Чекаме прво забче. Непцето синоќа го завележав пукнато. Кога допирам гребка. Кога да очекуваме да се појави?
Здраво мајки на бебе му излезе како раничка на главата денес бевме на контрола кај неговата матична поради акутен трахеит дијагностициран во Козле и спомнав и за раната го прегледа рече инфицирано е ама бидејќи прима антибиотик не е загрижувачко . Дали можам јас нешто додатно да му мачкам иначе од нешто каснато му е.. 9м сме.
Мајки што давате за појадок, а што за ручек? И колку време има поминато помеѓу појадок и ручек? Дали сабајле да дадам ад, па за некој саат појадок па ручек ? Пример сабајле овошје па на ручек зеленчуците? И што да правам вода што нејќе да прифати И пример дали кашичка хип банана 120гр се рачуна за појадок?
Јас стварно не знам каде грешиме. 7 месеци сме и уште немаме забчиња. Заспива во 21:30 секој ден тоа е времето, спие 3 саати максимум, ЕДВАЈ заспива, со 3 пати станување во времето дур го заспивам,после тоа од кај 2 саат до сабајле на саат ипол станува кенкав. Од долги нагоре (ладни му се рачињата и денес викам ај по долги дс пробаме) го расиблеков по боденце само, дадовме осанит, генгигел, нацицан е прецицан е веќе и тоа не успева… Сака во раце неќе во раце, се тегне целиот, сака па неќе да го нишкам… Не знам више што да кажам, со кој и да зборам вика децата им спијат навечер само за млеко стануваат, за мојов што да кажам. И не е од денес од вчера ова, туку веќе 2 месеци наназад. Ова веќе не е здраво живи ненаспани сме.
Со тебе сум сестро, исто сме седум месеци и некој ден Станување на саат и пол како навиена, вчера од три заспа дури во пет и триесет, и се спиеше и се плачеше Успиј ја со цице па со думкање само што ќе ја оставам за две мин ми се врти Веќе лудило ме фана а поготово вчера За забчиња ми рекоа нема знаци, но нема правило може и наеднаш да извади И не заспа во креветче заспа на мене и така спиевме два часа
Те гушкам. Не дека е за утеха, 8 месеци е за некој ден, од ден 1 нема преспано ноќ или барем ноќ со едно будење. Јас развив несоници и дури кога имам опција да спијам не можам да заспијам. Се помирив дека имам бебе неспијач....не знаеш колку беб опседната со неговото спиење...од следење будни прозори на штоперица, до тренинг да заспива сам (демек така немало да се биди толку често), до купување најтемни завеси, звуци, шумови, песни....нема спиење и нема за мене! Како секој ден откако е роден да е во скок. Сме ја имале таа "среќа" да ни се паднат оние 30% неспијачи бебиња. Ќе преживееме
И јас се пријавувам во клубот на неспијачи… бебе 7м и 3дена нема преспано цела ноќ исто откако е роден.. најдолг сон му било од 21-3 и тоа на прсти се брои колку пати толку “многу” спиел.. исто се е пробано и порано заспивање и покасно и џабе е се.. и јас си се помирив… трето дете, првите две беа бајчиња и за спиење и за играње и за јадење.. е едно мораше да наплати за сите не може сите мирни мене да ми се погодат плачко си е ептен, малце се заигрува и тоа само на земја за да лази (читај влече) и тоа е макс 30мин се остнато или раце или количка или хранилка и се по 10-15мин макс и така во круг цееел ден тоа е што е, ќе чекам да потпорасне за да поспијам бар малку
Кај мене ден-два ќе спие убаво со едно будење накај 4 па после неколку дена катастрофа, будни скоро од 12 до 2-3 и се врти, прета, го расклати креветчето Тие со машки бебиња, нас ни кажаа курето да го отвараме на бањање и пробувам ептен нежно колку може, ама последно матичната ми кажа дека тешко да може дома да го отвориме, изгледа ќе мора да се сецне некој има вакво искуство?
Гушка за тебе Бебе спиеше убаво докај 5ти скок. Од тогаш се се испоремети. И јас често препишувам на заби ама 10 месеци е уште нема ниту едно. Ете вчера беше буден од 2ипол до 5. 2 вечери ако спие добро, следните 3 ми наплаќа дебело. Не си сама
Моево среќа што спие, иначе ба костозглобна ќе завршев. По цел ден во раце, ако не е во раце се кара. Во столче не седи, во џампер не седи, на земја се крева на што ќе најде и паѓа на нос, мисли голем е мажот од 8м да стои сам, само во раце. На цицка цица во сите можни пози, станат, на 4, легнат наопачки, преку рамо наопаку уште не пробал, само нормално не цица. А да, цица ко новороденче а мама ,а 10 дена трга на работа. Еве го сега и не заспива а вообичаено ова време е заспан. Ние се ближиме на 6ти скок, па може веќе и почнат да е. Инаку почна да заборава луѓе, си дојдовме од одмор и во некои луѓе нејќе да оди, од нас нејќе да се двои, луѓе што ги гледа редовно. Таа сепарациската анксиозност кај нас никако да заврши, сега и по татко му се дрецка.
Дефинитвно не си сама, а мислев само мене ми се погодил најголемиот неспијач и тоа веќе 8 месеци. Никогаш не ја преспал вечерта, најдолго врзување сон му беше 5 часа кога бевме на одмор во Грција, се друго е саат два и нон стоп будење. Среќа што само се буди и одма презаспива ама затоа последните два месеци се буди по 10 пати вечер, се врти на стомак и одма почнува да плаче. Дали е регресија дали е скок цело време не знам. Веќе се навикнав на неспиење и дури се мачам вечер да заспијам до ниедно време.. Преку ден е нон стоп на земја активен не застанува, не јаде нешто баш каши, го чекам убаво и стабилно да почне да седи па да се пробам со парчиња, исто уште немаме заби. Држте се мајки, ако некоја најде чаре за неспијачите, одма кажувајте
Се пријавувам и јас друшки Скоро 11 месеци, две запчиња имавме до пред неколку недели, сега наеднаш горни единици излегоа еве и двојки, спиење што е тоа??? Башка градинка, работа и тековни обврски… А и плус некоја настинка сега и температура од забиве Пс: како давате сируп на бебе? Еве не знам се претвора во вештерка во тие моменти и тоа е невозможна мисија а си викав што им е на луѓево сируп не знаат да дадат
Maloto mi e 6 ipol meseci. Veke eden mesec primetuvam deka koga se raduva na nekoj ili koga mu davam igracka da zeme gi trese racinjata i gi istega nozinjata. Sega go macat zabite nervozen e isto taka gi trese racinjata. Zagrizena sum nekoja majka iskustvo da spodeli.
Мајки не знам кај да го поставам прашањето. Тие што имате купувано од Next како се броевите? Пример бебе сега носи 74 (C&A) и 80ка. Од next 74 или 80 да порачам? Ќе порачувам повеќе работи па да не утнам со број. Сакам за сега таман да му се