Да да и мојата пробуваше така да го учи, викам он правилно си кажува чао, плескањето по глава нешто друго му значи
Мојава има 7 месеци и пред некоја недела се удира со рачињата и се куби за коса и уште така прави многу ми е темпераментна и се удира и по стомак со раце од што мрда валда не ја боли.
Хахаха бог да чува. Абе чао кажува одамна, ама вакс што се тепа се нервирам. Пред месец ипол два правеше неколку дена и заборави и сега пак и ме загрижува.
Мојот така прави кога учи нешто, прво тестира на глава Кога учеше да плеска со рачињата прво се плескаше по глава, за чао кога мафташе се удираше по чело, сеа учи пољупче и се удира по уво. Исто ја кубе косата ама се си мислам од болка од забите е, може грешам.
Знаеш не ми текна сигурно е од тоа, двата горни кеца само што не и излегле и кенкава е цело време… Мада и може учи нешто ново, пример еве и нас почна да не тепа Шала Сигурно е некоја фаза и знам дека ќе помине ама не можам да ја гледам кај се мава па ме интересираше дали и други бебиња фо прават истово.
Правеше еден период и мојот така, негде околу 7ми месец беше. Мислев заби е зашто прво ќе се почешаше на уво па ќе почнеше да се удара на цело лице нервозно. Нема ниту еден заб уште, не знам што фаза беше тоа
Ми се има случено со моиве кога беа бебиња после тт вака да се исфрли. Не е рељефно, за два три дена поминувало.
Еве да се пожалам и јас.Моето е 9++ а уште не прави тапши,тапши,ниту па кажува чао.По цел ден само плескам со рацрте и пеам ама он никако да почне..само ќе си ги стави рацете една врз друга и толку.Ме нервира што не дава ни да му покажам,одма ги трга рацете..Почнаа секакви мисли да ми се вртат во глава...
Големиот ништо не правеше, ни тапшин тапшин, ни браво, ни ништо, до 10-11м мислам дека го преспа векот, на 11м малку се активира па до роденденот почна да плеска. Може да беше едино дете што не знаеше да покаже колку години ќе полни, обично сите бебиња знаат да покажат со прст. Да дувне свекичка, научна фантастика... Прозборе на 2ипол скоро 3 години и од тогаш уста не затвори, на 3г ги знаеше сите марки на автомобили и багери, на 4 почна да чита и да пишува, знае факти и податоци што на факултет се учат, чита на рамниште на возрасен, без завлекување или на глас, во себе си чита веќе лектирите му се прочитани по 3 пати сите, во школо го прогласија за истакнат ученик уште во прво тромесечје. Се нервирав, паничев и ете што ме снајде. А да, и градинка ми кажаа да си проверам да не има аутизам, не се вртел кога ги викаат и не ги гледал во очи.
И јас сакам да се пожалам за тепањево. 6+ е, само мава со боксови, дури и кога се радува. Сам се тепа по чело, се кубе. А деновиве и јас многу ќотек јадам, дали запче ќе искача или не знам што е, се трие кај мене од рамо и мава. И друго сакам да прашам, кога лежи на меше ги дига и рацете и нозете во вис, се потпира само со гради доле. Зошто го прави тоа? И не знам дали воопшто е за паника, ама дланките никако да ги опушти, цело време му се стиснати во тупаница. И на под кога е на меше, и на кревет, и после јадење и тапшин тапшин кога правиме. Воопшто не сум го видела со цела дланка пуштена.
За 2 дена прави 10 месеци тек сега пред некој ден почна чао да прави со рачето. Тапшин и се друго останато уште не. Се врти на име?
Да да реагира на име, реагира на нас, не бара, околу него ќе ставам играчки и ако прашам каде е количката се врти накај неа, каде е возот и сл. Фаќа различни текстури, играчки во храната се брка, се мачка по лице,глава.
На име се врти кај мене макар што малку ми е дискутабилно дали на името или општо кога ќе слушне нов глас во собата. За лежење на стомак лежи, почнува да го поткрева и газето. Од лазење е далеку.
Изгледа интересно им е. Моите сеуште знаат да се затепаат, ќе им речам не се тепај и почнуваат посилно и се смеат па ќе ги заболи па ќе се раскенкаат. Имаа и фаза да удираат глава у комодата (зашто е на механизам на допир и да им се отвори). Инаку може и да е од заби.
Мајки, со што ги третирате флеките од храна на алиштенцата? Фрош веќе не помага, секој ден имам ново исфлекано боди