Ни заби има, ни прави браво/тапшин. Е барем се врти и почнува на стомак да се влечи, лизга напред назад. До тука сме стасани.
Ви се десило ли кога сами ќе заспијат да спијат подолго? Има ли вистина во тој муабет дека деца сами што заспиваат подолго спијат? Спонтано се научи само да заспива денски, цица, значително пократко, се трга, си игра со раце, со нозе, се превртува и заспива. Кога ќе се вратиме од море ќе го оставам во креветче да заспива, засега заспива на спална сеуште. Синоќа не знам што му беше не спиеше убаво, утрово си изеде се и одма покажа знаци за спиење ама издржавме некако до сега. Во врска со овие работи, што бебе прави, првото ништо не правеше сходно месеците, ви имам кажувано, негователката ми има кажано дека он е малку аутистичен, па излезе дека е малку преинтелигентен на крај. На 1виот роденден беше муле, ништо не знаеше, ма каки свекичка дување, а јас надежно и смеш кејк направив, пихххх ништо од тоа не го интересираше. На 3г ги знаеше сите автомобили, багери и се што се тркала, пред 4г почна да чита и пишува, на 7г ги има прочитано лектирите до 3то одделение, тие ги имаме де, да ги имаме и другите и другите ќе ги прочита. Еве го се пакува за на море само книги и енциклопедии, лего и Стем играчки има спакувано. Нека не ви прави шубе тоа, работа со децата сходно возраста и се ќе биде во ред.
Мојот е 7+++ нема ниедно запче, не прави ни браво ни чао ни тапшин. Само лази (ползи) и сега почна полека да се исправа на коленца за да лази ко шо треба. Секое дете е различно дефинитивно..
Нема врска тоа со спиењето за жал, моето само си заспива навечер, си збори и си прави седни легни во креветче, се врти и ќе заспие.. ама ако нешто не му се погоди, на пример се преморил или заби го мачат или топло му е се буди многу, ако се погоди сѐ се буди еднаш (ова ретко хаха) Што правите ако ви е многу сув воздухот дома? Кај нас ја пуштаме во дневна климата и врата од спална отворена зашто инаку е многу топло и жива вода сме сите, ама па многу го суши воздухот на бебуш носето му беше како затнато и еднаш и крв му потече.. и сега без клима сме ама е претопло и не се спие
Кај мене се покажа како точно. Додека ја заспивав дремката и' траеше половина час максимум, сега тера и до сат ипол, ама заспива сама, во креветче, затемнета соба, И можда најважно погоден распоред, односно прозор на будност. Ако го утнам прозорот на будност плачки имаме. Пример периодов зголеми прозор на будност и веќе не и одговараше распоредот што го имавме, ја легнував, плачеше (дотогаш само се вртеше на стомак и кома), не можеше да заспие. Па ја земав, ајде играње уште пола сат - сат да се измори, па после си заспиваше. Го прилагодив распоредот според новите прозори на будност и океј сме.
Ако имаш каде една сушара и нека се сушат алиштата внатре, нас тоа ни помага зимно време. А користиме и прочистувач за воздух со навлажнувач. Има и такви малечки пареа што пуштаат по страниве за онлајн продажба, не се воопшто скапи. Сега не сум видела во скоро време да пратам линк, ама побарај на google сигурно ќе најдеш.
На 8ипол месеци колку треба да е прозорот на будност? И има ли овој период некоја регресија? Навечер почна да кенка во спиење, се врти, превртува…Досега не правел вака, многу ми е чудно, што може да е?
Не знам колку е точно. Сам си заспива од рагање, а пак дремките му се кратки од 30-45 мин. Ноќното спиење исто е различно. Некогаш спие убаво и се буди само за млеко, а некогаш (како последните вечери) вриште до зајдување и не се смирува додека не се расони. Заби ли е скок ли е веќе не знам, пратам прозори на будност и џабе. Нема уште ниедно забче па се тешам кога ќе му излезат ќе заврши ова мачење, кој знае.
И ние сме такви мајка преку ден едвај 15 преку сила 20 минути сврзува исто и навечер ми ја преспиваше цела ноќ без проблем во спиење сум му давала млеко.. Сега само кенка и ми одбива млеко преку ден ич не пие навечер малце само а каши си јаде . Ние и со заби си имаме мака горни му растат ама и некој скок во развој ќе е 9 месеци сме ние.
Моето за 10дена прави 7, заб нема ни еден иако оддамна му се надувани доле двата а горе има две бели точки и абер немаат од пробивање. Се врти од стомак на грб и обратно, се врти на чодлога како стрелка од часовник во круг, лази војнички со нозете бутка со раце се влече, не му текнува газот да го дигне дека така треба уствари во релаксатор веќе не можам да го оставам сам зошто од 45степени легнат се исправа скроз до нозете да ја фаќа етикетата од релаксаторот, а за седење самостојно и тоа абер нема.. паѓа лево десно уште Ама мислам поради се ова навечер само плаче и не може да се успие убаво, последниве 2-3 дена си станува сред ноќ спремен за игра, расположен и си седи едно добри саат ипол два, мене глава ми паѓа и дремам он оди од креветче на спална и врти кругови Регресија во спиење ли е ова или што друго, веќе аман немам душа више
Околу година скок ли регресија ли шо е ама мојава ич не спие, ми се врти у памет имате пишувано тука. Точно 11 ипол месеци е, па дане ја фатило порано али спиењето крш, само на цицка презаспива ако не плаче, незнам што ке правиме со таа цицка Или па дане играе улога што почна да оди се пушта по неколку чекори, па нова вештина
Исто бе мајка. Пред прв роденден и малку после роденденот траел скокот Се што опиша како јас да сум пишала. И да и кај мене почна по неколку чекори да прави, сам вчера направи 4 чекорчиња и јас се пуштив по него го фатив, можеби ќе направеше и повеќе. Значи во рок од неколку дена научи да лазе, да се исправа за мебел и почна да прави чекорчиња. Ни пораснаа бебињата Како вчера да пишувавме во труднички.
Мајки, дали ви се потат бебенцата навечер на спиење? Не е многу наоблечен, спие со шпихозни (пижамчиња тенки) на кратки, без чорапчиња, покриен со тетра пелена. Кај вратчето упорно се поти, а претходно легнува во излуфтирана просторија...
А температурата колку ви е? Моите спијат само нагоре облечени на кратки или прерамки зависи колку е топло. Долги немам облечено од мај, а и отскриени се најчесто тек накај 3-4h ги покривам.
А надоле само по памперс? Температурата не знам точно, ама вака пријатно е, и јас и мм знаеме некогаш да се покриеме со кебенце, а не па он со тетра. Склетџија е
Абе исто и јас покриена сум и на секој саат станувам ги покривам и одма се будат и двајцата. Дали дека одам боса ми пристудува не знам ама прекинав да ги покривам до рано сабајле еве кома се, 3 саати веќе спијат во иста позиција Надоле се едниот на памперс, другиот гаќи, само нагоре се облечени на кратки. А јас во спавача, покриена со фротирка и нозете камен
И јас сум во дилема за облеката за спиење. Мн станува последните вечери, откако затопли тука ептен. На ромпер е само, де тетра де тенко кебенце менувам оти појма немам што да ставам. Грбот му е ладен, а вратчето и косата испотени стално. Си мислев можно е грбчето да му е ладен вака од што се поти?
Да, ко ќе потат се ладни, така се ладат од што им е жешко. Многу е мислам тоа за спиење, мојата е само по боди.