Ако си напредува добро и ако има добра кс не му се секирај што е нејадач, веројатно јаде колку што му е доволно. Ние денес полниме 9м и јаде малце повеќе од голема тегличка за доручек и ручек ама е јадач голем, а вечера не јаде толку обилно (веројатно другите оброци и млекото доста го заситуваат). Инаку, иако толку јаде, не е воопшто буцко затоа што е многу жив и нонстоп е во движење.
Мамаситас имам едно прашање, синко денес прави 9м ама од 8 месеци се исправа на нозе, а од пред недела и пол почна и да се движи држејќи се за мебелот. Во неговото креветче баш се движи буквално околу цело креветче држејќи се за оградата. После отприлика колку време од оваа фаза проодуваат?
Моето на иста возраст почна истото да го прави, но се пушти да оди дури на скоро 14 месеци. Иако беше физички спремен, му беше страв и не се пушташе од мебелот. Така да може да прооди и за месец дена, а може и дури после 3-4 месеци. Зависи од детето.
Кога стои до мебелот знае да се пушти ама не тргнува па затоа прашав. Ептен се плашам од падови и повреди па да знам што да очекувам...
Ne sme bile skoro na merenje ama ne napreduva nesto premnogu, okolu 8kg e, a roden 3200gr. Vesel e, raspolozen, aktiven, ne place, taka da dobar e. Ama majka go mislam i se nervoram sto voopsto ne jade. Krvna slika e vo red, bas sega pravevme koga bese so virus . Okolu 130 mu e hemoglobin. Ako e faza samo ne e strasno, ama ne bi salala da prodolzi vaka
Мислам до година ќе прооди зашто брзо ви оди напредокот. Сега ќе вежба клекни стани (ако не му помагате на никаков начин) и кога ќе биде спремен ќе тргне. Поголемиот почна да се исправа на 7 ипол, на 10 ипол први чекори, на година надвор почна да оди. Малово на 9м почна да се исправа, еве го 10+ месеци се плаши по мебел да оди. Пушта чекори ама плашливо, полека, не е брле како брат му. Скроз зависи од детето. Најдобро убаво да извежба станување, паѓање и кога ќе прооди да не се тресеш дали ќе падне на чело.
Тој седнува на газе кога се спушта ама се плашам кога ќе изгуби рамнотежа да не удри со глава или со уста некаде па да ги расцепи На почеток паѓаше без контрола, сега се спушта на газе макар што знае некогаш да се заниша и да изгуби рамнотежа па да падне ама тоа е најчесто в креветче, кога се движи покрај мебел гледам дека е повнимателен, веројатно не се осеќа толку безбедно.
Знае на кои места го боли паѓањето и таму пази Ако, клучно е тоа, нека вежба. Оставај го, само биди секогаш до него, обезбеди ја убаво дневната.
Поздрав мајки од одмор, оваа луда мајка зема палачинки да прави за да не мисли на се што не снајде на одмор. Редоследно вака идеше... Прво пред да тргнеме на пат ни се издиша гума, времето за бебе скроз се поремети, нит доручек на време нит цицање нит спиење... урлање во кола и оваа мајка што викаше дека бебе во кола нема да земе никогаш на еден застој го земав во раце од мака веќе. Во моја одбрана 20мин стоевме во место со 3 на саат возевме. Стасавме во никакво време, нит за бањање, нит за спиење, нит за ништо. Бебе првите 2 дена така така, после почна да се нафрла, некој осип ситен, променлив и површински, не го чеша и не му смета, на мајка и смета. Многу е језиво, да го види некој ќе рече Оваа луда мајка со сипаници на плажа го однела... Иииии гранд финале, вчера качи тт, сабајле ги видовме 2 излезени горни. Мајкоооо... Го болат, го мачат, јачи, плаче, вика... Нит сме за дома, нит сме за на плажа, нит сме за на вечера некаде. Леле мајко! И така, дете конечно сол проба, лиже раце, смука прсти, цуца мислиш којзнае што е, а јас се тресам сол да не лизне дома, ама... Муабетот е за во Мајчински, ама имам и прашање, давате ли парацетамол за болка и дали цела доза или пола? Попуштив денес и дадов, не можев да го гледам како се мачи веќе. И конечно денес спие. Како се даваше тој, никако да запамтам, пола од килажа или според месеци? Дадов 2ипол мл, докторката ми рече по 3ипол за негова килажа, има 7ипол, мислев да дадам прво 2мл ама па и топличок ми е.
За температурата пола од килажа значи околу 4мл, за болка јас давам пола доза ама не е грешка и цела. Ајде барем сте на море таму полесно поминува, бидете повеќе на свежи места под сенка, ќе помине. Два пати што бевме на одмор, два пати бебето ни беше болно. Вториот пат ларингит целосно го изгуби гласот, докторката вика среќа што сте биле на море.
Под сенка сме, облечен во тенка маичка, ама намачкан прво. Има малку боичка, ама добро се заштитивме. Одличен се покажа стикот Мустела. Докторот вика не е ова нит вирус, нит бактерија, ако беше вирус ќе имаше ладни нозе и дланки, ако беше бактерија на 37.7 не останува, ќе вивне, значи од заби нешто налепил транзиторно или од што е топло па качува тт од што се мачи да извади. И решив да му верувам на мислење од слика и мачкам Бепантен за осипот, мијам со водичка само, не го бањам додека не се стопли Јадранов малку и така. Битно не е веќе ко зајче со две доле само, има 4 комада.
Па генерално имаме најмногу проблем околу цицањето. Седи до кај 3 во градинка и сопругот ја зима мада веќе ќе треба да почне до 4 ипол и искрено мн ми се гледа. Доаѓаат дома со него, јадат и ѝ се приспива, спијат по околу саат/саат ипол. Некако ми е љута као што ти згрешив па ме оставаш и кога ќе си дојдам од врата ме тепа прво па ме тегне за маицата Ова на три пати го пишивам и не знам шо сакав да пишам… Working mom problems
Мојата сега е 10+, тоа го прави од 8месеци и уште не оди самостојно, цело време се придржува и мислам дека не се осеќа уште стабилно да се пушти.
Оф вие сте и на доење, плус проблем е тоа да. Сега ми е јасно зш те снема од форумот, не си активна како порано. Ама work, дете, дома, ту мач ми изгледа мене
Дали некоја мајка се соочила со тикови кај бебе од пред некој ден заприметив дека со главата наназад се мава е сеа дали дека е болна и вознемирена или од што е нервозна ама језово е бев на доктор рано било да се кажи можи ќе и се изгубеле тиковите со тек на време некоја да сподели искуство.
Се маваше и мојот еден период. Мислам дека вежбаше вртење па затоа така правеше често. Или само се поклопи периодот не знам