Не Не се секирај, не е до тоа. Моите (едното 3+ год, другото 10месеци) не се крстени. Си имаше плачки од грчеви, заби, скокови, лигавење како и секое бебе.
Здраво мајки, Од каде порачувате/купувате сигурна органска храна? Пр. Домашно пилешко, или било што генерално органско?
Мајки што им облекувате на нозете на бебињата за надвор? Сака да се исправа и да оди. Гледам на кеги има обувки за бебиња? Дали се добри тие?
Најк или Адидас патичиња, тие на Кеги за проодување се многу крути некако. Барај нешто што е лесно и лесно се витка.
Ќерка ми е година и 8 месеци, не е крстена. Нема ни да биде. И не плаче во сон, така да поздрави ги бабите
Мајки дискусија за тие што тргнавте на работа, а имате баба сервис. Планот е од ноември да почнам и свекрвата да го чува, а од март да тргне во градинка. Што правите со оброците? Спремате вие или оставате баби да спремат? Многу паника ме фаќа за ова, да не јаде глупости. Таа ќе му дава ако оставам јас, ама досега се правам свежо и немам појма како да се припремам. А да прави таа ќе јаде маснотии прженици, тесто, или кој знае што друго
Појадокот го спремам јас Ужинка е нешто што не треба да готви: банана, смоки, пудинг, шмукалка Ручек: или и кажувам што е планирано за тој ден, па става само да се вари или готова кашичка
Кога имам баба сервис без разлика мајка ми или свекрвата они готват за ручек. Појадокот некогаш јас го спремам, ручекот тие по договор со мене. Некогаш готвеле посебно за децата, а некогаш исто за сите прилагодено без сол.
Доручек колку време може да стои пред да се даде бебе да јаде? Пример овес или друга житарка со овошје ако го спремам во 7 може во 10 да го јаде? Со вода ги правам или кк млеко, не ставам ад
И јас со истите дилеми ако опцијата градинка не ни е успешна. Наутро пред работа да варам овошја/зеленчуци па само да блендираат/пасираат и дадат? Да јаде само готови каши? Ама пак не е начин и на 9 месеци и после година само со блендирани каши да се храни, да не знае да џвака. Дека ќе се замараат со тоа тешко. Дека ќе почитуваат правила уште помалку. Еве пример пред некој ден ние излезени само што јадеше бебе овошна каша и излеговме со напомена барем 2,5-3 часа да поминат пред да се даде млеко, спрема количината и типот на каша што ја изеде. Завршивме работа побрзо, се враќаме по 2 часа, млекото веќе испиено оти бебе личело како гладно. И нормално тоа прејадено, па после ќе повраќа.
Многу е битно со какви луѓе си имаш работа кај нас, сега за сега се во ред и ги почитуваат одлуките за нашето дете. На почетокот, ме прашуваа која шмукалка да дадат од фрижидер сега веќе знаат дека може било која
Мојата крстена пред да направи 6 месеци, сега има 6 ипол и плаче во сом, вриснува. Така да не се секирај за тоа. На годинка повеќе разбираат, вчера другарка ја крштеваше малата се искина од плачење бунтување туркање све живо и диво. Моево се радуваше вода виде да шлапка, толку знае.
И мојата има такви, уште на два месеци и го приметив, и мислев заби ама на доктор кажаа дека се цисти се стварат од млекото како наслаги и сами исчезнуваат. Ептен се ситни бели точки.