Совети, искуства од мајки за бебиња од 6-12 месеци

Дискусија во 'Бебе' започната од francais, 16 јануари 2013.

  1. strelec231992

    strelec231992 Популарен член

    Се зачлени на:
    3 април 2014
    Пораки:
    564
    Допаѓања:
    1.137
    Јас имам тренерчиња и шпикозни од нив од 3-6 месеци и не пишува цм на нив, пишува 8кила, бебо мој е 8 месеци а уште ги носи нив пошо е 7 кила, а обично носи 68,74 зависи од калапот. Така да мислам да си го нарачаш бројчето сега што го носи, пошо јас ги купив кога беше 4,5 месеци и големи му беа.
    Еве ти го нивниот водич за величини.

    IMG_0919.jpeg
     
  2. AngelOfArh

    AngelOfArh Форумски идол

    Се зачлени на:
    26 септември 2011
    Пораки:
    21.822
    Допаѓања:
    114.748
    Пол:
    Женски
    Денес сум на раб на нерви, со една нога сум доле готово... Прво стана рано и го разбуди и бате нормално, не може он да стане и да не разбуди пола маало. Оќе, станавме, среќа тате станат беше и ајде ќе тера денот. Од сабајле е нонстоп во раце или се дере. Му купив едно играче музичко,вкупно 3мин му држеше внимание, толку, после го џитна. И пак Мааааа мамаааааа мам мам мам.... појадував во 12ипол, ручек и не мора. Му направив ручек, ајде да руча, па добар беше, изеде солидно ама му се спие па не колку што изеде вчера на пример, малку помалку. Засега солидно тераме со блв.

    Се мислам да не му влијае и на него оваа награда промена на време... ние сме дома малку ко настинати, кивање, носот ни е затнат, и него го приметив малку крчка, ама добар е вака, нема нешто значајно мрсули. До скок имаме уште 2 дена, држ ме мајко ќе си летнам. Прееска сите ме напнаа дома и им реков дека отказ ќе дадам да не се занесуваат многу.
     
  3. Anturium

    Anturium Популарен член

    Се зачлени на:
    4 декември 2020
    Пораки:
    3.246
    Допаѓања:
    7.521
    Пол:
    Женски
    Супер ова табелата ептен ми помогна. 74ка ќе порачам, фала ти
     
    На strelec231992 му/ѝ се допаѓа ова.
  4. Angi266

    Angi266 Истакнат член

    Се зачлени на:
    2 јули 2022
    Пораки:
    365
    Допаѓања:
    330
    Пол:
    Женски
    Како се понашаат уво кога ги боли?
    Не е можно воа неспиење, а кога ја притискам не плаче а сама чат пат се дрпа чиниш ќе го откорне увото
    А на мене спие
    Ако ја боли на мене не ја боли ли
    Или заби се
    Не ми е јасно веќе ништо мозоков не ми функционира зомби сум
     
  5. Iris-1234

    Iris-1234 Популарен член

    Се зачлени на:
    6 август 2021
    Пораки:
    5.930
    Допаѓања:
    12.264
    Пол:
    Женски
    Син ми е меѓу 9,5 и 10кг и има 9 месеци. Бодињата од Next ги земав од 12-18 месеци и му се таман, комотни но не големи.
    Јас имам чувство дека работите се малце помали од нормалните величини кај нас.
     
    На Anturium му/ѝ се допаѓа ова.
  6. Iris-1234

    Iris-1234 Популарен член

    Се зачлени на:
    6 август 2021
    Пораки:
    5.930
    Допаѓања:
    12.264
    Пол:
    Женски
    Добро вечер иако вечерта не е добра за нас, животот ни се скрати... Додека работев, мм беше со бебе во спална, се свртил на секунда и бебе се најде на земја, падна од спалната која е доста височка;( Плачеше но не многу долго, околу 5 минути, беше уплашен, има една џумка на челото но не е многу испакната ниту преголема, не е ни модра. Го пратевме повеќе од саат време, не поврати, убаво следеше со очите, расположен беше, реагираше кога ќе го викневме, си поигра, јаде и си легна. На секои 10 минути го проверуваме дали е добар, но засега ништо нема. Колку време има опасност? Многу ми е жал и за мм, се изеде жив човекот, не може да си прости, пред очи му падна:(
    Кажете ми дали има потреба утре да го носиме на лекар?
     
  7. oblace1

    oblace1 Популарен член

    Се зачлени на:
    18 март 2013
    Пораки:
    2.477
    Допаѓања:
    8.906
    Пол:
    Женски
    Мислам дека е гладно. На осум месеци не знам веќе колку го држи само млеко. Давај му и јадење веке е големко и има потреба од повеќе калории која млекото само не му ја задоволува.

    Ако ја боли уво би требало да вришти кога ке ја пипнеш. Ама да не ти е мисли одведи ја на лекар сепак.
     
  8. Anturium

    Anturium Популарен член

    Се зачлени на:
    4 декември 2020
    Пораки:
    3.246
    Допаѓања:
    7.521
    Пол:
    Женски
    Точно знам како се чувствува мт, поголема грижа на совет од ова нема. Како мртва бев кога ми падна бебе, не знаев ни што ден е ни колку е саат.
    Ако не повраќа, спие нормално како секогаш и не губи концентрација, мислам немаш потреба од лекар, за ваша психа ако сакаш идете. Прати 48 саати, ако нема ништо од тоа, супер е се. На џунката маргарин стави, за 2 дена поминува
     
    На Iris-1234 му/ѝ се допаѓа ова.
  9. Iris-1234

    Iris-1234 Популарен член

    Се зачлени на:
    6 август 2021
    Пораки:
    5.930
    Допаѓања:
    12.264
    Пол:
    Женски
    Се изеде човекот, само шета лево десно и не знае што да направи... И мене ми е премногу криво и тешко ама тој има невудена грижа на совест.
    Јас велам само фала му на Господ и што вака синко е добар, веднаш престана да плаче, концентриран беше, си играше, правеше сè што прави вообичаено... Се надевам дека нема нешто да тргне на лошо...
     
  10. Anturium

    Anturium Популарен член

    Се зачлени на:
    4 декември 2020
    Пораки:
    3.246
    Допаѓања:
    7.521
    Пол:
    Женски
    Се утепав читајќи после пагањето што се може да биде, а најчесто ништо не е верувај. Една членка ми беше пишала дека ангели ги чуваат, и точно е тоа. Ние повеќе страдаме во тој момент од нив. Тоа само ме научи да бидам многу по претпазлива и никогаш и никаде да не го оставам, па ни на секунда. Не велам дека пак нема да се деси исто, недај боже нели, ама сакам да верувам дека само еднаш згрешив :(
    Не паничи пред мт уште толку потешко ќе му е. Најмногу ми помогна мм што ми велеше ништо не му е прекини да се грижиш, не мисли на најлошото итн… Ќе помине ајде, ништо не му е сигурно
     
    На Iris-1234 му/ѝ се допаѓа ова.
  11. Iris-1234

    Iris-1234 Популарен член

    Се зачлени на:
    6 август 2021
    Пораки:
    5.930
    Допаѓања:
    12.264
    Пол:
    Женски
    Не паничам пред него, 100 пати му реков дека тој нема вина и дека вакви работи се случуваат, а и вака ништо не му е на бебуш освен џумката што ја има...
    И јас исто читав дрка најчесто не е страшно ама кога си родител, сè ти е страшно и повеќе од што треба.
     
    На Anturium му/ѝ се допаѓа ова.
  12. strelec231992

    strelec231992 Популарен член

    Се зачлени на:
    3 април 2014
    Пораки:
    564
    Допаѓања:
    1.137
    Па нормално дека му давам јадење, не живее детето само на млеко, од 5 месец сме со кашички ама не е баш заинтересиран, затоа реков чекам да почне да седи стабилно сам за да му давам парчиња, може повеќе ќе јаде :)
     
    На oblace1 му/ѝ се допаѓа ова.
  13. Doktor F

    Doktor F Популарен член

    Се зачлени на:
    9 мај 2017
    Пораки:
    2.547
    Допаѓања:
    8.256
    Пол:
    Женски
    Земи за онолку месеци колку што има.
    Со С&А не можам да направам споредба зошто не сум купувала ама пример ако зара и хм носи 80 земи 80.
     
    На Anturium му/ѝ се допаѓа ова.
  14. Anturium

    Anturium Популарен член

    Се зачлени на:
    4 декември 2020
    Пораки:
    3.246
    Допаѓања:
    7.521
    Пол:
    Женски
    74ка носи уште, 9кг е. Порачав само бодињата 80ка, другото 74ка. Белки таман ќе се
     
    На Doktor F му/ѝ се допаѓа ова.
  15. Tess36

    Tess36 Истакнат член

    Се зачлени на:
    11 август 2022
    Пораки:
    923
    Допаѓања:
    1.170
    Пол:
    Женски
    Ако ти треба и нешто друго, пиши ми порака, имам облека до 6 месеци, а ако ти треба и нешто од реквизити можам да ти пратам, гнездо со обрач со играчки, појасче против грчеви, бајаги цуцли некористени, само пробани, перница за доење. Слободно пиши ми.
     
    На Yeeah му/ѝ се допаѓа ова.
  16. Tess36

    Tess36 Истакнат член

    Се зачлени на:
    11 август 2022
    Пораки:
    923
    Допаѓања:
    1.170
    Пол:
    Женски
    Никаде не грешите, таква ни била среќата. Еве ги две ги имам, две неспијачи, 7 месеци правиме за некој ден, сон немаат врзано подолго од 3 часа. Кај едното сега пробија две запчиња, па стана уште пострашно, ич не спие овие ноќи, или дреме и липта или вришти од болка. Ни генгигел, ни фрезидерм, ни килибарно, исто како со грчевите, џабе дававме капки, така и со забиве. Ко ненормални шетаме низ соби со мм со по едно бебе и само се караме, нервозни, ненаспани. Навистина не сакам да се жалам, здрави, прави, жилави, преинтересни и преслатки се, ама зошто не спијат, не сфаќам. Буквално се пробавме, бели звуци, скроз тишина, заедно сите во соба, па одделно да не се будат еден со друг, дрвени, па преносливи креветчиња, џабе, саат и пол ритуал успивање и ете ги за 2,3 саати стануваат. А успивање е само во раце нели, сами да ги оставиш да заспијат со млеко како други деца, не сме доживеале. Битно коментарите се еј, па тебе ти е лесно шо, маж ти ти помага.
     
    На Anturium, Discovery, Secret-Angel7 и 2 други им се допаѓа ова.
  17. Vanilla15

    Vanilla15 Популарен член

    Се зачлени на:
    29 мај 2019
    Пораки:
    1.129
    Допаѓања:
    3.274
    Пол:
    Женски
    Мајки 6+ сме, значи бебе е при крај на 5ти скок, ама ми одбива млеко, а почнавме пред некое време со вкусови, една кашичка на ден ја јаде, мало тегле, ако му е по ќејф де, е сега вчера од 13ч на пладне не сакаше да се напие млеко, само водичка пиеше и во 16ч само 20мл млеко, се до вечерта во 20:30, си испи ко и нормално што пие 180мл...
    инаку се фрла наназад ко неќе млеко, ржи ]:)
    прашањево е дали смеам да му дадам пак кашичка ако вака протестира? Да не седи гладен...
    да не е многу мал, да не му го оптоварам мешето?
     
  18. Tess36

    Tess36 Истакнат член

    Се зачлени на:
    11 август 2022
    Пораки:
    923
    Допаѓања:
    1.170
    Пол:
    Женски
    Таман ќе се. Тоа што имав јас нарачано им одговара бројчето со месеците, а и најдолго ги носат, барем тие две-три фустанчиња и ромпери. Инаку ние користиме бодиња на Некст, тие што ги имав нарачано 3-6 месеци почнав да им ги облекувам на неполни 3, им беа малку големки, еве ги на скоро 7 месеци уште им се точни, не се мрднати, уште си ги носат, само тие и на Окаиди, сто пати се покајав што не си нарачав со време и поголеми само од нив, одвај чекам да стигнат. За разлика од нив, тие на Џорџ некако одма ми се собираат и се упкаат, а и во исто пакување се различни бодињата, па веќе не нарачувам.
     
    На Anturium му/ѝ се допаѓа ова.
  19. najjacha

    najjacha Истакнат член

    Се зачлени на:
    30 април 2018
    Пораки:
    769
    Допаѓања:
    586
    Пол:
    Женски
    Како јас да сум го пишала ова!
    А замисли никогаш не сум помислила можда ете такво е детето неспијач, секогаш јас сум крива, лошо сум му го фатила редот: касно сум го легнувала рано сум го легнувала касно јадел многу цицал, малце цицал сум немала млеко затоа не спиел, дај му формула…А детето 7 месеци непрекинато цица
    … на сета мака милион коментари да полуди човек
     
    На Tess36, Leanne и strelec231992 им се допаѓа ова.
  20. doll.a

    doll.a Популарен член

    Се зачлени на:
    14 јануари 2012
    Пораки:
    1.630
    Допаѓања:
    4.549
    Пол:
    Женски
    Мајки гледам сите се жалите од неспиење на децава. Значи едното се буди на секои 15 МИНУТИ!! И ќе заспие накај 3 саат ќе стане другото и стварно веќе не можам да издржам ни физички ни психички. Два месеци е веќе вака.Станува збор за 12 месечни близнаци.Значи буквално се пробав. Со две дремки по 1ипол саат со една дремка од 3 саати . Ги легнувам во 8 зошто максимум до 3 ипол стануваат од дремката на пладне. Значи денски спијат океј навечер е хоророт.
    Затоа сакам да прашам дали некој ги користел овие капки и дали помогнеле? Секако ќе се консултирам со педијатарот дали можам да давам ама веќе стварно не можам да издржам.
    И ако може да ми кажете што користите за да не бидам утепана во текот на денот? Буквално секој ден ми е ко да ме згазил камион и главата ненормално ме боли.
    Screenshot_20230831_090504_Chrome.jpg