Ако нешто може да ме извади од такт тоа е тој одвратен коментар "маж ти ти помага". Помош? Помага? Па не му го донесов од улица бе луѓе, негово е исто колку и мое. Го чува исто колку и јас. Го гушка и му дава љубов идентично. Збеснувам на коментари од овој вид, посебно добиени од млади личности.
Баш, на муабетите од свекрва ми не се замарам, така било во нејзино време, ама од млади, посебно од кумашинката кога ми искоментира, а она ангажираше цело село за да и помага со едно бебе, се запрепастувам. Ама не е и дека преќутувам, мојот коментар е па требало да мислите пред да бирате со кој ќе основате семејство. Ние само гледаме да преживееме без спиење, да ги пркнеме децава и да останеме со здрав разум покрај сета нервоза.
Павлака не ти треба, и зденка, тоа е многу голем процент масленост, подобро само јогурт или грчки јогурт.
Од 7м млечни производи. Грчи јогурт Олимпус и некогаш Павлака од битолската. Кога даваш млечни на бебе гледај да се со висока, а не со ниска масленост.
И јас знам дека треба висока масленост, а не грчките јогурти. Баш и педијатар стално тоа ми го нагласува.
Има да ама обично грчки јогурт се купува заради ниската масленост, мене автоматски ми оди натаму паметот. Освен заради протеините ако користите таква.
Грчкиот јогурт Грекос е топ, баш грчки, 9% масленост е мислам. Овие на Олимпус ми се повеќе кисело млеко.
И мене. Затоа сега знам да ја мешам павлаката со грчки или со малце јогурт за да дојде потечна, инаку густа му е и се гади.
10% е. Мене конзистенцијата и вкусот ме потсеќаат на павлаката на баба ми од времето, затоа такво купувам за бебе. Киселото млеко ми е се освен кисело млеко, лигава некоја конзистенција која не ми е кисело млеко, исто и јогуртот. Споредете сува материја во производите и се ќе ви стане јасно.
Оваа каша може само таа да се дава или се меша со овошје? Пробав само така и со мерките од назад на кутија пишани испадна претечно. Малку погусто од млеко, поретко од јогурт. Работава ни за со шише, ни со лажичка. Или пак да купувам цуцли со широк отвор ако има тоа оти веќе користиме 6+ месеци.
Откако почнав со поладна вода да ги правам се праат убаво. Иначе течно како вода. И ако не го изеде одма исто се растечнува.
Добро бе само моево бебе ли е вакво бе… абе очи му паѓаат за спиење дреме на цицка и наеднаш како сијаличка да му светнува се бутка од цице и сака да се исправи и да лази Едно заспивање асално немаме.. или ако сме легнати двајцата мора 1000 пати да се сврти за да се предаде и да заспие.. и секое заспивање ни трае 15минути мин.. Не е ни во скок да речеш.. дали што почнува да лази правилно дали забиве го измачија ама луѓе да не се жалам ама претешко ми е детево за чување, најозбилно мислам дека ќе полудам Горе има два кеца и две двојки, доле еден кец и другиот кај и да е ќе пукне, двојките доле ги гледам бели ама како далеку да ми се за пукање и ова некако ми е многу чудно, доле тројчето ми ѕирка бело врвче ама нема на допир ништо а и не ми дава баш убаво да видам.. нели одеа 1,2,4 па 3 или грешка сум некоја? Ма да кај моево нема правила изгледа пошо прво двете двојки му излегоа па после нив одма кецовите 7м е бебе инаку да
Нашето заспивање дење е борба со лавови, цица во најбезвезни пози, никогаш не си на чисто дали ќе спие или не. Среќа навечер спие уште добро. Бебе плаче, испушта звуци ларингитично, засиапнато. Носот е малку затнат, нема тт, нема ништо. Така почнува ларингит?
Пред пола месец имаше мојата ама прво почна со тт. После засипнато плачење втор ден веќе. Може од плачењето е така гласот, следи до утре.
Нема тт, имаше на одмор пред 10 дена, ама извади заби и сега еве цвичи. Па не ми е најнај, ми личи чудничок. Што да ставам освен физиолошки и колку за 8м бебе?