Па јас само физиолошки сум ставала додека одиме на доктор, се смирува нападот некое време. 2мл ставам секогаш и за двајцата. Заборавив да напишам, секогаш без температура имаат ларингит.
И јас 2 мл физиолошки ставам, тоа дури не одите на педијатар, после може и друго ќе треба. 5 дена со кортаир ние инхалиравме и помина. Кај нас може и плус нешто беше, јас имав 4-5 дена температура и болки во грло, а таа плус црвено грло и пролив една недела. Може и некој ковид си прележавме пак.
Од количка? Не, ако требало ќе имало во количката. На бебињата не им требаат меки пердуви, им треба рамна или ортопедски одобрена подлога, немаат они тежина за да ја осетат подлогата.
Правевме брисеви бидејќи треба да тргне во градинка, и испадна дека во нос има бактерија мораксела. Нема симптоми добра си е, грлото е чисто. Матичниот кажа не се препорачува терапија тоа пишува и на резултатот, само да чистиме носе со марисол спреј. Кажете ми ве молам дали имате искуство со ова?
Исто беше и кај ќерка. Само чистење и хлорафеникол маст во носе и не ја третиравме оти не пројави симптоми
Од сабајле нема ништо, попладне после станување од спиење и добро плачење пак почнува да се зарипнува. Докторот дома што ми е вика не го носи има стомачни ако нема тт и не ескалира, седете си дома. Инаку хара ковид, да знаете, не е изгледа има сој, стварно има. Симптоми се пролив, повраќање и тт, рино вирус и директ пневмонија. Мајка ми е рекордер, ова и е може осми пат како го фаќа.
Мајки, има ли некои техники за учење бебе да не рика хистерично истата секунда кога го спуштам од раце? Немам помош од баби, мм е по 7287271ч на работа, сама сум по цел ден со 8м бебе...и да, бремена сум. Кичма немам веќе, не знам што му е. Ајде скокови, сепарациона анксиозност, заби...ама ова е неподносливо. Денес не можев кадичката да му ја наполнам од врескање па морав со него во раце во туш кабина. Ако знаете некое чаре помагајте!
Дистракција, дигресија.. пример моето на пелена мењање или пресоблекување се буни премногу и му пеам песнички, пушти му музика, дај му нешто да си игра ама не играчка (хартија за готвење, даљинско што не го користите).. ќе се научи, мораш да издржиш, почни со 2-3 минутки да го оставаш и ќе зголемуваш постепено.. кај мене со песни највеќе помага, Тоше пеам во последно време
Да си најдеш помош. Исто е и моето, јас а го оставам се дере, на бабите им седи по пола ден на земја. Сега исто научив и дека ако седам до него и полека без да види се тргнам исто не се дере. Прееска така седеше во џампер прекрасни 20мин. Со лесно бременоста!
Мајки што праите кога бебињата имаат запек? Значи се изнамачи бебе, секој ден кака ама тврдо и плаче на секое какање.. секој ден ставам сливи во кашички, крушка диња што се не пробав и џабе.. се мислам дали има врска водата, зошо буци слабо многу пие а и само после јадење му давам, измеѓу само цица…
Бива ли бебе 7м да има 3 дена веќе 37.2/3 температура? Не знам на што да ја препишам, не е некоја температура, ама кенкав е и омалаксан цело време. Препишувам на забите уште се мачи нема извадено, утре секако ќе го носам оефијатар да го види…
Здраво мајки бебе ќе прави 10 месеци на 14ти. Му излезе раничка на главата го прегледа неговата матична и рече дека е од каснато ама се инфицирало и ни рече еозин да му ставам малце му помогна ама пак му се појави.. Сега почна да му се шири наназад на главчето и треба да го носиме на кожно дали сте се соочиле со ваков проблем? И да ми препорачате добар дерматолог што работи со деца,фала ви однапред.
И мене ме интересира тоа, колку прозор на будност ви имат на 10ипол месеци и колку дремки имат? Бебе едвај заспива втората дремка последните денови, со плачки е. Мислам мало е за една дремка од саат ипол нели?
И мене ме интересира колку дремки имаат вашите на 9 месеци и како успевате да ги заспиете секогаш у исто време. Некогаш има две дремки некогаш три и ми се одложува време на заспивање. Пратам прозорци на будност ама дремките не му траат исто секогаш , никако неможам некој предвидлив ред да фатам