме малку ме гали и вика оооо ооо мама, ако верувате сево ова го совлада во период од 2-3 недели, ама паралелно со ова почна да апе многу, се лути многу брзо, плачем се кара кога се лути, бега ако му кажеш не или чекај да те фатам, и од завчера почна да се фрла на земја ако се лути, се истега на назад и легнува слично на тантрум.Има 11 месеци и 8 дена со првото лутењево ми се чини беше доста покасно.И цело време е турбо активен, лази, оди покрај мебел,не застанува а малку спие, и слабо е многу .Сега му излегуваат двојки горе па се надевам дека касањето и нервозата е од тоа, ама ако е карактер тогаш мислам тешко мене.Големото синче често го поистоветувам со торнадо ама ова мислам дека ке е бетер, цунами?
Да стерилизирам? Абе прееска дури готвење во кујна он на подлога, се излизгал до трпезарија, тешко му иде гол да лази на паркет а претежно е гол по пелена или по боди, и како што стигнал до таму го гледам мљацка трошки, семки од пиперки на мм што му паѓале од доручек, начекал гозба чоекот. Ми се смее мм вика шубаво не треба да пушташ правосмукалка. Немаше да го видам ако не мљацкаше на глас, нам нам...
Ќе го оставам и јас бејбиџимот, нека се кара со играчките, нека ги тегне. Прееска им се дереше затоа што се тегнеше на нив мислејќи дека ќе му помогнат да се исправи и да си седне. Баш, како што растат се и потешки ама и посмешни, некогаш грев ме фаќа што им се смееме. Е сега ќе ги жалам тие што ќе се околу нас на одмор следната недела, што да правам, не знаев дека оваа фаза сега ќе му почне, има да не пцујат...
На 5 ипол месеци почнавме со воведување на цврста храна, на 6 еден оброк, на 7 ипол два оброци, на 8 ипол месеци три оброци.
Стасавме и ние за темава, ја разлистав неколку страни и гледам дека ние немаме никаков ред. Еден ден има 5 дремки и едно спиење од саат ипол, друг ден има 3 дремки и две спиења од по саат, цело време мешано. Ај тоа па ни времето не е исто секој ден, освен за храна +\- еден саат пие 6 пати дневно по 150мл АД, а лошото е и навечер што уште пие. Како да ја учам? Кога нејзе и се спие е никаква не се трпи све и смета, како ги држите будни? Вчера играме, она игра и затвара очи. За станување навечер мислите дека ќе ми помогне последното млеко ако и е во 10 и помешано со овес? Пробувам да ја презаспијам, ја нишкам, пробав и со вода и со чај, не иде. Веќе седи сама, скока како да е на џампер, почна мааалку да се превртува од стомак на грб (никако да се научи). Се си е супер, си напредува, не фати стомачниот вирус со 6 дена температура 39,7 највисока бевме, помина. Почнавме втор пат со храна и од одма ставам оброк не чекам месец дена зошто е жива гладна, во секој момент да и понудиш храна ќе јаде, а млеко не баш. Петтиот скок на вондер викс вика уште 3 дена има, мама имаше еден нервен слом каде и се виде црно пред очи. Се ќе помине ама ред никаков немаме. Се нервирам зошто 90% мислам дека е до мене тоа, јас сум одговорна да и створам и да и потпомогнам околу редот.
И мојот уште станува навечер 2 пати за млеко, а за некој ден 10 месеци прави. Се пробав, само полошо станува ако не му дадам млеко, а со млекото веднаш презаспива. И се откажав од одвикнување. Ќе пие се додека тој бара, сам ќе се одвикне некогаш
Здраво мамс, Бебе е 10 месеци, од пред извесно време со рачињата се удира сама по главата, не знам дали и е интересно и зошто го прави тоа… Правиме и тапши тапши и некогаш ќе и текне се удира, џабе зборам не, ја галам и слично пак и текнува по некое време… Дали само мојава го прави тоа или е нормално? Ќе полудам.
И мојот сега на 14ти ќе прави 9 месеци истото го прави. Ќе се удри што ќе се удри и на крај прави браво со рачињата како којзнае што да направил Си се скубнува и за коса ..
Да не ја учеле бабите чао да кажува Свекрва кај мене сакаше да ја учи така да кажувала чао со удирање по главата, тие на времето како што правеле.
Мила сите се удираат по глава, не ги боли мислам звукот од плескањето им е интересен. Моето и ден денеа знае да се заплеска а сме 12 ипол месеци