Сапунчето од ДМ, 40ден. Нема друго, само тоа е сапунчето за флеки, на него има кошули карирани слики. Моето се мава со двете раце споени. Се мава се удира, крвнички по муцето. Смешен е кога е расонет и си мумла, денес го носев на работа и се смееше таму, им гугаше и му викам Ајде си одиме, ајде чао и проба да имитира аде аде аде... Знам дека е само имитација ништо значајно, ама финичко ми дојде кога го слушнав. Многу е смешен.
Тоа кревањето раце и нозе е прва фаза за лазење, така забележав кај моите. Сака да се помести ама не знае како. Ќе почне да се крева на двете раце, па ќе се турка назад (може да лази и наназад ама и не мора), па ќе се оттурне со нозете напред и ќе сфати како да почне да се влече напред. И со тек на време ќе застане на четири, ќе се лула напред назад, ќе се фрла напред и ќе пролази (ако почне да лази). За стегањето во тупаница само пази да не го стега палецот во тупаницата, вади му го.
Користам фрош во комбинација со еден сапун за флеки од дм. Ми извади флека од боровинки. Стоеше така натрлано од денес за утре во вода и после само исправ.
Ти благодарам за деталното објаснување. Да, го гледам дека сака да се помести, ама ко плашлив е, само им вика на играчките да дојдат до него или со лизгање по подлога ги стига. А девојчево се тркала по спална, доле на под лази наназад, а за напред се одбиваа со нозете, крева газот и наместо со раце, со глава се помага Не знам дали се рачуна официјално за лазење, ама прави добра километража низ соби. И само ја гледаш се заглавила во некое ќоше и вришти. Инаку го приметив батко, го стега и палецот. Го тргам, па се тепа со мене лут.
Се пушти дете од денес, збори растура. Мислев си трипам ама си збори бре сите денес го приметија. Затоа бил лош овие неколку дена, му иделе зборовите на ум. Прееска му викам Марио ајде чао да одиме, он седеше во џампер, потскокнува Аде, аде... конечно и Тата рече, и подаде раце кон него, доста беше мам мам цело време, малку и баба и тато да ги пее. Тато подметнува, баба жива среќна. Не знам што љубов е оваа по баба, ја обожаваат и двајцата.
Дали за бебе од 6++ е доволно да пие околу 600-700 грама ад на ден, распределени на 4, 5 оброци + 2 оброци цврста храна по 100ина грама или малку е? Вака на вага и по облека значително напредуваат, ама периодов се мноооогу плачливи и сите, освен матичната, ме гњават дека ги изгладнувам. Не давам повеќе од причина што и со олку бљуцкаат, а ако дадам, батко ќе го испие без проблем, па после повеќе повраќа.
Мајки во молам за совет од поискусните мајки, бебчето следен петок ми полни 1 годинка фативме вирус ни дадоа само инхалации со corair меѓутоа никако да инхалираме хорор сме бебе пишти вришти катастрофа и кашла пре пре премногу некој друг совет да споделите шо да направам како да му олеснам, нешто по природен пат ако не?
Пробај да му дадеш да се игра со инхалаторот, стави ти на себе демек се инхалираш, па на некое мече, па на тато, па збори му ајде да правиме диши диши и види дали ќе прифати. У краен случај пушти и тв, 10тина минути ништо нема да му биде Мене ова ми успеа, сами после ми бараа да им пуштам буу и сами си ја ставаат маската По природен пат лој од гуска, пошто е скоро година можеби малце мед, ама прво консултирај се со доктор.
Инхалации мора да најдеш начин како да правиш. А друго, можеш да пробаш со лој од гуска да мачкаш на гради и грбче, кај мојот помага многу ова само многу се поти и не го мачкам навечер
Викало се дерело, тоа е, мора инхалација. Дури викаат и кога викаат подобро е да се прават, така скроз навлагам во белите дробови лекот, не е добро на спиење да се прават а вака нема гајле.
Мајки дај кажете некои вежби идеи за подигање, како и каде да вежба? Бебе сака да се подигне, за сега не успева на кревет, стол, ограда од креветче, па сакам да направам нешто негде дека што ќе вежба. Се нервира и плаче оти не може и мене стално ме влече по мајци, сите ми ги рашири горе веќе. Го гледав триаголникот ама многу ми е скап, вреди ли? Перници не успеваат, не ги рецка
Има една “истражувачка” со играчки внатре ама него му е замена за “тапан”, за сега само си тропа на неа не му е текнало да се крева Ама фала ти на идејата ќе му ставам повеќе, може ќе укапира
Пушти на тв или телефон да гледа нешто можеби ќе успее. Инхалации мора плачело не плачело за негово добро е и ќе оздрави побрзо од инхалациите.
Има ли во 6ти месец некоја регресија или заби да очекувам? Абе го заспивам во 9 и до 12:30 додека јас си легнам станува 10 пати буквално со вриштење и не се смирува никако освен на цице пренапорно е значи.. откако наполни 6м точно почна да лази војнички, се исправа да седи и во хранилка седи не сака да е прилегнат за јадење, заби надувани оддамна ама нема абер за ниедно.. и не знам што е работава
Како му се дремките? Моето бебе вака се буди како што пиша ако не е дремнат убаво.. плус може касно му е во 9
Зависи од денот и кога стана л сабајле. Некогаш се 3, од кои 2 по саат ипол а некогаш и 4 ама само по пола саат.. сум пробала со порано заспивање ама или нема да заспие или го сфаќа ко дремка па бетер е после еднаш му се спиеше во 18:30 заспа спиеше до сабајлето па дриг ден заспа во 19:30 па стана во 20:00
Момс со какви играчки се занимаваат вашите малечки? 11+ сме и не го интересират баш тие веќе што ги има па се мислам што да земам ново.