@Tess36 , и мене баби ми рекоа дека женски деца до 9 месеци се повивале, да не се оптоварува карлицата и колковите. Мислам јас од старт не повивав, а не пак сега дете што седи, што сака да стои и плус на сред лето.
Не ни мораш со паста, прво нека се научи да плукне само со вода. Јас почнав со мека четкичка кога ги извади првите заби, не можам да се сетам ама мислам околу година ипол се научи да ја плука водата и тогаш му земав паста. Битно да се четкаат особено навечер.
Од пред да наполни 7 се исправа сам на нозе, стои по 10мин, со нозете прета во песокот сега растура. Многу е подвижен, станува оф лежење и сам, без да се држи, лази, а вчера успеа и од лазење да си седне на нозете да се исправи. Докторката ти е заникаде. Хип не, ама Холе, Бејбилав и Нутрино се вакумираат. Во нив месо вакумирам. Каши јас не вакумирам, ако спремам за 2 дена ја давам следниот ден од фрижидер само. Месото го варам со вода, го полнам во теглички и додавам вода, ги оставам да се подоладат и ги ставам во фрижидер, тие што не се вакумирани ги мрзнам.
Здраво , За некој ден се враќам на работа. Малото ќе го чува свекрвата и во тој период ќе има 9 месеци. Проблемот е што е многу приврзана за мене и што едноставно цица многу често. Пробавме деновиве да се навикне со свекрва ми,ок е се додека не и се приспие или не ме види мене..тогаш почнува неутешно да плаче...сега сум тука,ама се прашувам што кога нема да бидам? Размислувам да и воведам АД за времето кога нема да бидам дома. Она не сака ни цуцла,ни шише... Би сакала да слушнам искуство, ако некој се соочил со ваков проблем. Ви благодарам
Исти бевме и ние, ама на крај супер испадна. Кога нема да те гледа ќе си седи сигурно, не се секирај. Јас и воведов и ад пред да тргнам едвај прифати, ама сепак кога остана со нив не сакаше да пие па и даваа ужинка наместо тоа. Секако е големка, може ужина да и дава и водичка па кога ќе се вратиш ќе цица.
prewalkers земав од Пеко, меки и кожни. Ќе ги користиме за градинка, фала едит: сега ги гуглав Snugi, прекрасни се. Ќе се кандисам и такви да земам
7ми скок, заби, регресија, не знам што е ова ама ќе полудам. Цел ден да се кенка, вреска, се кара, ништо не и е погодено, ни јаде ни пие како што треба нит се заигрува. Само на нозе да стои и да оди, а нормално не знае не е стабилна. Се успиваме со саати ноќе ќе испопаѓаме со мм веќе, јас не знам што лудило е ова 10+ сме според апликација скокот е при крај и баш помислив дека не го осетивме многу, ама изгледа покасно почнал
Исто, плус од вчера и со растечен нос..кенкавост на максимум. Кај никој не сака да оди. Само кај мене и мм. И само да се држи и да патка. Сопирачка да се немало. Ама во овој скок учи многу работи и секој ден се нешто ново забележуваме. Тешко е ама ќе издржиме..
7ми скок ми беше најтежок првите неколку дена и од громчето до крај. Исто како што пишуваш, неподносливо дете имав дома. Штом е при крај издржи, неколку дена се само. После ќе имаш ново дете дома
Во ДМ има едно гелче, во тубичка е, малецко е и стои кај што им стојат тие препарати и апаратчиња за комарци. Нивен бренд е. Немам слика да ти покажам пошто го заборавивме на море, ако купам утре ќе ти пратам. Спас ми беше голем сега на море, многу комарци имаше.
Здраво мамички, сакам да прашам дали има некоја од Вас да подари алишта за машко бебенце од 0-12 месеци. Ќе ви бидам многу благодарна