Совети, искуства од мајки за бебиња од 6-12 месеци

Дискусија во 'Бебе' започната од francais, 16 јануари 2013.

  1. AngelOfArh

    AngelOfArh Форумски идол

    Се зачлени на:
    26 септември 2011
    Пораки:
    21.822
    Допаѓања:
    114.748
    Пол:
    Женски
    Големото до годинаипол имаше 2 дремки, на годинаипол тргна во градинка и дремките станаа по 1, односно таа во градинка. Не беше изводливо за втора дремка. До 6ипол години беше со 1 дремка дневно обавезно. Малото заспива рано, во 9, затоа мислам дека 2 дремки се ок, ако станува во 9 и заспива во 9, мислам дека е сосема ок, но не станува секој ден во 9 па затоа има некогаш 2 некогаш 3 дремки.
     
  2. Anturium

    Anturium Популарен член

    Се зачлени на:
    4 декември 2020
    Пораки:
    3.246
    Допаѓања:
    7.521
    Пол:
    Женски
    И мојот станува во 9, ама поради тоа што сега ја зголеми првата дремка и втората заспива покасно навечер заспива 10-11. Ем ноќното ми е касно, ем измачување е втората дремка да го успијам и не знам дали да му ја скратам. Ако нема втора ќе треба пак 6-7 да заспива
     
  3. Jana7

    Jana7 Истакнат член

    Се зачлени на:
    18 декември 2013
    Пораки:
    208
    Допаѓања:
    177
    На 10++ најчесто сме со две дремки ама исто непредвидливо е колку ќе траат. Следам прозорци на будност обично, ама последниве три дена не знам што се случува седи будна по 6 саати пред ноќното спиење, никогаш не седела толку:| кратки и се дремките а борби водиме за заспивање..
     
    На Anturium му/ѝ се допаѓа ова.
  4. elenaklasik

    elenaklasik Форумски идол

    Се зачлени на:
    1 јануари 2010
    Пораки:
    5.017
    Допаѓања:
    12.402
    Пол:
    Женски
    7 месеци има бебето. Со главчето врти лево-десно, понекогаш при лежење. Нормално е, прават така и вашите?
    Инаку брбља, бабаба, се смее, вика писка, вежба гласни жици.
     
  5. Angi266

    Angi266 Истакнат член

    Се зачлени на:
    2 јули 2022
    Пораки:
    365
    Допаѓања:
    330
    Пол:
    Женски
    Исто месеци сме, исто прави додека лежи некогаш пример повеќе на лево и оди центар лево центср лево :D
     
    На elenaklasik му/ѝ се допаѓа ова.
  6. AngelOfArh

    AngelOfArh Форумски идол

    Се зачлени на:
    26 септември 2011
    Пораки:
    21.822
    Допаѓања:
    114.748
    Пол:
    Женски
    Моево и од чиста мира врти, ама сфатив дека со брат му така се закачаат, прдат со устињата и мрдат лево десно со главите и се закачкаат, па се караат со ржење овој му вика на брат му... братски работи :D
     
    На elenaklasik му/ѝ се допаѓа ова.
  7. ija

    ija Популарен член

    Се зачлени на:
    21 март 2013
    Пораки:
    1.242
    Допаѓања:
    905
    Препорака за добар инхалатор за бебе?
     
  8. oblace1

    oblace1 Популарен член

    Се зачлени на:
    18 март 2013
    Пораки:
    2.477
    Допаѓања:
    8.906
    Пол:
    Женски
    Моето е 9ипол месеци и има две дремки. Во последно време пред ноќното спиење знае и по пет сати да е буден и кога ке го легнам нема абер одма да заспие. Првин лудува по креветчето па тогаш заспива, а му се спие па не види, му се затвараат очи но не сака да заспие одма. До пред две недели, а го испиеше млекцето веднаш заспиваше сега тешко.
     
    На Anturium му/ѝ се допаѓа ова.
  9. Mandela

    Mandela Истакнат член

    Се зачлени на:
    27 декември 2022
    Пораки:
    1.568
    Допаѓања:
    2.428
    Пол:
    Женски
    9+++ моето. Скроз истово.
    Те читам додека лудува во креветче.
     
    На oblace1 му/ѝ се допаѓа ова.
  10. NNK19

    NNK19 Популарен член

    Се зачлени на:
    18 февруари 2019
    Пораки:
    1.051
    Допаѓања:
    2.334
    Пол:
    Женски
    Леле луѓе кажувајте како да научам бебе да паѓа на газ? Почна малце од малце да лази, уште не му е усовршено ама многу сака да се исправа на мене, кревет итн ама се фрла или наназад или нанапред паѓа и директ на глава во перница и се смее ко луд.. ова за на кревет зборам, кога е на земја не се исправа уште по маси комоди и слично:D
    Не разбирам како може бебе од 7м да не знае уште да седи стабилно по 1-2мин макс седи и паѓа лево десно, а толку да сака да се исправа и да стои на нозе:worried: ова бебле ми брза негде само не знам каде:?:
     
  11. LizzyGrant

    LizzyGrant Истакнат член

    Се зачлени на:
    27 мај 2021
    Пораки:
    693
    Допаѓања:
    1.356
    Пол:
    Женски
    Само ќе се научи, само стоев на почеток до него да не удри со главчето на земја.. ама таман се научи да чучне на газ, сега му текна да ги треска играчките од земја ама крвнички и прееска по нос се тресна кога му се одби... Секој ден смислуваат како да ни обели косата :D
     
    На NNK19 му/ѝ се допаѓа ова.
  12. perlaa1

    perlaa1 Популарен член

    Се зачлени на:
    29 јануари 2018
    Пораки:
    924
    Допаѓања:
    2.839
    Пол:
    Женски
    Ние ве напуштаме. Ние сме големи веќе за во оваа тема.
    Утре полнеме годинка :inlove:
     
    На TheGoldenPeach, Leanne, LizzyGrant и 3 други им се допаѓа ова.
  13. AngelOfArh

    AngelOfArh Форумски идол

    Се зачлени на:
    26 септември 2011
    Пораки:
    21.822
    Допаѓања:
    114.748
    Пол:
    Женски
    Наполни 8 пред 1 недела, застанува на нозе на кревет, во креветче и се шета лево десно, скока, го клати креветчето и пак знае на седење да се смкне на страна. Нема он време за губење да учи да седи, не планира да седи чоекот. Што да ти кажам, брза ептен јако.
     
    На NNK19 му/ѝ се допаѓа ова.
  14. najjacha

    najjacha Истакнат член

    Се зачлени на:
    30 април 2018
    Пораки:
    769
    Допаѓања:
    586
    Пол:
    Женски
    7+ сме, ниту лази ниту абер нема за седење сам, не ни пробува. Страв ми е да не касни со тоа, знам дека не треба да се споредувам и дека секое дете е само за себе но исплашена сум, дали треба негде дс го носам?
     
  15. Miss_S

    Miss_S Популарен член

    Се зачлени на:
    11 февруари 2022
    Пораки:
    4.392
    Допаѓања:
    9.080
    Пол:
    Женски
    7+++ е. До вчера буквално не можеше ни 2 минути сама без поткрепа да доседи. Денес половина час со играчки се занимаваше околу неа без да се преврти. Така да се во свое време. Ни ја учам нешто посебно, ни пак нешто многу споредувам.
     
  16. Anturium

    Anturium Популарен член

    Се зачлени на:
    4 декември 2020
    Пораки:
    3.246
    Допаѓања:
    7.521
    Пол:
    Женски
    И мојот на 7 ништо не правеше. После 9 научи се одеднаш, чекај ќе видиш после ќе го бараш времето кога е бил 7 месеци :rofl:
     
  17. Ano

    Ano Форумски идол

    Се зачлени на:
    4 октомври 2016
    Пораки:
    9.207
    Допаѓања:
    40.584
    Пол:
    Женски
    И јас читајќи овде се подзамислив да не касниме. Мојот е 8 и уште не седи самостојно. Лазење исто авер нема. Најново дури и кога ќе го наместам да вежбаме седење во секунда се фрла наназад и се смее. Глава ќе скрши.
    Па седнав прочитав и пишува меѓу 7-9 се очекува да седи. Некои пред ова некои после ова. И толку решив да не се замарм повеќе. Ќе им дојде времето.
     
    На najjacha му/ѝ се допаѓа ова.
  18. AngelOfArh

    AngelOfArh Форумски идол

    Се зачлени на:
    26 септември 2011
    Пораки:
    21.822
    Допаѓања:
    114.748
    Пол:
    Женски
    И јас така знам, од 7 до 9м ќе совладаат седење, тие што лазат ќе усовршат лазењето...

    Синоќа што беше мајки тоа, не заспа повеќе од 1 час, брадавиците ми се ко со шмиргла трљани, нок стоп на града и тоа приплакува, не да стане само... Пукнав. И еве го господинот сега си презаспа сам од лежење само до мене, и ќе спие сега до 10 и ќе се уништи цел ред. Инаку скок во развој број 6 не дрма.
     
    На Ano му/ѝ се допаѓа ова.
  19. Ano

    Ano Форумски идол

    Се зачлени на:
    4 октомври 2016
    Пораки:
    9.207
    Допаѓања:
    40.584
    Пол:
    Женски
    Баш така. Ќе усовршуваат. Ќе си дојде се во свое време:)

    Инаку на мојов хит во моментов му е во релаксаторот да се навали скроз напред, да гледа под него. Жива среќа каишите се јаки инаку ќе беше слетување на глава.:sweat:

    Кај бебе за среќа до сега скоковите лесно проаѓаа. Се мислам кога и кој ќе не здрма јако.

    И дајте совет како да седи бебе додека го хранам. Значи во тој момент или се смкнува, или се навалува напред или се игра со лигавче. Душа немам секое јадење за да му ја погодам устата морам борби да водам со него. Значи првите 5 залаци се касниваат и после тргнува во акција.
     
  20. Miss_S

    Miss_S Популарен член

    Се зачлени на:
    11 февруари 2022
    Пораки:
    4.392
    Допаѓања:
    9.080
    Пол:
    Женски
    @Ano , не знам што совет да ти дадам, пола од времето посебно кога сме сами наутро си е мирна, си имаме тивки активности, по смирени мислам без проблем јади.

    Имам забележано дека во кујна нели работи на сите страни, па светка, па трепка нешто и губи внимание брзо на храната. Па гледам бар хранилката да ја завртам кон ѕид, кон масата или слично. Да нема многу работи во видик. Пробано и со играчки на хранилка и со се. Тоа уште полошо. Става играчки во храната, па фрла и така.

    Е на пример утрово реши свекрва да биди заинтересирана баба за внучето и со часови да го игра. Верувај хорор ни беше хранењето. Дете преморено и гладно во исто време. Ни сила да јади, ни сака да спие гладно што е нормално.
    Кај нас е битно да не е прегладнета или баш пред моментот за спиење. За било кој оброк ова. Доколку е во таква фаза само млеко сака и ништо друго.
     
    На Ano му/ѝ се допаѓа ова.